Recent Posts

Pages: [1] 2 3 ... 10
1
Инструменти / Re: Сензори за притисок на воздух
« Last post by LordZi on 17.09.2021, Friday, 18:06:59 »
Видео за жал немам, перформансот беше во МКЦ горе во салата, отприлика пола година-година пред да фати короната, мислам дека девојката се викаше Ива, ама не сум сигурен.
2
Малце лаичко размислување од страна:
Не ли може наместо сензор за притисок на воздух да се користи обичен микрофон? Без сензори, микроконтролери, софтвер, колку повеќе дуваш во инструментот = посилен звук = поголема побуда за микрофонот, и обратно. По микрофонскиот предзасилувач некој analog to MIDI конвертор и тоа е тоа.

За потребите на еден перформанс правевме нешто слично со еден другар, мало електрет микрофонче монтирано на глава од стетоскоп, ритамот на отчукањето на срцето (што е звук) модулираше некои визуелни ефекти, и тоа се функционираше изненадувачки добро.

Многу интересно! Доколку имате видео од перформансот баш би сакала да го видам!

Најверојатно може, и имам видено нешто слично, но мојата цел е инструментот да е целосно електричен т.е. да не произведува звук воопшто доколку не е поврзан. Интересното е што, на пример за тромбон и другите лимени дувачки инструменти, постои електрична сордина. Тоа е едно како тапа што се става на излезот од инструментот за да го стиши тонот, често јо користат трубачите во џез музиката (секако не електрична). Е сега, електричнава сордина освен што значително го намалува звукот на инструментот, во неа има вграден микрофон преку кој може да се снима звукот. Овој дел го споделувам само како еден интересен факт. За жал, нешто слично за флејтата не постои, од проста причина што лимените дувачки инструменти имаат само еден излез за тонот, флејтата е отворен инструмент, и тонот резонира од сите отвори на неа. Сум размислувала и на оваа тема, но не гледам можност да се изведе.   
3
Инструменти / Re: Сензори за притисок на воздух
« Last post by LordZi on 17.09.2021, Friday, 12:48:08 »
Малце лаичко размислување од страна:
Не ли може наместо сензор за притисок на воздух да се користи обичен микрофон? Без сензори, микроконтролери, софтвер, колку повеќе дуваш во инструментот = посилен звук = поголема побуда за микрофонот, и обратно. По микрофонскиот предзасилувач некој analog to MIDI конвертор и тоа е тоа.

За потребите на еден перформанс правевме нешто слично со еден другар, мало електрет микрофонче монтирано на глава од стетоскоп, ритамот на отчукањето на срцето (што е звук) модулираше некои визуелни ефекти, и тоа се функционираше изненадувачки добро.
4
До пред некоја година работев first line customer support со луѓе од цел свет со цел да им помогнам да интегрираaт наш софтвер на нивни електронски плочи.
Читај, ќе добиев мејл со два три збора и се обидував да си составам приказна што ги мачи. Интуиција ми вика:
нешто вакво

ама со подобри карактеристики за тренирано уво.
Буџет:
Сензор MPX5010DP 10kPa (1.45PSI) 4.75-5.25V ~15 eur
некое Arduino (Mega) ~10 eur
пластични тракатанци ~30eur
Време за развој неколку месеци
Е сега тешкиот дел  :D ниту разликувам кларинет и обоа ниту пак имам претстава за разлики помеѓу дувачки инструменти.
Ова попречно свирење да погодам, со јазик на софтвераш се вика мулти-тач дугмиња?
Не сфатив дали видеово е за отворен код или сепак нешто треба да се напише.
Сепак најважно е дали се совпаѓа со твојата замисла и очекувања за квалитет.

Видеово е одлично! Фала!
Во принцип да, ова е технологијата. Во однос на попречното свирење, зборував за начинот на дување т.е. произведување звук во дувачките инструменти. (ставам слики во атачмент, првата е флејта, втората обоа )
Додека кај обоата, кларинетот, па и сите дувачки инструменти, целиот воздух е насочен во инструментот, кај флејтата пола воздух бега надвор, пола резонира во инструментот. Под попречно свирење сакам да кажам дека инструментот се свири странично, и начинот на дување е различен. Поради тоа, претпоставувам дека сензорот за притисок на воздух би требало да биде по-сензитивен. Друга работа е, дека при свирењето се прават мали паузи помеѓу тоновите со помош на јазикот (стакато), и тие паузи би требало сензорот да ги регистрира.
Кај инструментот што го има на видеото, и кај другите ewi инструменти, целиот воздух е насочен во сензорот. Воздухот се насочува во нешто што ми личи на цефче. :)
Е сега, за звукот што го вади, со миди технологијата, тој звук може да биде било каков. Мојот план е инструментот да има една екстерна кутија (мал процесор) кој ќе има веќе уснимени звуци на флејта, во кој ќе може електричната флејта да се поврзе, а дополнително, ќе може да се поврзе и во компјутер и преку софтвер да се менува звукот.
Имам нешто слушнато, но недослушнато :) дека сензитивноста и реактивноста на таков сензор би можела да се постигне со помош на некаква мембрана. Тоа ми има некоја логика, но сепак може и ништо да не значи. :)
5
Инструменти / Re: Сензори за притисок на воздух
« Last post by GigaWatt on 17.09.2021, Friday, 00:20:10 »
Пробав да го кодирам линкот според препораките ама такво копче не гледам така да админот слободно нека го избрише постов.

Не е проблем, од YT линковите не мора да се кодираат, auto-embedding им прави во post-от ;).

Ќе беше добро и за други сајтови за видео материјали да важи истото, но... сега за сега, само за YT :-\.
6
Побарувања / Re: Опции на форумот
« Last post by GigaWatt on 17.09.2021, Friday, 00:14:24 »
Го посетувам форумов еднаш неделно и би сакал ако може да се промени лејоутот да ги дава последните 20-30 коментари на почеток во влезното сиже?

???... непознат збор, барем за мене :D. Ако може да обележиш на screen shot што точно е „сиже“ ;).

Дали има опција да праќа известување за нови постови во е-порака? Знам дека има опција да вклучиш известување за одговор на комантар ама нешто ко неделно сума сумарум би било супер.

Да, го има како опција, но не на коментар, туку на тема ;). Subscription на темата ;).

Изгледа веќе си запознаен со таа опција, тоа е добро ;). Но, нешто како weekly digest (нови коментари и отворени теми на форумот во неделен e-mail), не, такво нешто нема како опција на форумот :-\. Знам, повеќето платени софтвери, имаат ваква опција. За жал, овој е бесплатен и... доцни со имплементција на такви опции... барем половина декада, ако не и повеќе ::).

Во секој случај, сега за сега сме на 2.0.x верзија на софтверот за форумот, се работи и на 2.1 која треба да има таква опција и многу други модерни опции по default (Like на коментар, embedding на клипови од YT и други сајтови, notifications, итн.), но сега за сега, сеуште е во beta верзија, а final кога ќе биде... никој не знае, така да, до тогаш... не, за жал, нема да има опција за weekly digest e-mail од форумов :-\.
7
Инструменти / Re: Сензори за притисок на воздух
« Last post by ace1903 on 17.09.2021, Friday, 00:09:44 »
До пред некоја година работев first line customer support со луѓе од цел свет со цел да им помогнам да интегрираaт наш софтвер на нивни електронски плочи.
Читај, ќе добиев мејл со два три збора и се обидував да си составам приказна што ги мачи. Интуиција ми вика:
нешто вакво

ама со подобри карактеристики за тренирано уво.
Буџет:
Сензор MPX5010DP 10kPa (1.45PSI) 4.75-5.25V ~15 eur
некое Arduino (Mega) ~10 eur
пластични тракатанци ~30eur
Време за развој неколку месеци
Е сега тешкиот дел  :D ниту разликувам кларинет и обоа ниту пак имам претстава за разлики помеѓу дувачки инструменти.
Ова попречно свирење да погодам, со јазик на софтвераш се вика мулти-тач дугмиња?
Не сфатив дали видеово е за отворен код или сепак нешто треба да се напише.
Сепак најважно е дали се совпаѓа со твојата замисла и очекувања за квалитет.
8
Забава / Re: Смешни слики
« Last post by GigaWatt on 17.09.2021, Friday, 00:05:45 »
Ако случајно се искористи колата за ПО СИМИТ, ќе попиеш казна ;D ;D ;D.
9
Забава / Re: Клипчиња
« Last post by GigaWatt on 17.09.2021, Friday, 00:00:41 »
Хм, знаев дека има начин, бидејќи сум се зезал со магнети како дете и знам дека најдов начин сосема да го елиминирам полето, али не знаев како сум го направил тоа :P :D.
10
Инструменти / Re: Сензори за притисок на воздух
« Last post by stefimark on 16.09.2021, Thursday, 00:53:32 »
Имам некое искуство со мерење притисок ама статички бидејки понекогаш работам со опрема за греење на природен гас и пропан бутан.
Претпоставувам ќе ти треба процесирање на брзи промени што е додатен проблем бидејки ќе ти треба засилувачи со големо засилување и широк фреквентен опсег.
Моја специјалност е софтвер за вгнездени системи, аналогна електроника и не баш.
Ти препорачувам да разгледаш некоја application note за мерење крвен притисок. Во дигиталните апарати имаш сенсор за притисок до 350мм живин столб мислам.
Има и некои постари научни трудови во кои покрај сензорот за притисок се користи и микрофон за да се уловат брзите промени.
Објасни накратко како го замислуваш инструментот со кои составни делови и можеби ќе пронајдеме област во која можеме да помогнеме.
Ако имаш потреба од некои сензори пиши овдe па ќе проверам што имам на лагер од некои почнати а незавршени проекти.

Драг Аце, Ви благодарам на одговорот! Однапред Ви се извинувам што ќе Ви одговорам лаички на прашањата.
Мојата замисла е инструментот да користи миди технологија + сензори за регистрирање на притисок на воздух. Точно е дека ќе треба процесирање на брзи промени, но исто така би сакала и мидито да се активира само доколку сензорот регистрира воздух. Би сакала информацијата од сензорот и од мидито да се процесираат заедно и во исто време (т.е. да бидат синхронизирани).
Инструмент со слична технологија веќе постои, се вика EWI (electric wind instrument), кој што, според тоа што прочитав, работи со сензор за притисок на воздухот. Е сега, тој инструмент наликува на кларинетот или обоата во начинот на свирење. Мојата идеа е да биде со попречно свирење, како флејтата. Дали мислите дека ваков вид на изработка е возможен? Дали некаква мембрана би му помогнала на сензорот за реактивност?
Се надевам дека барем пола од ова ми беше разбирливо напишано. :) Секако доколку не е, ќе се доизјаснам.

п.с. се до овој момент, немав време да го погледнам видеото што сте ми го пратиле, но ќе го направам тоа утре. Уште еднаш Ви благодарам!
Pages: [1] 2 3 ... 10