Македонски форум за електроника
Останато => Софтвер => Topic started by: garfild on 29.11.2012, Thursday, 04:00:07
-
Еве ја новата верзија на калкулаторот за отпорник на база од транзистор кога транзисторот се употребува како прекинувач.
Програмата е на Македонски јазик со кирилично писмо.
Архивата се одпакува во фолдер и од таму можи да се стартува калкулаторот, не потребна никаква инсталација.
(http://img132.imageshack.us/img132/8172/tranzistor.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/132/tranzistor.jpg/)
Еве конечно и верзија на Англиски јазик.
(http://img715.imageshack.us/img715/2164/transistor.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/715/transistor.jpg/)
-
Одлично ;).
Само една мала корекција, на Македонски се кажува „засилување“ а не „појачување“ ;). Во конкретниов случај, би било „Струјно засилување“ ;).
За се останато, немам замерка ;). Само што би било добро да има и Англиска верзија, чисто колку да може и странци да ја користат ;).
ПС: Сега ми текна ;D, би било добро и место „Пад на напон (Vce)“ во второто поле да пишува „Напон на сатурација (Vce)“ или „Напон на заситување (Vce)“ ;).
ППС: Ова е чисто добронамерна критика, не сакам да бидам сватен погрешно ;).
-
Исправени се сите забелешки и поставена е нова верзија со измените.
Англиска верзија ке има наскоро само да го средам хелп фајлот.
-
Денеска ја додадов и Англиската верзија на програмата, Софтвертот се наоѓа во првата порака како Transistor.rar.
-
Може верзија без installer, standalone ;D?
-
Еве ја верзијата каде што не е потребна инсталација на програмата.
-
Само една мала корекција, таму каде што пишува Supply voltage (Vb)... тоа не е баш supply voltage, повеќе би одговарало Control voltage или Input voltage, бидејќи со тој напон се контролира прекинувачкиот режим на транзисторот (дали транзисторот ќе биде ON/SAT или OFF ;)).
-
Во Делфи ја имаш пишувано програмава?
-
Програмата е пишувана во Lazarus бесплатна верзија на Delphi програмскиот јазик.