Македонски форум за електроника
Останато => Мерна опрема => Topic started by: batka on 30.03.2012, Friday, 00:35:23
-
Еве,бидејки на Форумов се појавија млади форумџии кои бараат едноставни и употребливи шеми - за нив еден испитувач на транзистори без одлемување.Значи не ги одлемувате транзисторите од плочката за да ги испитате туку го спојувате уредот на изводите на транзисторот и од лед диодата гледате дали е транзисторот исправен и дали е ПНП или НПН.Имате и изглед на плочка и монтажна шема.
-
Хммммм... добро е за испитување на некои транзистори, но не на сите. На пример, SMD транзистори со ова... малку потешко, особено ако работат на ниски напони. Vce напонот не е проблематичен (би требало да се движи меѓу 2 и 3V, во зависност од искористените LED диоди), но напонот што ќе се носи на базата, можно е да биде малку проблематичен, според моите пресметки, околу 5V е тој напон :S. Ова е малку голема вредност за некои типови на кола :S. ОК е за постари уреди, изградени само од транзистори (или 90% од транзистори), но не и за модерниве кола кои често работат и на многу ниски напони :S.
Може да се преправи колото и да не дава толкав напон на базата, но тогаш пак можно е да не реагираат баш сите транзистори на колово :S.
-
Па затоа е и наменет за млади ентузијасти кои почнуваат со обични уреди и транзистори,а не со СМД и МОСФЕТ.