Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: BorceBT on 20.03.2010, Saturday, 20:28:51
-
Ова е засилена ФМ буба дизајнирана од шведскиот радио аматер SM0VPO и има домет од повеќе од 1КМ на чисто и отворено и околу 200-300 метри во урбана средина што е далеку повеќе од другите ФМ буби па и од оние што се продаваат на Pazar3.
Испробано работи, феноменална осетливост на микрофонот (се слуша и шепотење) и најголем домет се добива доколку како антена ставите жица од 70цм и ја поставите вертикално (нагоре или надолу).
- Користете исклучиво Алкална 9V батерија за да го добиете посакуваниот домет.
- Предавателот (ФМ бубата) може да се напојува и на 12V, ќе биде посилен но ќе биде понестабилен (ќе ви шета фрекфенцијата).
- Плочката е со димензии 5цм х 2.5цм.
- Фрекфенцијата е околу 107MHz а доколку сакате можете да ја спуштите со додавање на додатно кондензаторче од 2.7pF на постоечкиот од 12pF или да ставите тример кондензатор (2-30pF) на местото на кондензаторот од 12pF.
- Користете исклучиво керамички кондензатори за градба на оваа ФМ буба, освен кондензаторот Cx кој е електролитски и е 10uF/16V
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=789.0;attach=225)
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=789.0;attach=227)
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=789.0;attach=229)
-
Вака би требало да изгледа изработената ФМ буба со вграден засилувач:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=789.0;attach=231)
Напомена: На сликата има ставено погрешен кондензатор (зелениот). На тоа место треба да стои електролитскиот кондензатор 10uF/16V. Исто така микрофонот е надвор од плочката и е споен со жици. Моја препорака е со куси жички (што ќе ви останат од електронските компоненти) да го наместите микрофонот да биде залемен на плочката.
Ова е тоа што го изработив јас пред неколку години и работеше добро:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=789.0;attach=233)
-
А ако сакам да го поврзам на аудио влез + надворешно напојување како да го направам тоа FLL за да не му правам PLL ? :) ако имаш шема стави ја на форумов.
-
Аудио кај микрофонот но ќе треба да ставиш потенциометар за да намалиш бидејќи многу е осетлив влезот. Напојување нешто како ова, со ставен 7812:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=755.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=755.0)
За FLL треба уште еден транзистор, варикап диода и 2-3 кондензатори и отпорници. Нема да биде тоа веќе истата шема. Најдобро таков тип на предавател да се направи во SMD техника за да може да се нарече буба. Ќе има нова тема за таков предавател.
-
Супер, ако сакаш стави шема или ако не ти е тешко нацртај ја во пеинт и стави ја на форумот како нова тема: FLL стабилизација на фрекфенција
-
ако сакаш напиши што делови се тие отпорниците и другите позз
-
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=38.msg53#msg53 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=38.msg53#msg53)
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=755.msg4375#msg4375 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=755.msg4375#msg4375)
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=538.msg2541#msg2541 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=538.msg2541#msg2541)
Доколку имаш други прашања околу напојувањето пиши во соодветните. тие горе...
-
Ова ако работи на 107Mz ќе може да го слуша секој на обично радио нели или има некоја заштита да го слушаме само ние што сме го поставиле ?
-
Може со модифициран (прештелуван) ФМ применик (кој фаќа до 110MHz) и со ставање на помал кондензатор од 12pF (на пример 6.8pF) да се направи да зрачи на малку повисока фрекфенци за да неможе да слушаат сите. Се е до експериментирањето.
-
фала за брзото објаснување
-
Борче, освен тоа што напишал SM0VPO дека дометот е 1KM дали ти ја имаш тестирано на 1KM како се слуша?
Дали на месотото на фиксниот кондензатор имаш пробано со тример, дали добро ке функционира на сите фрекфенции?
-
Имам тестирано вака: бубата ставена во стан над шифоњер некаде околу 2 метра од прозорецот, антената пуштена надолу од шифоњерот покрај ѕидот. Станот беше на најгорниот (5-ти) спрат. Бубата се фаќаше без прекини околу 250 метри од станот а се фаќаше на места и до 400 метри. Значи бидејќи се работи за буба убаво е да имате и радио приемник со убава и голема (по можност насочена) антена за да можете да го фаќате и уште подалеку сигналот. На целосно отворено немам тестирано но тоа не е баш „употребата“ на бубата, затоа ја тестирав баш како буба. Јас променлив кондензатор не ставив туку за мали промени на фрекфенцијата (нагоре) го долемував (краткоспојував) калемот на почетокот кај што почнува директно на плочката со што тоа е како да го намалуваш бројот на намотки и се крева фрекфенцијата. Иначе предавателот би требало да работи подобро накај повисоките фрекфенции од 3 причини: сите кондензатори проведуваат повеќе на повисоки фрекфенции (имаат помала импеданса) и кратката антената подобро зрачи на повисоки фрекфенции. Значи не препорачувам работење под 87MHz туку малку над 108MHz (ќе има подобри перформанси).
-
Фала ти за одговорот, но пак не можам да се изначудам како BC557 појачува VHF сигнал, кога BC557 и BC546,547 се слични и според дата шитот и BC547 треба да појача до некој си 600mW (приближно) а уствари не појачува ама баш ништо, имам правено тестови ама нажалост ништо..... Што мислиш на местото на BC557 да се стави BFR96 :) мислам дека ке крене дупло снага ??? + и тримери да се стават ке крене и повеке хехе
Иначе еве го мојот тест со буба со само еден BC546 односно оваа шема:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=216.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=216.0)
но само осцилаторот (без РФ појачалото и предпојачалото) и од 4ти спрат ставен осцилаторот на под и антената (жица 60cm) потпрена нагоре ама пак сигналот идеше преку зид а надвор се слушаше на 300-310m па затоа викам дека тој BC556 не појачува ништо или појачува ептен малце.
Е сега истиов тест го имам направено надвор (од рид) ама изван населено место (ама со дипол а не со жица), и се слушаше на 650-670m :) (едвај ама го имаше сигналот)
-
BC557 засилува до 150MHz (према Datasheet). Тоа значи дека на 150MHz засилувањето (бета, В) му е 1. Што би значело дека на 108 MHz неможе да е повеќе од да речеме 2.5 или 3, значи во секој случај не засилува 10 пати туку само 2 или 3 што сепак за бубата е доволно (2 или 3 пати е помоќна) но сепак нема да има опасност од самоосцилации и хармоници (оваа буба е затоа релативно чиста, без хармоници затоа што не користи класични ВФ транзистори).
Неможе да се стави BFR96 бидејќи тој е NPN а BC557 e PNP.
-
Како што ја имаш ставено ке функционира или не?
-
Бубата работи супер, испробано.
-
Минусот на микротонот е поврзан на куќиштетот на микрофонот на плусот не. Така ќе ги распознаеш плусот и минусот.
-
Не, таа буба во емитер врој 4 е со еден транзистор BD.
-
Ја имам правено и таа од емитер таа доста повеќе троши струја така да батеријата ќе трае многу помалку отколку оваа.
-
Дечко читај туторијали за вовед во електроника во делот за туторијали:
http://elektronika-mk.net/index.php?board=55.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?board=55.0)
-
Кондензаторот Cx треба да е електролитски и е 10uF/16V. Значи на првата слика каде што се гледа предавателот напревен е ставен коцкест, (зелениот) блок кондензатор што е грешка а на втората слика каде се гледа мојата верзија на направениот предавател имам ставено (сив по боја) електролитски кондензатор од 10uF/16V и работи добро.
-
јас имам тркалезен ќе работи со него?
-
Да, таков треба (како буре што личи).
-
еј а можи на мастото на 12p да ставам 10?
-
да.
-
Фала многу за бубава супер е ја направив и работи супер и арно дометче има :) :) :) :) :) :)
(http://www.pic.mk/images/image01272456003.jpg)
(http://www.pic.mk/images/image01272456069.jpg)
-
Браво!
-
Само ако може стави ги пак сликите ама помали :)
Има ли 1км домет со 50-60cm жица ?
-
80 см кладов
-
80 см кладов
Во ред е. Но колку има домет не ми кажа?
-
пошто јас сум на повисоко цело село слуша музика фаќа негде околку 900 метри и повеќе
-
пошто јас сум на повисоко цело село слуша музика фаќа негде околку 900 метри и повеќе
супер, мене прво не ми се веруваше дека BC550 ке го засили сигналот до тоа ниво да се фаќа на 900m ама се покажа дека вистина засилува.
-
go4o на бубата направи и едно мало појачало со BFR96 и ке се слуша 3-4 пати подалеку а во селото ке има многу подобар сигнал :)
Oдприлика вака ке изгледа (ама не баш вака оти се работи за различни транзистори PNP и NPN)
(http://pic.mk/thumbs/bug5aj.gif) (http://pic.mk/?v=bug5aj.gif)
-
Може вака нешто ама општо ВФ техниката е сложена за почетници и не препорачувам:
http://rf-transmitter.blogspot.com/2008/10/10-500-mhz-wideband-rf-amplifier.html
-
незнам како да и направам а инаку би и направил :-*
Споено мислење: 06.05.2010, Thursday, 14:34:52
(http://www.pic.mk/images/image01273149812.jpg)
-
незнам како да и направам а инаку би и направил :-*
Ke ставам слика од појачало кое го користам и кое е доста лесно за правење и нема да те фати ни 50 денари за делови а плочката со фломастер за 5 мин ке ја направиш.
Од тоа појачало сум задоволен и во комбинација со твојот предавател ке го засили радио сигналот неколку пати.
Гледам си ставил тример за промена на фрекфенцијата, па дали имаш тестирано од која фрекфенција до која фрекфенција иде ?
-
од 90 до 107MHz со овај тример а со поголем воопшто не го најдов
-
дали можи да се користи ваково појачало за да се слуша подалеку
http://www.simplecircuitdiagram.com/2010/03/19/wideband-rf-amplifiers/
Кодирај линкови
-
не знам тоа коло како се однесува во пракса оти немам правено такви појачала, Мој совет е да направиш некое појачало со 1 транзистор
-
Незнам само како ќе изведеш, инаку ттеоретски би можело, ова коло е операционен засилувач и со него нема да постигнеш ништо, односно може и да ти направи проблеми
-
ке можи некој да ми објасни како то ако се стави појачало дека ке се зголеми и дометот и сигналот во селото и што појачало би било то шема некоја
-
Moже само треба да видиш низ форумот за шема.
-
Вака почнав да ја прам бубата само сакам да прашам пошто borce рече дека со 12pF за околу 107MHz е сега да се направат две вакви дали двете ке можи да се слушат на иста фреквенција на пр. првото на 107MHz и второто на 107MHz и од двете да се збора и од двете да се слуша
-
да,може само што ќе се мешаат звуците!!
-
ај ако можи малце помош зедов променлив кондензатор од 5 до 40пф за тој 12пф замена посто немаше ама незнам како да го поставам пошто како тример е
-
има 2 извода!!Постави го како обичен кондензатор!! ;) :D
-
а третиот извод за што служи
Споено мислење: 09.10.2010, Saturday, 18:23:12
а третиот извод за што служи
2 се заеднички така ?
-
ај ако можи малце помош зедов променлив кондензатор од 5 до 40пф за тој 12пф замена посто немаше ама незнам како да го поставам пошто како тример е
А од кај го зема променливиот кондензатор,и по која цена? ;D
-
ах па незнам која е цената пошто зедов повеќе делови а би требало да е околу 20 денари но не сум сигурен можеби повеќе
-
ах па незнам која е цената пошто зедов повеќе делови а би требало да е околу 20 денари но не сум сигурен можеби повеќе
Ок колега фала за информацијата,а иначе каде го зема? ;D
-
а третиот извод за што служи
Споено мислење: 09.10.2010, Saturday, 18:23:12
а третиот извод за што служи
2 се заеднички така ?
да така е само што треба тој што лизга тој го ставаш каде сакаш и еден од тие двата каде сакаш! ;) ;D
-
30 ден. е во Скопје. Иначе ако два ФМ предаватели се на иста фрекфенција ке има силна интерференција и нема да ти вреди за ништо, да се АМ предаватели само ке се слуша "хор" од предавателите.
-
но дека тие се кондензатори со променлив капацитет,треба сам да го нагодиш кондензаторот за да на која фреквенција од радиото да го слушаш тоа што го праќаш преку предавателот! :'(
-
то значи дека ке треба да седнам и да вртам на кондензаторот и да ја годам фреквенцијата??
-
да,па како што ти пишал погоре Борче,со капацитетот на кондензаторот се менува и фреквенцијата на која се бара предавателот!!
-
ок фала skols
-
но ти не го врти кондензаторот туку стави го во средна положба и на радиото менувај(барај) фреквенција!! ;) ;D ;D кога ќе го најдеш тогаш слушај се!! :D ;D ;D
-
вака сега сакам да изработам буба ми требА за прислушкување на еден чоек негде до30-40 метри ама некоја поедноставна најдете зж тапа су су во радио техниката и сакам да научам во тоа
-
4.5 Строго е забрането да се отвораат теми со електронски уреди/ склопови кои се директно наменети да му нанесат штета некому.
-
Денес го изработив ова мало предавателче , според мене за мајтапи праенје е супер ... малце шета фрекфенцијата од 169.9 МХз до 175.5 МХз (треба да го погодите најчистиот сигнал).Го испробав на 100 - 120 метри дава чист звук со мали губења поради слабата батерија :D(а на напојување од 9В би требало да има стабилна фрекфенција(да не се губи)).
-
Денес го изработив ова мало предавателче , според мене за мајтапи праенје е супер ... малце шета фрекфенцијата од 169.9 МХз до 175.5 МХз (треба да го погодите најчистиот сигнал).Го испробав на 100 - 120 метри дава чист звук со мали губења поради слабата батерија :D(а на напојување од 9В би требало да има стабилна фрекфенција(да не се губи)).
Па со што го слушаше сигналот ?
-
Денес го изработив ова мало предавателче , според мене за мајтапи праенје е супер ... малце шета фрекфенцијата од 169.9 МХз до 175.5 МХз (треба да го погодите најчистиот сигнал).Го испробав на 100 - 120 метри дава чист звук со мали губења поради слабата батерија :D(а на напојување од 9В би требало да има стабилна фрекфенција(да не се губи)).
Па со што го слушаше сигналот ?
На ФМ предавателот зборај, а на мобилен уклучи радио на 107 Мхз(или та фрекфенција шо ти е наместена на предавателот) и слушај си сеа самиот! ;D
Или комшите ако сакаш да му дрзиш предавање. ;)
-
Денес го изработив ова мало предавателче , според мене за мајтапи праенје е супер ... малце шета фрекфенцијата од 169.9 МХз до 175.5 МХз (треба да го погодите најчистиот сигнал).Го испробав на 100 - 120 метри дава чист звук со мали губења поради слабата батерија :D(а на напојување од 9В би требало да има стабилна фрекфенција(да не се губи)).
Па со што го слушаше сигналот ?
На ФМ предавателот зборај, а на мобилен уклучи радио на 107 Мхз(или та фрекфенција шо ти е наместена на предавателот) и слушај си сеа самиот! ;D
Или комшите ако сакаш да му дрзиш предавање. ;)
Поентата на прашањето беше околу фреквенцијата (ако не грешам), FM приемниците работат на фреквенција од 85 до 107MHz, немаат опсег до 160 или 170MHz.
-
точно така :) Ама се разбравме, 99,9% било грешка при пишување
-
unknowner дој на четот сега
-
Дечки,вака сакам да ја правам бубава ;D,само на универзална...Е сега проблем ми е калемот,дали знаете колку намотки ќе треба,колкав дијаметар да има калемот,со кој број на жица?
-
Подобро прави како што е шемата за да имаш полн домет.
-
Подобро прави како што е шемата за да имаш полн домет.
Па и не ми треба баш полн домет,доста е 100метра.Само калемот да не знае некој како да го направам?
Споено мислење: 13.06.2011, Monday, 18:00:57
Дечки купив деловите за бубава,ама па кога купував немаше кондензатор од 12pF,па земав од 10pF,сега на која фрекфренција ќе се слуша?
-
Еве да ставам и јас нешто, :) значи работи но незнам зошто прави (ГРРРРРРРР) во позадина се си викам до антената е 70 и некој цм е и исправена, и вака извиткана на кутивчето е исто, само вака малце почисто се слуша. А за сигналот е доста добар, низ двор ;D инаку го немам пробано ;)
(http://pic.mk/images/slika01308090126.jpg)
(http://pic.mk/images/slika0032.jpg)
(http://pic.mk/images/slika0033.jpg)
(http://pic.mk/images/slika0034.jpg)
-
БРАВО Бобан. Ај вака направи, земи еден 33p кондензатор и стави го меѓу антената и излезот за антена. Мери и дали батеријата дава 9V
-
БРАВО Бобан. Ај вака направи, земи еден 33p кондензатор и стави го меѓу антената и излезот за антена. Мери и дали батеријата дава 9V
Е сега немам 33p, а иначе ова не го врзувам на батерија од 9 v, зедов за проба но не беше нешто сигналот добар па зедов го ставив на адаптер. Адаптерот на 3v дава ~6v, па така го ставам на 7,5 - дава ~11 и таман си е
-
на адаптер ке брчи звукот. Затоа стави само на батерија.
Дали иде од 88-108МХз ?
-
на адаптер ке брчи звукот. Затоа стави само на батерија.
Дали иде од 88-108МХз ?
На ~108 ја фајќам
-
работата е дали иде на сите фрекфенции вклучувајки и на 88МХз
-
работата е дали иде на сите фрекфенции вклучувајки и на 88МХз
немам пробано на друга
иначе фала информацијата, со батерија сега ич не прави (гррррр) и му кладов поосетлив микрофон ;D
-
За тие што ја имаат направено бубава монтажната шема ја имате цртано на Sprint layout? Затоа што јас го печатев дирекно од сликата што е поставена од BorceBT и не ми излегува 1:1?
-
За тие што ја имаат направено бубава монтажната шема ја имате цртано на Sprint layout? Затоа што јас го печатев дирекно од сликата што е поставена од BorceBT и не ми излегува 1:1?
па поправи и го размерот за да излезе 1:1 .)
-
работата е дали иде на сите фрекфенции вклучувајки и на 88МХз
немам пробано на друга
иначе фала информацијата, со батерија сега ич не прави (гррррр) и му кладов поосетлив микрофон ;D
Каков поосетлив микрофон кладе??
Со лемење на променлив кондензатор од која до која фрекфенција менва??
-
работата е дали иде на сите фрекфенции вклучувајки и на 88МХз
немам пробано на друга
иначе фала информацијата, со батерија сега ич не прави (гррррр) и му кладов поосетлив микрофон ;D
Каков поосетлив микрофон кладе??
Со лемење на променлив кондензатор од која до која фрекфенција менва??
види јас прво имав ставено обичен ќерамички кондензатор од 12 пф и се слушаше доста добро околу 107 мхз, е тоа да ама не беше стабилна фрекфренцијата коа ќе се оддалечиш околу 10 метра тера нагоре фрекфренцијата накај 108 мхз или се губи и зедов ставив сеа пред некој ден тример кондензатор од 2-30 пф, го зедов од алфа едно жилто ама тоа едвај го завртев со крст штрафче беше, бидејќи немав таков крстач зедов со право штрафцигарче го вртев и се разјаде тоа за вртеше и неуспеав да видам до која фрекфренција ќе тера а при тестирањето така достигна од кај 100 - 107 мхз.
А за поосетлив миктрофон нз.. каков је така му реков од кај што го зедов и ми даде .
-
Абе мене муабето ми е да наместам на некоја "ПОНЕДОСТАПНА" фрекфенција..
Да неможи секој да ја фати та фрекфенција. 8)
-
земи 6p8 кондензатор и на плочката на намотката оди клај го па така се слушта и се крева фрекфенцијата ако ме свате за како ти велам оти не знам како да ти објаснам поинаку
-
земи 6p8 кондензатор и на плочката на намотката оди клај го па така се слушта и се крева фрекфенцијата ако ме свате за како ти велам оти не знам како да ти објаснам поинаку
ако го ставаш тој паралелно со намотката,ти му ја менуваш фреквенцијата на осцилаторното коло кое е составено од намотка и кондензатор кои се паралелно поврзани.
-
А со тример кондензатор не е поарно?!
Нон стоп ќе можам да менвам фрекфенција и ќе си наместам та шо ми душа сака. На та шо е најјак сигнало. Или грешам? :o
-
можи и така
-
колку трае батеријата на едно вакво чудо
-
од 12 вечер до сабајле до кај 10 ;D
-
од 12 вечер до сабајле до кај 10 ;D
ништо тогаш. малце е. ќе треба другиот ден да одам батерија да менувам. ;D
а нешто ваков да се направе за директно во штекер, некој неискористен штекер, можеби скриен позади витрина некоја, обично има таков во секоја куќа.
-
Само да напоменеме дека со закон е забранета употреба на вакви средства за прислушување и дека секое несовесно или злонамерно користење подлежи на строги законски одредби и представува кривично дело со казнени одредби од 2-5 години затвор.
-
од 12 вечер до сабајле до кај 10 ;D
ништо тогаш. малце е. ќе треба другиот ден да одам батерија да менувам. ;D
а нешто ваков да се направе за директно во штекер, некој неискористен штекер, можеби скриен позади витрина некоја, обично има таков во секоја куќа.
добро де тогаш стави го на адаптер па нека шиба цел ден нека емитува и така можеби побрзо ќе те фатат и казнат ;D како што ти кажа batka !
-
ја има некој оваа плочка во eagle или sprint layout со точни димензии? ;D јас пробав во pdf ама не излегува точно. ;D
-
Не ја чепкајте намотката со калај ке ја зафркнете скроз и Љупче 5ФМ имаше сличен таков кога ја калајдиса намотката НЕ ПРОРАБОТЕ, тоа веќе не е калем него обична патека а со тоа калајдисување ја кратите намотката и фреквенцијата исто се покачува ама може и да не мрдне повеќе да не пработи.Да напоменам избегавајте да ја калајдисувате намотката.
-
Ај темава од гроб да ја откопам...
Се решив да ја направам бубава, и ја направив. И не проработе, на некој начин...
Е сеа, ја закачив на 12 волти линија од компјутерско напајање, финтата е што транзисторите и отпорниците загреваат, што значи дека работи (или грешам?!), ама неможам да ја најдам на FM опсегот. Пробав да додадам уште некој пикофарат на кондензаторот што е во паралела со намотката, нема фајде.
Има некој некаква идеја како и што да проверам со мултимер за да видам каде е бељата додека да дочекам RTL-SDR-от да ми стигне од кај кинезиве?
Искрено, малце заникаде ми е принтот од плочката, изгледа толку ме бива во пеглање, ама водовите немаат прекин. А до сеа и не сум имал некои спектакуларни резултати во однос на таа тема, ама тоа нема да го дискутираме овде...
P.S: Деловите коштаат помалце од 70 денари, така да може да ми текне уште 3 да направам дур не добијам верзија што работи :P
-
Е сеа, ја закачив на 12 волти линија од компјутерско напајање, ..
Моја препорака е да користиш 9 волтна батерија, барем додека ја подесуваш бубата...
Кога ќе добиеш нешто, после експериментирај со компјутерско напојување.. Незнам дали ја читаше од почеток темата, во еден од првите постови Борче БТ кажа дека ако користиш 12 волти фреквенцијата „шета“.
;)
-
Моја препорака е да користиш 9 волтна батерија, барем додека ја подесуваш бубата...
Незнам дали ја читаше од почеток темата, во еден од првите постови Борче БТ кажа дека ако користиш 12 волти фреквенцијата „шета“.
Абе знам дека со напонот се поместува и фрекфенцијата, ама не е можно до толку да е, башка и после додавање уште еден кондензатор паралелно со калемот сеуште не влезе во фрекфентен опсег на FM.
Разгледував што може да е проблемот и изгледа поради несовршеностите на водовите ("цел живот вежбаме пеглање и пак второ место" работава...) намалена е индуктивноста на калемот. Ај сепак нека стигне SDR-ов од кина па ќе ја дебагираме каде е проблемот и ќе пишам што испаднало. Многу е проблематично што е наштимана на 107 мегахерци, ако малце отиде нагоре - отидено е скроз.
UPDATE:
Прво, FM буба на switching напајање е неверојатно лоша идеја бидејки прави толку брум што мислиш дека не фаќаш ништо и дека бубата не работи. Работела на ~105MHz
Второ, бубата е сосема издржлива на надворешни фактори како приближување кон метали, но напонот и прави солидни промени, 3.7V батерија ја симна фрекфенцијата конечно на рамно 108 MHz, успеав да ја фатам на радио. 14,7pF кондензатор наместо 12pF ќе ја симне негде до кај 102MHz.
Трето, тример кондензатор на бубава е одлична идеја наместо фиксниот од 12pF за ако ја закачите на 12V од акумулатор на кола да може да ја спуштите фрекфенцијата пропорционално.
И да, лошо испечатен калем прави разлика, бидете добри во пеглање :P
-
Уште дометот да го тестираш и да споделиш со нас како си задоволен
-
Дометот со 3.7V (уствари 4.2V e) литиумска батерија е некои 120 метра во градска средина со два бетонски блока измеѓу и две ковани огради (заземјени, битен фактор). Да не зборам дека можда сум стерилен од толку WiFi мрежи околу мене и загаден етер од фрекфенции. Дометот е повеќе од доволен...
Мене нешто друго ме копка, зашто се ниските тонови толку утепани? Да, за говор пренесување е сосема ОК, ама кога му закачив потенциометар (5 пински искорнат од слушалици, ако нешто менува) и женски 3.5mm конектор музикава беше без ниски тонови. Одприлика се што е под 150Hz е далеку, далеку стишено. Дали тој 10nF кондензаторот измеѓу микрофончето и BC547 прави high pass filter/pre-emphasis и дали иститот може да се занемари/намали, НО без последици на осетливоста на микрофонот?
И уште нешто, не би требало да се добие значително подобар домет доколку фрекфенцијата се спушти кон 87MHz наместо тука горе кај што е сеа? Да се консултирам пред да прелемувам кондензатори за да ја прештимам...
Утре ќе имате некоја слика од плочката, моментално сум преутепан за да и праам фотосесија ;D
-
За да го засилиш дометот ке треба да направиш засилувач и подобра антена.
-
Едно глупо прашање,ја спуштив шемата(гив фајл).Испринтав излезе дупла во големина,место 5цм на 2,5цм---излезе 11цм на 5,5цм.Човекот ја намали за 50посто,пак излезе иста.Ја намали за 75посто,пак иста.Како сте ја испечатиле вие?Или што да направам?
-
За вакви работи, обично го користам Sprint-Layout ;).