Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Побарувања => Topic started by: Clear Sky on 25.12.2011, Sunday, 17:26:04
-
Здраво
Имам проблем со примањето на сигнал со шемата во линкот. Дали некој може да ми каже дали е до намотките и дали фрекфенцијата се менува со прoменливиот кондензатор на шемата во линкот?
Линкот е избришан од администрација бидејќи не беше кодиран. Ова ти е е веќе втора опомена за истото, следниот пат одиш на одмор.
-
Веројатно си надвор од опсег ,бидејки локалниот осцилатор и влезниот калем не се на потребните вредности.За почетници ја препорачувам ова шема каде на влез нема осцилаторно коло ,а станиците се бараат со потенциометар,односно со варикап диода.Многу е поедноставно.Еве линк до шемата :
http://electronics-diy.com/TDA7000_FM_Receiver.php
-
а зошто и темата е поставена во Радио и високофреквентна техника мислам дека тука не и е местото?? или пак грешам
-
местото?? или пак грешам
да, грешиш... иначе беше онаму каде што рече но не и е местото тамо
-
Clear Sky за тоа што приемникот не ти работи може да има мал милион причини, дури и се во ред по шемата составен, може некој од елементите да не работи добро на високи фреквенции, може интегрално да не е во ред итн.
Земи најди datasheet и види колкави треба да бидат напоните на секој од пиновите па почни да мериш. И секаде користи керамички кондензатори без разлика што пишува во шемата, освен нормално онаму кај што треба електролитски.
-
Најверојатно калемите не му се погодени ! Ван опсег е веројано осцилаторот и треба да се слуша * бел шум*,да шушти.Решението е преправка на шемата со варикап и премостување на влезнот калем.Станиците се бираат со потенциометар од 100К и освен еден калем не е потребно ништо друго.
-
На линкот е шемата по која работев.
http://www.electronicecircuits.com/electronic-circuits/tda7000-fm-radio-receiver-circuit
A.F. OUTPUT незнам што значи но го приклучив на поечало и се слуша само истиот шум иако го вртев променливиот кондензатор.
-
тоа ти е место каде треба да поврзеш слушалки
-
На линкот е шемата по која работев.
http://www.electronicecircuits.com/electronic-circuits/tda7000-fm-radio-receiver-circuit
A.F. OUTPUT незнам што значи но го приклучив на поечало и се слуша само истиот шум иако го вртев променливиот кондензатор.
Ako се слуша шум значи приемникот работи,ама вон опсегот 88-108 Мхз,каде има комерцијални станици.Влезниот калем не е толку критичен(широкопојасен е),ама за осцилаторот треба отприлика да биде како е назначено на шемата( или во описот на шемата).Потоа,променливиот кондензатор треба да ја има потребната вредност.Ако сакаш оди по она шема која ја ставив:исфрли го променливиот кондензатор и преправи ја со варикап диода и потенциометар (како на шемата),така што полесно ке * влезеш* во опсег.Покушај и со растегнување или скратување на калемот да дојдеш до правата фреквенција.Потоа калемот фиксирај го со течна пластика,восок или лепак.