Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Инструменти => Topic started by: batka on 03.12.2011, Saturday, 00:17:32

Title: Ефект - Глас на робот
Post by: batka on 03.12.2011, Saturday, 00:17:32
Овие шеми се интересни особено ако сакате да направите некоја снимка со ефект на изобличен глас - како робот,со додаток на вибрато,со менување на фреквенцијата итн. Ова е една нова и интересна конструкција која дозволува приклучување на микрофон и линиски влез,како и мал појачувач на излез за контрола на звукот кој се добива. Интегралното коло не знам дали може кај нас да се најде,ако некој знае нека каже.Во секој случај ке го ставам на листа за набавки и ке покушам да го направам уредов кој може да даде доста ефекти со комбинација на линиски и микрофонски влез.Стабилизаторот дава 3,3V 100 mA колку изнесува и напонот потребен за работа на НТ8950.
Title: Одг: Ефект - Глас на робот
Post by: GigaWatt on 03.12.2011, Saturday, 07:05:48
Ако нарачуваш, и за мене едно да нарачаш ако може ;).