Македонски форум за електроника
Околу форумот => Побарувања => Topic started by: Z31GH on 30.11.2011, Wednesday, 17:40:01
-
Предлагам темата Радиоаматери да биде како подфорум во делот за Радио техника
-
Добра сугестија. Благодарам, ке го разгледаме ова побарување и во најбрз можен рок ке направиме што е можно најдобро.
Иначе еве која беше мојата идеа, или да се направи подфорум за радиоаматери или пак да се направи посебен форум за радиоаматери кој ке биде во склоп со овој форум и ке биде на истиот сервер хостиран. Сеуште се мислам како е надобро, пиши твое мислење околу оваа работа.
-
Мислам дека би било добро да е на овој форум бидејќи и тоа е неразделен дел од електрониката. Како подфорум би можеле да се отвараат теми за риоаматерски испити, HAM SPIRIT, радиоаматерски станици, радиоаматерски антени, тема за телеграфија, антенски подесувачи односно тјунери, модеми за RTTY, уреди што радиоаматерите сами ги изработуваат и така натаму, Значи како подфорум тука можат да се отворат секакви теми за поврзани со оваа дејност
-
Тоа ке биде добро,бидејки малку радио-аматери гледам на Форумов.Можеби ова ке придонесе да бидат поактивни.
-
Отворив нов подфорум во делот на радио техниката, името му е Радиоаматери. Едино се мислев како да го крстам, дали Радиоаматеризам или Радиоаматери. Доколку не е добро пиши предлог како да биде името на подфорумот.
Еве линк до подфорумот: http://elektronika-mk.net/index.php?board=110.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?board=110.0)
-
мислам дека е добро да се вика Радиоаматери, бидејќи тоа е назив што најповеќе се користи, радиоаматеризам како име мислам дека не е баш правилно ??? И на страната на агенцијата за електронски комуникации во делор за РФ спектар пишува Радиоаматери
Споено мислење: 30.11.2011, Wednesday, 18:28:18
Големо благодарение до администраторите и модераторите што го прифативте овој предлог ;)
-
Нема проблем, средено е :) Сите теми кои се поврзани со радиоаматеризам ги пренесов во подфорумот за радиоаматери. Едино темите поврзани со CB, PMR, GMRS и FRS станици не ги пренесов во тој дел бидејки не се за тамо :)
-
Барањето беше прифатено, темата се заклучува.