Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: Zdravkovski on 30.10.2011, Sunday, 09:38:48

Title: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: Zdravkovski on 30.10.2011, Sunday, 09:38:48
Бидејќи деновиве е актуелен рестартот на топилницата за цинк и олово во Велес сакам со сите да споделам зошто Јас лично и повеќето Велешани сме против рестартирањето на овој ’’УБИЕЦ’’
Topilnica Good Veles Kaput video #1 (http://www.youtube.com/watch?v=InXnVghBT2A#)
Topilnica Good Veles Kaput video #2 (http://www.youtube.com/watch?v=DS65CtE5U9A#)
Topilnica Good Veles Kaput video #3 (http://www.youtube.com/watch?v=EQnAb80EJT8#)


Code: [Select]
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=1885&stID=4342
Code: [Select]
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=1806&stID=424
Code: [Select]
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=20991&idg=2&idb=462&rubrika=Po%7Bta
Code: [Select]
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2193&stID=20209
Code: [Select]
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2203&stID=20684
Code: [Select]
http://star.utrinski.com.mk/?pbroj=1250&pr=7&stID=3238
Code: [Select]
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1251&stID=3336
Code: [Select]
http://tirekovmirece.com/Novost/%D0%A2%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D1%81%D0%B5%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5-%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0
Code: [Select]
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=4E958FCE62435849AEC7C2A5A30B4488
Code: [Select]
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=8F1E2D8FBDC92F4B836FF01F80146F84
п.с Не дека на Велес и Велешани не ни требаат работни места и работанапротив ни требаат многу ама ова е премногу

изворите се гледаат во самите веб адреси а користени се статии од дневник,вест,утрински,тирековмирече, јутјуб.....
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: LordZi on 30.10.2011, Sunday, 09:43:57
Имате поддршка и од мене, јас сум категорично против рестартирање на топилницата... >:(
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: Zdravkovski on 30.10.2011, Sunday, 09:46:17
погоре напишаното е ништо во поглед на тоаа што е тајно за она за кое никој не знае  :'(
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: batka on 30.10.2011, Sunday, 18:04:22
Малку почекав да видам како вие ова го организирате,ама верувајте ние Велешани ,ако треба и ке гинеме ,ама Топилница нема да има повторно во Велес.На 9 Ноември ке организираме протест! Тоа е само почеток,ако некој се уште има мисла преку нас нешто да работи,ке и порачаме на Владата и сите бизнис интересенти ,оти тоа во Велес нема да помине.Сите сме едно,а многу сме,знаеме што сакаме,но знаеме и што не очекува ако некој сепак дозволи да почне таков злостор.Нема таква вода за да се испере никој ,ако се дрзне преку народот да прави сметки.Ние знаеме што е тоа Топилница за олово и цинк во град! Нема теорија тоа повторно да се случи.Нека ја носат каде што сакаат,нас не ни треба и немаме веке генерации деца за фрлање.Ова на Јутјуб не е ништо,не сте виделе во живо.Поздрав до сите добронамерници и очекуваме подршка и митинзи не само во Велес,туку и во Скопје,Ресен ,Куманово,Охрид... Цела Македонија треба да застане зад нас! Имаме добар и совесен Градоначалник,локална власт и харод зад себе! Ке има и Нови Гемиџии ако треба,верувајте,дотука е дојдено! Поздрав од Велес,се спремаме за митинг,повелете ако можете!!
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: DX-er on 30.10.2011, Sunday, 18:18:02
Кога гледав на вестите како се собрани газдата на топилницата (фин и културен човек) а од другата страна луѓе кои беа намуртени и му префрлуваа цело време со разни зборови и дел од нив не ни сакаа да се поздрават со него иако тој им пружаше рака, си реков абе овие се заникаде и треба да ги избрка, тоа судејки према нивниот однос према него. После гледав на еден прилог како еден кај Младинскиот парк рече дека не му ја гарантира физичката безбедност на тој и тој од фабриката (е ова е претња за ликвидација) а иначе тој порано имал направено некој проект каде што биле сликани голи мажи и на секој од нив на задникот имало испишано по една буква... Моето мислење се смени вчера по гледањето на емисијата КОД каде беше прикажано какви се не лоши ефекти има предизвикана фабриката во 3 децениското работење. Е тогаш си реков, дека сум на страната на чистата животна средина, на  децата, на сите луѓе во Велес па дури и на сите животинчиња кои живејат во Велес. Затоа мојот глас е НЕ! По гледањето на емисијата КОД, сакав вчера да отворам ваква тема но ајде оставив така ама за тоа колегата се сети и отвори.
Башка во Велес има многу добри луѓе дел од нив се наши членови и лично на мене ми имаат помогнато, но и на форумот.
По добро размислување мојот заклучок е дека фабриката НЕ СМЕЕ ДА ПРОРАБОТИ ПО НИЕДНА ЦЕНА
Не знам како пресуди судот ама глејте не давајте да проработи тој крш од фабрика!
Имаше еден човек кој многу паметно кажа: Една кола ако не се вози една година тешко да ја оправиш а камо ли фабрика која не работи 8 години да ја рестартираш.

Батка, што мислиш да се организира нешто како собирање на потписи на републичко ниво ? Барем да се знае дека сме против тоа зло.
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: batka on 30.10.2011, Sunday, 18:46:46
Кога ке започне собирањето на потписи против рестартирање на Топилницата Ве молам да го дадете гласот на Вашата совест - против рестартирање! Колку повеке потписи - толку поголена е надежта дека ке успееме!! Оној * фин * господин кој на ТВ се церекаше не е газдата!! Газдата е некој сумљив господин од српско потекло,кој пере нечии пари и веројатно ке гледа најбрзо что може да си ги поврати парите и да ја здувне! Топилницата е препродавана неколку пати низ сумјиви трансакции на дузина белосветски зевзеци кои сакаат лесно да се збогатат на сметка на други луге ( читај невини деца!).Топилницата моментално е крш невиден,а над неа постои цел рид од јаловина која ,кога ветар дува, се расејува насекаде по околината! Најтрагично е што никој досега( а се сменија во меѓувреме неколку газди!) не се осмели ниту два камиона јаловина да исфрли.Киселината стои во цистерни кои кородираат,а ако се излие во Вардар нема травка да остане. И ако *газдиве* мислат дека само два филтри да стават и се да се санира - малку се з....ле!! А,ако тој газда имаше *му..а* што не се појави во јавноста и да образложи или да разговара,ами некакви * пиончиња* испраќа?? Нема преговори.Најдобро е да се собере и исече за старо железо(само за тоа ја бидува!) и да лета од Велес.Ете,долу до фабриката за вештачко ѓубре во Згрополци има голи ридови,па нека земе земја во закуп и таму нека ја префрли ( читај изгради од темел!) па нека се прави газда!! Во Велес времето на Топилниците одамна помина!!!
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: Zdravkovski on 30.10.2011, Sunday, 19:23:23
Quote
Не знам како пресуди судот ама глејте не давајте да проработи тој крш од фабрика!

не само што пресуди како што велиш ти туку и ја изгубивме битката на првостепениот суд на кој општината Велес ја тужеше државата дека теба да ги сноси последиците за 3 децениското енормно загадување причините повеќе од јасни ако овој спор го добиеме што сигурно ќе го добиеме ако не во Велес, Скопје тогаш во Стразбург тогаш секој граѓанин на Велес и околината ќе може да се лечи на државен трошок ќе треба државата да исплати големи оштети на име на нарушено здравје ......

и конечно и за Велешани еднаш за секогаш да се загарантира основното човеково право ЖИВОТ ВО ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: DX-er on 30.10.2011, Sunday, 20:25:22
вие треба да тужите и за водата бидејки велешката вода беше загадена и мислам дека сеуште не е на задоволителното ниво.
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: Zdravkovski on 30.10.2011, Sunday, 20:28:05
сега во Велес се пие чиста вода од хидросистемот Лисиче повеќе не се користат рели бунарите од реката Вардар
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: GigaWatt on 30.10.2011, Sunday, 21:56:12
Ја имате и мојата поддршка, и јас сум за да не се рестартира топилницата во Велес, ако има собирање на потписи, дали online, дали на некоја локација во Скопје, кажете само каде ќе биде да одам да се потпишам дека не сакам да се рестартира ;).
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: batka on 31.10.2011, Monday, 08:42:58
Би требало да се организира НВО секторот во секој град во Македонија и секаде каде има писмени луѓе да го дадат својот потпис за НЕ на рестартирањето на топилницата.Очекуваме голем одзив и поддршка.Тоа не е само проблем на Велес,верувајте.Нам ни се случи еднаш ,а Вам да не Ви се случи никогаш!!
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: bicikle on 31.10.2011, Monday, 15:48:54
прво не е мое да кажува, не живеам во Велес, мада има фалимија тамо. Сепак кога гледав документарка с згрозив за поселдици од топилницата, така да ако се настави така Велес ќе биде пустелија, чернолбил ќе гонапраат, така да ја имате и мојата поддршка, барем на форумов. Незна што ќе промениме тука на форумов, ама мисла дека Велшани се многу загрозени од таа топилница, така да не треба да почни со работа. Не ја знам процедурата на преработка на олово-цинковата руда, но сепак сметам дека тука ни филтри ни незнам ти какви мерки за заптита нема да помогнат. Македонија е мала по површина, па ако нема некое пусто место каде би можело да се отвори фабрика од ваков тип и при тоа никој да не е загрозен, не ни мора. Само едно не ми е јасно, како никој не сака да се отвори фабриката (од Велес) а после ќе рмбаат за 100 евра ќе голтаат олово....
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: DX-er on 31.10.2011, Monday, 15:53:01
bicikle зошто стално голташ букви ? Поточно буквата м
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: bicikle on 31.10.2011, Monday, 16:09:00
затоа што таков е дијалектот кичевски, ако правам муабет со М ќе ми се смеат кичевчани  ;) :D :D Инаку на ќически ако прајш муабет со м некако препотентно звучи затоа најлесто... навика,..
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: DX-er on 31.10.2011, Monday, 16:26:30
ок тогаш ;)
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: didy on 31.10.2011, Monday, 19:36:41
Не е во прашање само солидарноста со велешани, туку и свесност за здрава животна околина, на секаде има некој и нешто што го загрозува здравјето и животот на луѓето, кај нас е топилницата, во друг град е нешто друго. Ако се премолчува и се дозволува да некои газди се богатат на сметка на недолжен народ, уништувајќи и повеќе генерации со тоа што ќе ја загадат почвата и подземните води.
За секој објект што се гради мора да има и одобрение од министерство за животна средина, така е редот во сите културно развиени земји.

ЗА ЗДРАВА И БЕЗБЕДНА ОКОЛИНА  :) :) ;)

Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: bicikle on 31.10.2011, Monday, 19:47:28
Кај нас загадува т.е.ц. Осломеј, само не толку многу а и подалеку е, али без струја не се може така да нема што да се прави... башка пола кичево леб од тамо јадиме... али не е страшно многу само што го маглит цел град..  ;D ;D ;D
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: Zdravkovski on 31.10.2011, Monday, 19:50:13
Quote
ЗА ЗДРАВА И БЕЗБЕДНА ОКОЛИНА   

Баш така се сложувам со тебе во целост и благодарност до сите што гласале според свое сопствено убедување  :) .
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: batka on 31.10.2011, Monday, 23:32:01
Денес на седница на Совет на општина Велес е закажана вонредна седница за четврток. Се завзема став сите,од поединци до НВО да се зафатат со собитање на релевантни податоци за испитувањата ( медицински,технолошки,метеоролошки...) во врска со Топилницата.Ќе ги собереме на куп сите аргументи против враќањето на загадувачот на Велес.Став е да не се дозволи никој ,па ни владата да стави било каков некаков приоритет или недајбоже да навива или прави некои комбинации со Велес и здравјето на граѓаните.На 9 ти Ноември денот на ослободувањето на Велес со марш на протест и масовен митинг ке кажеме - НЕ ЗА ТОПИЛНИЦА ВО НАШИОТ ГРАД!!
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: Bojan on 01.11.2011, Tuesday, 00:35:40
аааах, да прашам јас само нешто...нели порано топилницата била изградена надвор од градот??? или грешка сум...?
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: DX-er on 01.11.2011, Tuesday, 00:37:38
Според она што го знам од порано, велешката топилница загадувала до некаде и во Скопје, Куманово и Св. Николе. Така да СОЛИДАРИЗИРАЈТЕ СЕ СИТЕ!
Филтри? Искрено не верувам дека филтрите ке имаат ефект кој сите го сакаме.
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: GigaWatt on 01.11.2011, Tuesday, 01:53:47
Ни филтри ни ништо, не може да има топилница за олово во населено место, тоа е правило во цел свет.
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: MarkoMK on 01.11.2011, Tuesday, 03:04:18
Па тој газдата што ја купил топилницата, нека ја пренамени за нешто друго - нека го издава просторот и сл. може да се искористи инфраструктурата...
Така е со поголемите фабрики во Скопје што пропаднаа, на пример Охис, просторот се издава на помали фирми ...
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: batka on 01.11.2011, Tuesday, 07:47:49
ГАздата е најдобро да ја продаде како старо железо .Ќе си поврати дел од парите, а другото нека го пренамени.Само јаловината ( еден рид позади топилницата!) вредела 1,5 милиони еври.Ете му ја нека си ја носи каде што сака.Земјиштето во Велес и пошироко е загадено со никел,кадмиум и олово до 40 см длабочина.Време на распаѓање на овие метали не е познато,ама се движи барем некаде 100-150 години.Во Велес наголемо се садат ружи бидејки го црпеле оловото од почвата.Дали е така или само се занесуваме,не знам.
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: LordZi on 01.11.2011, Tuesday, 09:32:17
За ружите не знам, ама за извлекување тешки метали од почвата се садат коренести култури, бидејќи тие ги впиваат во себе, пред се маслодајна репа, ама после не смеат да се користат за јадење, туку само за добивање био-гориво.
За тоа дека загадува до Скопје, Куманово и др. градови не сум сигурен, бидејќи станува збор за тешки честички кои паѓаат во околината на топилницата, ама земјоделските производи одгледани во Велес и околината често завршуваат и на пазарите во овие градови, така што индиректно пак ги внесуваме овие тешки метали, на пр. маслото за јадење од „Благој Ѓорев“ добиено од сончоглед одгледан во велешко, вината од велешкото виногорје итн. Затоа сите треба да им дадеме поддршка на велешани против рестартирање на топилницата и понатамошно загадување.
Иначе ова со загадувањето не е проблем само на Велес, еве конкретно кај мене во Скопје (Аеродром-Н.Лисиче) проблем ни е цементарата, секоја вечер ги исклучуваат филтрите и горат стари гуми, летно време после 23:00 не се седи на тераса. Порано беше и Охис, сега не работи, но подземните базени сеуште стојат полни со линдан, наводно се запечатени, ама кој гарантира дека не истекува во подземните води и од таму до водата за пиење и наводнување?
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: GigaWatt on 01.11.2011, Tuesday, 13:05:07
Ако гледаме така на работите, најчисто е во село или планина, ама па таму диви животни има, плус далеку си од се, и од работа и од маркети и од се останато. Затоа само ботагите живеат на такви места, на нив им е гајле дали потрошиле 10 или 100 литри бензин :S. Како сакате завртете, работничката класа секогаш била... ај да не кажам што...
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: batka on 02.11.2011, Wednesday, 01:56:45
Како што можевте да чуете и видите,сите велечки бизнисмени,мали и големи,застануваат финансиски позади начиот Градоначалник и Општина Велес! Стариот и новиот  Градоначалник си подадоа рака и заедно здружени ке се борат за Велес.Нема политичка партија или поединец да не застана зад она НЕ ЗА РЕСТАРТ НА ТОПИЛНИЦАТА.Тоа нека го знаат и Газдите во Скопје,бидејки стварање на тензии најмалку ним им е во корист! Најдобро за нив е да се преслушаат и да ја продадат рушевината на отпад ,са си го соберат брдото јаловина и да не се вратат во Велес!
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: MAKEDONIA on 02.11.2011, Wednesday, 13:10:11
kolku sto znam jas zeolitot gi faka teskite metali mojata prijatelka e zastapnik a ima i vo Makedonija okolu 50 milioni toni zeolit,samo tuka narodot sto treba da go koristi e prost cenata na ton se dvizi od 50 do 350 evra
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: Zdravkovski on 02.11.2011, Wednesday, 15:29:40
Quote
Како што можевте да чуете и видите,сите велечки бизнисмени,мали и големи,застануваат финансиски позади начиот Градоначалник и Општина Велес!

Батка позадината на тоа што го кажуваат велешките бизнисмени мали и големи е заради фактот дека они не сакаат да се отвараат работни места во Велес заради можноста да се контолира рабоничката класа и да не дојде до миграција на работници од една фирма во друга ( јавна тајна е во Велес дека газдите се договараат колку да се плаќа ова го тврдам со фактот дека во сите приатни фирми платаат е скоро иста ) истото го направија и Штипските бизнисмени против Џонсон Контрол заради тоа што ќе им побегнеле работничките оти овие новиве ќе дале поголеми плати и подобри услови за работа

п.с Јас како афтор на темава и Велешанец сум против секакво пуштање во работа погоре напишаното е само поради објаснување на скриените намери на поединци а на сите погореспоменати со чесни намери искрејно им се извинувам однапред !
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: batka on 02.11.2011, Wednesday, 16:05:18
Таа теза не држи! Јас бев присутен на средбата и темата  е сосема друга,односно изјавите на бизнисмените не треба да се земаат во конотација на скриени бизнис интереси. Еден од нив ,инаку мој добар другар и генерација,се обрати со зборовите: *Мојата фирма,материјално и со сите свои ресурси стои зад Општина Велес за нерестартирање на Топилницата поради понатото загадување на градот!* Познавајки го човекот,како бизнисмен,ама и како човек што живее мирно и скромно во Велес и не планира да избега од Велес во догледно време,не верувам дека негова намера е да ги задржи по секоја цена работниците! Кај него работниците не бегаат,не се кријат,туку јавно зборуваат за него како за добар бизнисмен.За да не се оддалечиме од темата -  проблемот со загадувањето нема врска со тие чаршиски теми.Тоа да го оставиме за друг пат -  факт е што во борбата против рестартирањето ке требат големи финансии,ресурси ,но и лични и други познанства и контакти кои можат многу да помогнат! Пример ,ние неколкумина се согласивме преку лични и родбински,колегијални и други контакти да обезбедиме ново мерење (значи  сегашната состојба да се согледа) на нивото на контаминацијата на почвата на цела територија на Велешка општина .Мерењето ке го обезбедиме бесплатно, а ако градот би платил,тогаш тоа би била голема цифра во еври! И тука нема ниту политика,ниту скриени намери -  се е кристално јасно и транспарентно и никој од нас нема намера да стекне од тоа никаква материјална или друга корист!Ова е јавна ,доброволна работа ,ние постапуваме волонтерски и не очекуваме никаква лична корист! Велес е наш град и време е да му помогнеме.Ако не сега и во вакви моменти -  тогаш кога??? И оставете ги другите муабети - битно е да сме заедно исправени пред судбината и иднината на Велес!!
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: DX-er on 02.11.2011, Wednesday, 16:25:41
Ако се организирате повекето и пружите отпор се надевам дека нема некои да ве прогласат дека сте биле партиски поттикнати и организирани со цел на рушење на ххх (знаете што) како што беше направено на оние што протестираа за убиеното дете.

Се надевам дека нема да дојде до таква крајна перверзија
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: GigaWatt on 02.11.2011, Wednesday, 16:37:41
А, ништо чудно да се случи тоа, моментално власта само на тоа се вади за кој и да фати да протестира против нив... навистина подло, но од друга страна, паметно, така стојат работите :S. Политизирање на чисто непартиски протести е моментално најупотребувана практика.
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: batka on 02.11.2011, Wednesday, 17:30:37
НАјмалку сега ни треба политика! ПОлитиката ке доаѓа од страна,веке се виде со судската одлука,ама верувам дека кај сите Велешани веке е втемелен генот да нема загадување во Велес,како што имаше порано.Доста жртви дадовме и нема веке назад! Топилница - ама барем 20-30 км надвор од градот!
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: GigaWatt on 02.11.2011, Wednesday, 18:15:34
Само гледајте да не ви ги исполитизираат протестите и сите останати активности... гледајте да се тргате од било какви политички обележја на настаните. А за политика... на никој не му треба, тоа е општо правило ::)... и оние кои мислат дека „не можат да живеат без дневна доза на вести“, се во ооооогромна заблуда.
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: DX-er on 02.11.2011, Wednesday, 19:56:38
сите здружени и храбри и нема да проработи тој загадувач.
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: Zdravkovski on 03.11.2011, Thursday, 16:49:13
Гласањето е затворено голема благодарност до сите кои одвоија време да гласаат посебно за оние кои беа против а на останатите не им се лутиме затоа што сигурно си имале свои сопствени убедувања за нивниот избот. Големо благодарам за 64.5% посто подршка што значи дека не сме погрешиле што сме против ова рестартирање .
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: batka on 03.11.2011, Thursday, 23:10:54
Информација за сите на Форумот: Околу 19 часот заврши вонредната седница на Совет на Општина Велес на која едногласно се донесе заклучок да не се дозволи никакво рестартирање на Топилницата.Се донесоа едногласно 14 точки (заклучоци) според кои на Градоначалникот Петров му беа дадени ингеренции да превземе мерки со кои се предвидуваат темелни и исцрпни чекори до донесување на промена на деталниот урбанистички план на градот со кој во таа зона би се забраниле секакви активности на тешката индустрија,односно би се спречил транспорт и складирање на било каков отпад од индустрија на тешки метали.Освен тоа ке се бара од Владата да се донесе Закон во Собранието на РМ со кој на територијата на град Велес би се забранила градба на било каков загадувач.Ке се собираат 10.000 потписи со кои граѓаните би иницирале донесување на таков Закон,а и би се иницирале најмалку 22 пратеници во Собранието да стават потпис за донесување на Закон со кој би се спречила повторната изградба на Топилницата .Факт е што некој им дозволува на газдите да настават со процесот на добивање дозвола за рестартирање ,при што е обелоденето дека потребните измени во постапката која е почната од нив ,наместо за 2 недели како е предходно речено,веке се готови и тие се надеваат дека на мала врата ке ги *спровнат*.Апел до сите : Велес ке се бори до последен граѓанин без разлика на политичка,верска или било каква друга различност.Едно е сигурно - еколошката свест е заедничка,непоколеблива и нема сила да не разубеди! Ако некој покуша против народот - ке си го добие.

Споено мислење: 03.11.2011, Thursday, 23:34:17
И уште нешто: во писмото за намери се предвидува финансирање на 150-160 милиони евра за некој технолошки процес со кој би добивале 60,000 тони метали годишно!! експертите и бившите вработени велат дека во најдобрите денови ,со полна парева Топилницата не давала толку !!! И дека овој процес е одамна забранет со закон во една Германија!!!! Веројатно се планира да се купи за евтини пари некоја постројка во која би се вршело топење и на стари акумулатори! Лугево се луди ако мислат тоа да помине! >:( >:( >:( >:( >:(
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: GigaWatt on 03.11.2011, Thursday, 23:45:49
Како што реков, имате поддршка од мене, само кажете каде треба да се потпишам ;).
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: Zdravkovski on 08.11.2011, Tuesday, 16:06:17
Под мотото „Никогаш повеќе Топилница во Велес“, Зелената коалиција од Велес денеска ги повика жителите на градот да се приклучат на утрешниот протест против рестартирањето на Топилницата, што треба да почне во 17 часот на плоштадот „Сармаале“. 


Протесната поворка на граѓаните од плоштадот „Сармаале“ ќе се движи долж главната улица „Благој Ѓорев‘‘ покрај  Гимназијата и седиштето на ЕВН, па, се до пред вратите на Топилницата за олово и цинк.

Протестот го поддржаа Општина Велес и Советот на општината, Одборот за спас од Топилницата,  бизнисмени, лекари, спортистите и спортските работници, пензионери, борците, младите и Повардарската епархија на Македонската Православна Црква и Исламската верска заедница во Велес, информира на денешната прес-конференција Ненад Коциќ од Зелената коалиција.

- Од оваа битка не зависи само нашата туку и иднината на идните генерации на Велес да живеат во здрав град. Победата против рестартирањето на Топилницата ќе значи и победа на идните генерации, потенцира Коциќ. Тој истакна  дека протестот е граѓански и се оградуваат од сите политички настапи.

Од Зелената коалиција информираат дека покана за присуство на протестот со кој се бара спас за Велес и велешани упатиле до премиерот Никола Груевски, претседателот Ѓорѓе Иванов и претседателот на Парламентот Трајко Вељановски.
текстот е преземен од Sitel
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: batka on 10.11.2011, Thursday, 16:01:10
Ние си го кажавме своето! Нема Велешанец што не е расчистен со ова прашање! Иако газдиве на Топилницата ке бараат начин како да ја намалат,згазат или онеоправдаат улогата на граѓаните на Велес,нека знаат - не само што не се добредојдени во Велес,ами ке се соочат со многу јак граѓански отпор!! Мораме да мислиме на нашите идни генерации.
Заедно со нас беше и црквата,целото свештенство,сите невладини организации што постојат во Македонија.Не имаше скоро 20.000 граѓани.
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: DX-er on 10.11.2011, Thursday, 19:28:05
Гледав прилози за митингот и право да ви кажам, сум изненаден од тоа што имаше и партиски луѓе а притоа никој да не злоупотреби и да рече дека митингот бил партиски. Секоја чест! Према тоа што го видов, одлично беше организирано и се поминало во најдобар ред, и најважно без насилство.
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: batka on 15.11.2011, Tuesday, 20:46:29
Да,се беше во ред ,а имаше околу 20.000 луѓе! И на крај - честитки за Премиерот Груевски за неговата изјава во која се поддржува дислокација на Топилница! Тоа ни значи многу,верувајте.Значи,засега целта е постигната.Имавме револуција,без крв,подржана од сите ! И што е најбитно - победува вистината за здравјето на Велешани ,како и нашата грижа за младите што доаѓаат на ред да живеат во Велес.Верувајте,особено ми е мило ако се ова што го постигнавме успее и Велес се ослободи од едно навистина тешко бреме на минатото!!

Споено мислење: 16.11.2011, Wednesday, 08:38:26
Навистина еуфорично беше откога ја слушнавме интегралната верзија на изјавата на Премиерот Груевски на кого му веруваме дека навистина нема да дојде до рестартирање на Топилницата на старата локација.Со парите што мислат(ако мислат) да ги вложат во рестартот на Топилницата ,газдите на нова локација,без никакви пречки нека си ја изградат повторно.Под услов сите пропишани стандарди да се запазат.Гледате ли што направија * Индоминерали и метали* со јаловиштето??? Не казна,ами затваорање на една година и расчистување на проблемот.Цевководот е крив!?? Па ,што не инвестирате и не го поправите како што треба!? Велешкиот* Грин пауер*мислам дека е водечка и моторна сила на целата еколошка свест на Р.Македонија .Го натеравме еден митрополит да ни пристапи и застане зад нас ,ги натеравме сите партиски кадри да бидат како еден,имаме еколошки градоначалник ( секоја чест!) и имаме - народ!! Не е баш нај-еколошки ( според сметот кој го ствара секојдневно!) ама мислам дека е разбуден,самокритичен и доволно свесен за последиците од досегашното загадување! Ова што го направивме на многумина се уште не им е јасно,ама верувајте некогаш можеби сите учебници по екологија кај нас и пошироко ке се занимаваат  со овој успешен пример на колективна совет! По некои направени сметки биле присатни безмалку 22.000 присатни на митингот!!
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: DX-er on 21.11.2011, Monday, 16:56:03
Дефинитивно топилницата нема да проработи во Велес!
Сега е прашање каде ке ја дислоцираат? Најдобро е никаде ;)
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: Zdravkovski on 21.11.2011, Monday, 17:20:45
Quote
Дефинитивно топилницата нема да проработи во Велес!
Сега е прашање каде ке ја дислоцираат? Најдобро е никаде

Па нормално дека никаде кај ќе ја сака сега кога се виде колку ние Велешани не ја сакаме
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: DX-er on 21.11.2011, Monday, 17:22:19
Quote
Дефинитивно топилницата нема да проработи во Велес!
Сега е прашање каде ке ја дислоцираат? Најдобро е никаде

Па нормално дека никаде кај ќе ја сака сега кога се виде колку ние Велешани не ја сакаме
ако ме прашате мене, би му ги вратил парите на газдата и ке ја земам назад топилницата и ке ја расходовам. Друго НЕМА! Барем фер ке бидам и према градот и граѓаните и према газдите.
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: Zdravkovski on 21.11.2011, Monday, 17:32:20
Quote
ако ме прашате мене, би му ги вратил парите на газдата и ке ја земам назад топилницата и ке ја расходовам. Друго НЕМА! Барем фер ке бидам и према градот и граѓаните и према газдите.
зошто да му ги вратат ако пред 10-15 год. од Германија си купил камион со ЕУРО 1 стандард а денеска не е дозволено да го возиш таму дали ќе ти ги вратат парите во Германија, секој бизнисмен со секоја негова одлука си сноси и дел од ризикот зошто не помислил дека народот после токлу години може ќе се побуни и нема да му дозволи да работи или едноставно ако прописите за заштита на животната средина се променат !
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: batka on 21.11.2011, Monday, 17:51:20
Абе што се секирате - само да ја исечат за старо железо ке вреди повеке од она што(ако) го вложиле! Исто и за троската( јаловината) која е некаде зад Топилницата нафрлана како рид ,велат дека може да се преработи и вреди скоро 1,2 милиони евра!
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: DX-er on 21.11.2011, Monday, 17:58:28
Quote
ако ме прашате мене, би му ги вратил парите на газдата и ке ја земам назад топилницата и ке ја расходовам. Друго НЕМА! Барем фер ке бидам и према градот и граѓаните и према газдите.
зошто да му ги вратат ако пред 10-15 год. од Германија си купил камион со ЕУРО 1 стандард а денеска не е дозволено да го возиш таму дали ќе ти ги вратат парите во Германија, секој бизнисмен со секоја негова одлука си сноси и дел од ризикот зошто не помислил дека народот после токлу години може ќе се побуни и нема да му дозволи да работи или едноставно ако прописите за заштита на животната средина се променат !
види ако сум на страната на чистата животна средина и здравјето на луѓето, децата, животните и растенијата не сум за тоа дека треба да се убие газдата и неговата фамилија (не во таа крајност). Стави се ти самиот да си бизнисмен и да купиш некоја фабрика во друга држава и ти викаат дека фабриката работела и немало никаков проблем ама ете пропаднала и не работи а ти ја даваат за евтина цена, и ти си викаш ај ке ја купам а потоа ке ја рестартирам и ке работи како и до скоро. Така и правиш, даваш пари на тие и тие луѓе и ја купуваш топилницата. После истите тие што ти ја продале ти викаат аааа неможе да ја рестартираш оти таа е загадувач. Нефер е што државата продала загадувач! Значи тоа е нефер нешто! Државата не смеела да ја продаде топилницата туку требало да се направи план со кој тоа место би било некоја населба, парк, зоолошка, училиште, трговски центар или било што друго а кршот од железо да се извади од тамо и да се претопи и крај.

Абе што се секирате - само да ја исечат за старо железо ке вреди повеке од она што(ако) го вложиле! Исто и за троската( јаловината) која е некаде зад Топилницата нафрлана како рид ,велат дека може да се преработи и вреди скоро 1,2 милиони евра!
тоа да, потпуно се согласувам
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: batka on 21.11.2011, Monday, 18:03:21
Државата си продава,тоа и е работа  ;D ,ама ме јаде јанџа некој од нив да не е *споен* со Топилницата.Требало да си гледаат и да размислуваат што купуваат! Дискутабилно е зошто Судот за некои 100 ЕУ не им ја даде на Турците да ја исечат и да направат згради за становање!! Нешто е матно ,ама веројатно има некој со малку памет да размисли што понатаму.Впрочем гледате што прават газдите на Тораница?! Не им е прв пат! Да беа на друго место веднаш клуч на 5 години ке добиеја!!Ама овде...
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: DX-er on 21.11.2011, Monday, 18:13:21
Државата си продава,тоа и е работа  ;D
Јас мислам дека крива е државата во овој случај што кога ја продавала фабриката немало услов со кој продава земјиште и фабрика но не со цел да се рестартира во повторна работа туку површината да се искористи за друга намена (како што реков погоре). Значи не е добро договорено бидејки немало предуслов. Замислете државата продава оружје и ракети и нели ке гледа на кого продава? Дали тоа е друга пријателска држава или се терористи. Или пак продаваш пушта и нели тоа ти е работа да ја продадеш и ништо не те интересира па макар и дете ти ја купило :-[ Или нај прост пример идеш во кафич и нарачуваш пиво и ти го даваат пивото и го носиш на маса, само што го креваш да се напиеш ти доваѓа тој што ти го продал (келнерот) и ти вика не смееш да пиеш бидејки е после 9 часот и сигурно ке се чуствуваш изиграно од нефер односот на келнерот бидејки и тоа како те зафркнал, а доколку ти рекол: извини неможам да ти продадам бидејки е после 9 часот или пак во нај лош случај еве ке ти продадам ама да си знаеш дека не смееш да го пиеш и парите џабе ке си ги дадеш е веке друго, имало предуслов.
Затоа викам државата требало да даде предуслов дека не смее да се користи за таа намена како и порано.
Добар договор = нема проблеми.
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: Zdravkovski on 21.11.2011, Monday, 18:16:02
Quote
Државата си продава,тоа и е работа   ,ама ме јаде јанџа некој од нив да не е *споен* со Топилницата.
Да расчистиме една работа топилницата ја продаде стечајниот управник а не државата и парите од продажбата се потрошија за да се обештетат доверителите ама како и да е да не проработи само е важно
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: DX-er on 21.11.2011, Monday, 18:18:45
Quote
Државата си продава,тоа и е работа   ,ама ме јаде јанџа некој од нив да не е *споен* со Топилницата.
Да расчистиме една работа топилницата ја продаде стечајниот управник а не државата и парите од продажбата се потрошија за да се обештетат доверителите ама како и да е да не проработи само е важно
епа тогаш не е кривицата во државата туку во стечајниот управник. Или не е крив ни тој. Највероватно немарливост и пропустот е крив што на никој не му текнало дека тој што ке ја купи фабриката може нема да прави згради, школи и сл. туку најлошото (ке ја рестартира)

EDIT: Еве кој е крив: Законот!!! Зошто? За тоа што во законот не е забрането да се има загадувачи во градовите што е голем пропуст. Затоа собранието треба да поработи и на тие закони (пред се за чиста животна средина) а не само на некои други кои не се толку битни.
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: batka on 21.11.2011, Monday, 18:27:24
Quote
Државата си продава,тоа и е работа   ,ама ме јаде јанџа некој од нив да не е *споен* со Топилницата.
Да расчистиме една работа топилницата ја продаде стечајниот управник а не државата и парите од продажбата се потрошија за да се обештетат доверителите ама како и да е да не проработи само е важно

Оној Тамбурковски,што сега веројатно го смени и личниот опис и со јахта шета по Карибите,беше стечаен управник! Ама зад него стоеше државата!! Веројатно нешто остави и за Државата,а доверителите од тогаш до сега изумреа ( бар повекето).Закон.Кај нас законот е закон ако може да се изигрува! Барем досега така беше со еколошкиве закони!! И кој закон - гледајте што се дешава со Тораница?????
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: DX-er on 21.11.2011, Monday, 18:33:45
Оној Тамбурковски,што сега веројатно го смени и личниот опис и со јахта шета по Карибите,беше стечаен управник! Ама зад него стоеше државата!! Веројатно нешто остави и за Државата,а доверителите од тогаш до сега изумреа ( бар повекето).Закон.Кај нас законот е закон ако може да се изигрува! Барем досега така беше со еколошкиве закони!! И кој закон - гледајте што се дешава со Тораница?????
аха значи има закон? епа тогаш извинете што не сум во тек, во тој случај купувачот е крив бидејки секој голем бизнисмен треба да има свои адвокатски тим кој и тоа како треба да ги знаат законите или добро да ги проучат законите на Македонија и да му кажат на газдата дека не смее да купи такво нешто ако мисли да го прави топилница и да загадува во град.
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: GigaWatt on 21.11.2011, Monday, 21:32:26
аха значи има закон? епа тогаш извинете што не сум во тек, во тој случај купувачот е крив бидејки секој голем бизнисмен треба да има свои адвокатски тим кој и тоа како треба да ги знаат законите или добро да ги проучат законите на Македонија и да му кажат на газдата дека не смее да купи такво нешто ако мисли да го прави топилница и да загадува во град.

А ти мислише дека купувачот се грижи ако загадува некој град ::)... него му е битно он да прави пари и да не живее во близина на местото кое се загадува... ::).
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: DX-er on 21.11.2011, Monday, 21:59:50
не не, муабетот беше кај кого е вината за тоа што се дозволи продажба на топилницата без да се наведе предуслов во договорот... потоа помилслив дека нема соодветен закон.... за на крај излегува дека законот е изигран и тоа е тоа.
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: bicikle on 21.11.2011, Monday, 22:48:06
а да земите чекичи и да ја измаате? xD
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: DX-er on 21.11.2011, Monday, 22:53:39
а да земите чекичи и да ја измаате? xD


не чекичи туку лопати и цела земјина површина да се извади и однесе на деконтаминација
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: batka on 24.11.2011, Thursday, 17:07:19
Какви чекиќи! Абе,да има ја остават на Велешани ,за една недела ке биде демонтирана и по отпадите дадена! Имаме * стручњаци* кои балансираат со законот! Успејаа * браќата* 300 метри пруга да средат,да ја исечат делот по дел  од пругата која служи за разминување кон Штип,некаде во Овчеполието.Си работеле навечер со оксиген под шатор!! :D :D
Топилница,ако не е обезбедувана,ке ја снема за една недела!! 8)
Title: Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
Post by: MarkoMK on 25.11.2011, Friday, 20:48:31
Какви чекиќи! Абе,да има ја остават на Велешани ,за една недела ке биде демонтирана и по отпадите дадена! Имаме * стручњаци* кои балансираат со законот! Успејаа * браќата* 300 метри пруга да средат,да ја исечат делот по дел  од пругата која служи за разминување кон Штип,некаде во Овчеполието.Си работеле навечер со оксиген под шатор!! :D :D
Топилница,ако не е обезбедувана,ке ја снема за една недела!! 8)

 ;D ;D ;D бесплатна дислокација на топилницата на отпад :D