Македонски форум за електроника

Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: Zdravkovski on 18.02.2010, Thursday, 17:26:43

Title: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: Zdravkovski on 18.02.2010, Thursday, 17:26:43
Овде би сакал да започнам една тема за трансформаторите односно дали некој знае како и по кои формули се пресметува колку намотки треба да има примарната страна а колку секундарната страна колкаво трба да биде јадрото и слични работи за истото
(http://www.pic.mk/images/trafo.jpg)
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: malkjos on 18.02.2010, Thursday, 19:50:05
Здраво

Јас имам некои формули преку кои грубо ги пресметувам тансформаторите од типот EI.

Снагата P=S^2 Каде Ѕ е плоштина на јадрото во Сантиметри, пример: ако е јадрото 4cm х 2,5cm тогаш снагата е околу 100W.

 45/S=n    Каде  n е намотка за волт, пример за овај би било 4,5n/V или 990 за 220V i 54 за 12V.

Дебелината на жицата ја пресметувам по: Корен од I/2=d. За 100W трансформатор (5% загуби) 95W на секундар I=7.9А d=1.4mm.

Досега овај тип на пресметка функционира за транформатори од 5W-400W. За повеќе немам тестирано.

поздрав.
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: Zdravkovski on 21.02.2010, Sunday, 09:30:08
Еве едно место од каде може да се симне една програма која се вика Transformer Calculations за правење пресметки за изработка на трафо
Code: [Select]
http://hw.cz/software/transforn_calculate/transformer.html
Post Merge: 21.02.2010, Sunday, 09:41:40
Еве и слика како изгледа програмата кога ќе се инсталира

(http://www.pic.mk/images/slikaodpro.jpg)
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: Bojan on 03.03.2010, Wednesday, 00:07:47
луѓе знае некој каде може во скопје да се најдат EI лимови за трафо??? значи само лимови да се купат, не цел трансформатор
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: kokta on 29.03.2010, Monday, 02:28:11
Edinstveno nekoj sto raboti so lim da ti isece ali pak nema da bide precizno i na kosovite so burmasina da se dupnat limovite i so straf i muter da se stegnat eden za drum pa da se mota,ali mislam deka teka ke ima zagubi!
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: Bojan on 06.04.2010, Tuesday, 23:46:34
значи треба да премотувам едно трафо, тоа е 60W, ја ке го мотам да има напон 20V за стабилизатор за напон, арно ама па немам доволно дебела жица за да го премотам па дали ке може да искористам 2 жици заедно да ги мотам од по 0,8мм за да може поголема струја да тече низ нив???
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: BorceBT on 07.04.2010, Wednesday, 00:57:39
Да, може.
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: tazzz on 19.07.2010, Monday, 16:53:09
 а со ќе му се случи на трафото ако не намотаме доволно намотки на примарот и го собериме и го приклучиме на 220 ?
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: Devil on 19.07.2010, Monday, 18:25:16
или ќе изгори или ќе преивее
се зависи колку намотки фалат
ако фалат многу ќе изгори најверојатно
ако фалат неколку 1-5 нема гајле
друго може на секундар да добиеш многу поголем напон од планираното :)
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: tazzz on 19.07.2010, Monday, 18:40:10
ок фала :)
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: deophorant on 19.07.2010, Monday, 23:02:04
Ако не е надмината номиналната струја за жицата со која е мотан примарот ќе живее. Па и таа струја ако е и 10 пати поголема ако било кратко време (неколку секунди) повторно без гајле. Сепак се зависи од загубите во јадрото и бројот на навивки што фалат (или па колку има).
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: Jove on 21.10.2010, Thursday, 10:47:37
а за торусен трансформатор може да се купи торусот и колку пари е
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: macstr1k3r on 22.10.2010, Friday, 21:27:39
Едно лаичко прашање.

Пробав да израчунам моќност на тансформатор од адаптер. измерив 10мм * 13мм што е 1.69W, на адаптерот вика излез 9V 850mA, 9*0.85=7.65W, кај грешам?
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: GigaWatt on 22.10.2010, Friday, 21:52:11
Едно лаичко прашање.

Пробав да израчунам моќност на тансформатор од адаптер. измерив 10мм * 13мм што е 1.69W, на адаптерот вика излез 9V 850mA, 9*0.85=7.65W, кај грешам?

Види колкав му е излениот наизменичен напон, а дали навистина може да даде 800mA, тоа е веќе сосема друго прашање ;D.
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: batka on 23.10.2010, Saturday, 14:04:27
Еве табела со стандарди за трансформатори со Е И јадро.
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: Bojan on 05.11.2010, Friday, 22:33:00
која програма на која слика???
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: batka on 05.11.2010, Friday, 23:31:50
Еве една ретко добра и едноставна лекција за пресметка на трансформатори
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: Bojan on 06.11.2010, Saturday, 13:08:43
Еве една ретко добра и едноставна лекција за пресметка на трансформатори

која/каде??? да не си заборавил некој атачмент??? :D
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: batka on 06.11.2010, Saturday, 14:41:49
Sory бил поголем од дозволеното,го направив вака
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (&
Post by: oliver-sk on 02.02.2011, Wednesday, 22:59:45
имам и ја едно прашање до дечкото кој го ставил програмот за мерење на намотките на трафото. ме интересира кои величини(висина, сирочина или дебелина) треба да  се стават за да се одреди колкава моќ ќе издржи јадрото ви благорам
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: ShAdOw on 02.02.2011, Wednesday, 23:42:44
Добредојде oliver-sk и имај убав престој на форумот ;). А сега да ти одговорам на прашањето :). Значи вака сега ја зимаш касетката (на неа се намотани намотките) од трафото и го мериш нејзиниот отвор (со ова мериш површина на јадрото во mm2 и на тој начин програмот пресметува колкава моќ може да издржи јадрото) т.е отворот каде што влегува јадрото од трафото и потоа димензиите ги внесуваш во местото на програмот предвидено за тоа на следниов начин 30mm x 30mm (ти си ги внесуваш измерените димензии, ова е пример). Ако те интересира уште нешто слободно прашај ;).
Title: Одг: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (&
Post by: didy on 02.02.2011, Wednesday, 23:44:06
имам и ја едно прашање до дечкото кој го ставил програмот за мерење на намотките на трафото. ме интересира кои величини(висина, сирочина или дебелина) треба да  се стават за да се одреди колкава моќ ќе издржи јадрото ви благорам

СЕ зависи од пресекот на EI лимот, Специјален трафо лим кој се изработува во стандардни димензии, а од бројот на парчињата се добива дебелината (пресекот) на јадрото каде протекува магнетниот флукс, и сите претходно прикажани формули одговараат на јачина или густина од 1.5 Т( тесли).
слично како и за проводниците, еден пресек на спроводник во зависност од условите (повеќе жилен кабел или воздушен спроводник) имаат различна спроводливост (струја) каде работната температура нема да ги поремети условите на функционалноста.
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: danot on 06.04.2011, Wednesday, 18:58:36
Овие денови со татко ми винклувавме еден трансформатор, кој дава 14 волти напон и 100 ампери струја, мисијата е успешно завршена, испробан, наменет е за помош на акумулаторот при палење на возила , зимно време или кога е слаб акумулаторот.
За пресметки е користена програма Protran 1.0, и испадна дека програмот е стварно точен.
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: SKOLS_OLD on 06.04.2011, Wednesday, 19:29:11
ај ако може линк(за примери) или пак директен линк за симнување на програмот?!
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: ZareBt on 06.04.2011, Wednesday, 19:36:09
Зошто кога го приклучив трафото на ~220В падна осигурачот??
Претходно го проверив дали е исправен. Мерев отпор на примарот и секундарот и исправен беше.
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: GigaWatt on 06.04.2011, Wednesday, 19:44:55
Претходно го проверив дали е исправен. Мерев отпор на примарот и секундарот и исправен беше.

Можно е многу струја да повлекло ;). Што стави на секундарот?
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: danot on 06.04.2011, Wednesday, 19:45:33
ај ако може линк(за примери) или пак директен линк за симнување на програмот?!

Еве линк за симнување на програмот
Code: [Select]
http://www.box.net/shared/dfscx6hnzs
Quote from: Администрација
Кодирај линкови !!!

Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: SKOLS_OLD on 06.04.2011, Wednesday, 19:47:35
Претходно го проверив дали е исправен. Мерев отпор на примарот и секундарот и исправен беше.

Можно е многу струја да повлекло ;). Што стави на секундарот?
а и колкав осигурач си ставил(амперски)?!
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: GigaWatt on 06.04.2011, Wednesday, 19:48:19
ај ако може линк(за примери) или пак директен линк за симнување на програмот?!

Еве линк за симнување на програмот
Code: [Select]
http://www.box.net/shared/dfscx6hnzs

Па барем стави го во секцијата за програми, попрегледно да биде ;).
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: ace-bitola on 06.04.2011, Wednesday, 20:16:48
Не мора да значи дека ако има отпор на примар или на секундар дека ќе работи трафото можи да е стопена изолацијата на жицата внатре и да се има краткоспоено и пак ќе дава некој отпор ама трафото нема да работи ќе избива осигурачо и да не ти беше споен секундаро па повлеце многу струја и изгоре осигурачо ако беше некој послаб инаку ако се спој секундаро често горат примарите затоа ги има оние термо осигурачи на нив
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: ZareBt on 06.04.2011, Wednesday, 21:40:55
Претходно го проверив дали е исправен. Мерев отпор на примарот и секундарот и исправен беше.

Можно е многу струја да повлекло ;). Што стави на секундарот?

На секундарот немаше ништо. А осигурачот е автоматски. колку ампери е незнам, оти на сколија го приклучив  :D
Ај другио пак на сколија ќе го однесам. Јас сакав да мерам колку дава В на секундар ама ништо од мерењето.  :(
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: GigaWatt on 06.04.2011, Wednesday, 23:20:58
На секундарот немаше ништо. А осигурачот е автоматски. колку ампери е незнам, оти на сколија го приклучив  :D
Ај другио пак на сколија ќе го однесам. Јас сакав да мерам колку дава В на секундар ама ништо од мерењето.  :(

Приклучи го трансформаторот преку автотрансформатор или преку два други транзформатори врзани обратно ( <--220V--| |--12V--><--12V--||--220V--> , ова чсито како пример, не мора да се и двата по 12V, може да се и по 9V или некоја друга вредност, битно и двата да се исти, т.е. да даваат ист напон на нивните излези, моќност не е многу битна, само да не биде под 5 или 6VА), и на излезот (во овој случај, примарот) од вториот трансформатор приклучи го примарот од трансформаторот кој треба да се тестира и остави му го секундарот отворен (да работи во празен од). Потоа поврзи волметар за секундарот и вди дали на излез ќе даде напон, и ако даде, колкав ќе биде тој напон. Ако е од редот на mV или неколку волти (2 или 3V), најверојатно е зезнат примарот на трансформаторот. Во тој случај, веднаш изгаси го од „тест трансформаторите“ да не случајно и нив ги изгориш :S.

Или, можеш со уште поедноставен тест да определиш дали е примарот во краток спој или не, врзи зијалица од 220V во серија со еден до каблите преку кој му се носи напон примарот на трансформаторот, секундарот остави му го неоптоварен. Доколку сијалицата не свети или малку жари, примарот на трансформаторот е најверојатно исправен, а зошто повлекува толку стрија, треба додатно да се испита. Ако цијалицата силно засвети (како да е приклучена на градска мрежа), најверојатно примарот на трансформаторот е во краток спој :S. Најчесто се користи сијалица со моќност од 75W за вакви испитувања, но може и со 60W-на или 100W-на, не е проблематична моќноста, само да не биде 25W (значи, во принцип се што е над 60W за овој тип на испитувања е ОК, зошто со помали моќности може да се добијат контрадикторни резултати при „мерењето“ ;)).
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: ZareBt on 07.04.2011, Thursday, 00:10:56

Сепак фала за исцрпниот одговор.  :)Ќе видам, ќе прам нешто понеделник. ;)
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: vladkoc on 11.05.2011, Wednesday, 00:49:46
dali nekoj znae kade moze da se kupi lakirana zica

админ: пишувај кирилица и почитувај ги правилата
Title: Одг: Изработка (поправка) на трансформатор (трафо)
Post by: ZareBt on 11.05.2011, Wednesday, 00:57:07
dali nekoj znae kade moze da se kupi lakirana zica

админ: пишувај кирилица и почитувај ги правилата

Види по отпади по такви работи.