Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: Syrus on 31.05.2011, Tuesday, 19:46:52

Title: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: Syrus on 31.05.2011, Tuesday, 19:46:52
Имам интернет од MAX
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: Bojan on 31.05.2011, Tuesday, 19:53:35
мене ми функционира без сплитер интернетот, и јас имам интернет од телеком (3 мах)....
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: Syrus on 31.05.2011, Tuesday, 19:57:29
А за што служи сплитерот, само за да ја дели линијата ?? внетре е полно кондензатори и отпорници...
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: batka on 31.05.2011, Tuesday, 20:21:55
Сплитерот го дели сигналот од линијата на АДСЛ и ТЛФ ,а еве и шема ако некој сака да се * буричка*.Ако ги смените излазите,АДСЛ-от нема да функционира!
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: MarkoMK on 31.05.2011, Tuesday, 20:45:31
А за што служи сплитерот, само за да ја дели линијата ?? внетре е полно кондензатори и отпорници...

Тоа ти е нешто како скретница кај звучници. На одредена фреквенција се дели сигналот. Високите фреквенции се за интернет, и тие одат преку кондензатиорите (ако ја гледаме шемата на батка) а ниските фреквенции и ДЦ компонентата преку калемите одат на ТЛФ линија.
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: Syrus on 31.05.2011, Tuesday, 22:23:19
А да ги врзам директно ке функционира така?? без сплитер, само да ги спојам жичките...
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: MarkoMK on 31.05.2011, Tuesday, 22:32:52
А да ги врзам директно ке функционира така?? без сплитер, само да ги спојам жичките...
Теоретски би требало ама немам пробано (јас имам кабелски интернет), едино ДЦ напонот на линијата може да зафркава - затоа ако немаш сплитер најубаво барем еден кондензатор да му ставиш во серија (како од шемата на батка).
Инаку имам пробано обратната ситуација кај еден пријател - телефонот му го врзав без сплитер на АДСЛ линијата и имаше ненормален шум од високите фреквенции.
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: donis92 on 31.05.2011, Tuesday, 23:16:33
ќе ти функционира без спилитер само многу ќе ти паѓа конекцијата и нема да а имаш брзината цела, така да ништо не те кошта да го ставиш и сплитерот, ти кажувам од искуство имам мах адсл од кога испадна и сум експериментирал секако  :) :) :) :)
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: batka on 31.05.2011, Tuesday, 23:20:35
Не експериментирајтен без сплитер бидејки може и мраежната картица да ја *средите* ;D
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: donis92 on 31.05.2011, Tuesday, 23:23:37
мрежната картица неможе да се среди, прибидејќи во мрежната картица влева сигналот конвертиран од модемот/рутерот  ::)
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: Bojan on 31.05.2011, Tuesday, 23:37:04
мене па со сплитер не ми е ок телефонот, па линијата директно во рутер ми е, и во рутерот ми е уклучен телефонот...
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: donis92 on 31.05.2011, Tuesday, 23:40:06
во зависност каков рутер имаш, има некој во нив вградено сплитер и му ја ставаш само линијата и немаш мака, а на некој н.п спид порт мораш да имаш предходен сплитер  ;) ;) ;)
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: batka on 31.05.2011, Tuesday, 23:43:23
Кај мене во Велес имам неколку слушаи АДСЛ без сплитер да ги гори мрежните,а овие *кабловциве* се систем за себе,особено оној трипл-плеј пакет.Ако сакаш да ти се успори интернетот,стави го него: имаш ТВ- немаш Интернет и обратно! ;D :D
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: Bojan on 01.06.2011, Wednesday, 00:22:27
во зависност каков рутер имаш, има некој во нив вградено сплитер и му ја ставаш само линијата и немаш мака, а на некој н.п спид порт мораш да имаш предходен сплитер  ;) ;) ;)

јас баш спидпорт имам и така ми е :D
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: GigaWatt on 01.06.2011, Wednesday, 01:30:50
Кај мене во Велес имам неколку слушаи АДСЛ без сплитер да ги гори мрежните,а овие *кабловциве* се систем за себе,особено оној трипл-плеј пакет.Ако сакаш да ти се успори интернетот,стави го него: имаш ТВ- немаш Интернет и обратно! ;D :D

Знам, тоа е проблем со сите такви пакет, ако ставиш едно, немаш друго, дури и со овие на телефонскиве оператори. Проблемот е со брзината на комуникација, тоа (по правило) се изведува со оптика, но кај нас, за да заштедат на пари, не ставаат оптика и луѓето потоа се чудат зошто немаат интернет или каналите на тлевизорот им сецкаат ;). Оставате си ја стандардната аналогна кабелска телевизија, ем помалку пари ќе плаќате, ем нема да имате проблеми со брзината ;).
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: Bojan on 01.06.2011, Wednesday, 09:22:45
телеком почна да става оптика низ скопјево сега...
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: Syrus on 01.06.2011, Wednesday, 09:38:48
Гледам во комшиите рутер им ставиле, си имаат бежичен интернет сега, досега го имавме истиот пакет, па незнам како го замениле модемот.
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: Bojan on 01.06.2011, Wednesday, 11:29:00
ке се јавиш и ке им речеш да ти го сменат рутерот, дека ти зафркавал нешто...така јас си го нарачав спидпортот..
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: Devil on 01.06.2011, Wednesday, 11:30:53
или оди продолжи го договорот, јас така си зедов спид порт и сега имам модем вишок :)
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: bicikle on 02.06.2011, Thursday, 18:14:24
ќе функционира, и практично и теоретски, само ќе прајт проблеми. ж
Колку за инфо: со оптиката е постигната брзина од 50TB на 50 км должина. Исто така може да има различни сообраќаи на еден оптички кабел без никакфи интерференции, прислушкувања или било какови фрки.
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: GigaWatt on 02.06.2011, Thursday, 20:32:08
телеком почна да става оптика низ скопјево сега...

Да, знам, ама само Телеком, и тоа само во Скопје, никој друг, што правиме со сите останати оператори кои нудат такви пакети, а немаат оптичка мреже ???.

Затоа и реков, ако сте сигурни дека нема да ви стават оптичка мрежа, односно ако дигиталниот сигнал за TV, net и телефон оди преку кабел (било каков), не ставајте, само проблеми ќе си направите. Или ќе немате net, или TV сигналот ќе сецка/доцни, или нема да можете да добиете телефонски сигнал, или сите три заедно :S. А бидејќи повеќето од овие пакети се на договор, нема да можете да го откажете, односно ќе треба пенали да плаќате.

Тоа е светот на бизнисот, сите гледаат да ќарат а да вложат многу малку или ништо ;).
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: Devil on 02.06.2011, Thursday, 20:38:11
од Т-хом 3макс пакетите до сега не правеле такви проблеми, без никаков проблем имаш нет телефон и телевизија :)
до септември ветија дека и во битола ќе стават на повеќе места оптички, мрежата е поставена до централа во битола, сега од централа треба да испратат низ град
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: GigaWatt on 02.06.2011, Thursday, 20:45:18
од Т-хом 3макс пакетите до сега не правеле такви проблеми, без никаков проблем имаш нет телефон и телевизија :)

Можеби, и јас имам чуено дека пакетите од Телеком не правеле многу проблеми, односно немам чуено пакет од телеком да прави проблеми, или ретко, само еден пријател имаше проблеми, ама му го средија, доста брзо и експедитивно. Ама затоа пак, овие Boom TV и понудиве на кабелскиве опреатори, за никаде се :S. Ни сигналот е како што треба, ни има интернет како што треба, ни телефонија.

Телеком имаат најстабилен интернет затоа што имаат најдобра инфраструктура и прават пресметки како што треба. А не како останативе опратори (особено кабелскиве), ни сметаат, ни ништо, само ставаат линк и без разлика колку ќе се приклучат на него, си викаат, остај нека тера дур тера, ако се е екстремно споро и ништо не функционира како што треба :S.
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: Devil on 02.06.2011, Thursday, 23:21:55
сум влегол и во телеком централа и во централа за кабловска, опремата што ја имаа во кабловската кошта само колку еден од ормарите во телеком, а во телеком имаа негде 50-60 такви ормари со уреди за процесирање на сигнали :)
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: DX-er on 02.06.2011, Thursday, 23:51:43
изгледа дека кабелските работат со сервери и со ВоИП а централите на телеком се дигитални ама не се ВоИП а башка уште им стојат тие старите аналогни централи како украс или резерва :)
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: Bojan on 03.06.2011, Friday, 00:14:02
во телеком се користи VoIP, ама сега се префрла на IMS (IP Multimedia Subsystem) платформа...
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: Devil on 03.06.2011, Friday, 00:15:16
кабелската каде што бев јас земале интернет од он нет и од уште некоја фирма која не е телеком незнам како ја рече ..
а телеком си има нивни сервис не го зема од 1000 места
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: Bojan on 03.06.2011, Friday, 00:16:35
он нет зема од телеком, кабловски од он нет...ајдееее се каша попара направено...
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: DX-er on 03.06.2011, Friday, 00:18:29
па ете, кабелските оператори се уствари еден гоолем рутер со сервер и се далеку од ISP, тие само земаат интернет од други фирми. Да не пошол некој во телепорт центарот?
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: GigaWatt on 03.06.2011, Friday, 16:37:30
кабелската каде што бев јас земале интернет од он нет и од уште некоја фирма која не е телеком незнам како ја рече ..
а телеком си има нивни сервис не го зема од 1000 места

Од Telesmart, и на Телеком околу 90% од конекциите им одат преку Telesmart, а кабелскиве оператори (барем во Скопје) сите 100% имаат линкови од Telesmart, тоа можам со сигурност да ви го кажам, еден колега од fax работи во Telesmart, они си имаат цела нивна инфраструктура низ цела југоисточна Европа ;).

он нет зема од телеком, кабловски од он нет...ајдееее се каша попара направено...

Па не е баш така ;). Телеком нудат линкови, и едно време и кабелските земаа од Телеком, но кога дознаа од кого земаат Телеком (Telesmart), они си направија договори со Telesmart, нема сигурно да плаќаат поголеми суми на пари за истата услуга ;).

Да бидеме реални, Телеком си имаат многу опрема, што наследија кога се продаде телеком, што сами си имаат надградено, тоа е веќе дискутабилно, но нитуеден кабелски оператор (па и One, со ова Boom TV), нема толку опрема, може само да сонуваат за толку опрема ;D.

Истото важи и за мобилните оператори, One и Vip се далеку за Телеком во однос на опрема, но како што реков, Телеком беа први и единствени (барем еден период), имаат цела зграда на располагање и плус имаат скапа опрема. Тоа е тоа, разменуваш една работа за друга, или ќе имаш скап и стабилен интернет, или ќе имаш евтин и нестабилен, тоа е тоа ;).

Да не пошол некој во телепорт центарот?

Јас не ни знам што е тоа ;D. Појасни ;).
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: LordZi on 03.06.2011, Friday, 17:38:08
Да не пошол некој во телепорт центарот?

Јас не ни знам што е тоа ;D. Појасни ;).

Како бе не знаеш, одма прва врата до холодекот е!
Хахаха, сори за офф, не можев да одолеам ;D ;D ;D.
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: Devil on 03.06.2011, Friday, 19:55:21
вип ги користи базните станици на тмобајл, сега слушам почнале нивни да прават
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: DX-er on 03.06.2011, Friday, 22:59:59
Телепорт е сателитската станица на телеком во близина на селото Нова Брезница. Телесмарт е компанија во Македонија или?
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: GigaWatt on 03.06.2011, Friday, 23:21:03
Телесмарт е компанија во Македонија или?

Интернационална е, мислам дека сопшственикот е Швајцарец, ама не ме земај за збор, Telesmart линкови има скоро цел Балкан, скоро сите провајдери од нив земаат линкови ;).
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: DX-er on 03.06.2011, Friday, 23:26:55
значи провајдерот не е кај нас туку ние имаме еден линк од кај нив, вероватно е оптички кабел
Title: Одг: Дали може интернетот да функционира без сплитер?
Post by: GigaWatt on 03.06.2011, Friday, 23:31:46
значи провајдерот не е кај нас туку ние имаме еден линк од кај нив, вероватно е оптички кабел

Не, не се провајдер, Telesmart нудат конекции (линкови) на провајдери, сами по себе не се провајдер, никогаш не ни биле ;). Значи смо нудат линкови на провајдери, а како провајдерите ќе ги плаќаат нив, тоа е друга работа. Значи не може индивидуа од нив да си купи конекција, може само ако си провајдер да склучиш договор за изнајмување на линкови со терабитна конекција, или неколку стотици гигабити, не знам точно како оди. Може и да си фирма и од нив да закупиш конекција, поради кои причини, нив тоа не ги интересира. Но не можеш како индивидуа да си купиш конекција ;).