Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 14.02.2010, Sunday, 00:52:00
-
Што мислите за оваа шема ?
http://www.electronics-lab.com/projects/rf/021/index.html
-
можда 0.4W а не 4W, некаде некој погрешно препишал сигурно.
-
имам правено ваков ама без тримерите, не 0,4W туку 0,04W дали дава.
-
4 Вати е многу, 2/3 ќе дади.
Би сакал да ве прашам, со што уреди ја мерите снагата па знаете точно дали дава 4, 0.4 или 0.04 ? :)
Поздрав.
-
хехе не бе, нема теорија ти гарантирам оти тој предавател има осцилатор кој дава некој си 5mW (прилично) а знам дека 2N2219 е 800mW но при таа побуда од 5mW или нека е и 10mW нема да даде повеке од 50-70mW. Но ако 2219 е како излез а пред него има BFR96 и BC547 како осцилатор ке даде накај 300mW. Е сега како мериме, јас имам направено RF метар како тие што ги има Борче ставено на форумов па таков го имам споредено со W метар па од прилика мериме и споредуваме, секако тоа не е точно ама колку да се каже кој е појак може да се утврди :)
-
Осцилаторот не е тој што ја утврдува моќноста на целиот уред. Излезниот степен е баш тој. Но сепак излезниот степен треба да има триста други карактеристики за да не го изобличе влезниот стандард. Истава шема ја имам направено и јас но од пуста мрза не сум проверил колку и е дометот.
-
Во ред, но нели и кај RF транзисторите важи правилото како кај аудио транзисторите, колку ке му дадеш како побуда тоа по 10 пати ке го засили.
-
Од каде таа цифра на 10 пати ? Зависи од транзисторот каков е и какви карактеристики на засилување има. Овде влегуваат во употреба хибридните равенки на транзисторите кои ги имам заборавено да ги пишувам сеа, а ме мрзи да барам по книги .)
-
па така некаде прочитав на форумот, мислам дека тоа важеше за еден тип на транзисоти, дали беше 2SC1971 или друг не памтам.
-
па така некаде прочитав на форумот, мислам дека тоа важеше за еден тип на транзисоти, дали беше 2SC1971 или друг не памтам.
Ти ја препорачувам книгата ЕЛЕКТРОНИКА онаа за средно со црвени корици. Има многу убаво напишано за трназистори, еквивалентни шеми, начин на работа, карактеристики, УИ карактеристики, равенки етц....
-
па да ти кажам, тоа ми треба, ке ја најдам и ке ја прочитам :)