Македонски форум за електроника

Околу форумот => Побарувања => Topic started by: bicikle on 22.05.2011, Sunday, 05:38:06

Title: фонт во одговорите
Post by: bicikle on 22.05.2011, Sunday, 05:38:06
мислам дека оваа опција ќе го олесни користењето на форумов, односно нема да има потреба на секое да стегаме алт и шифт, доколку се додаде едно тулбарче со фонт кое че излага кога ќе пишуваме одговор.
Title: Одг: фонт во одговорите
Post by: Devil on 22.05.2011, Sunday, 10:33:55
не разбирам што има толку тешко да се притиска alt shift додека пишувате
како мислеше ти со кликање на тоа копче автоматски да се менува фонтот ?
Title: Одг: фонт во одговорите
Post by: Malecko on 22.05.2011, Sunday, 13:01:16
Јас мислам ако можете да додатете таков тулбар,и да ги има овие единициве,да не мора да стискаме цело време alt+shift...Значи да ги има(пример до смајливциве)овие V(волти),Ω(оми),А(ампери) итн...
Title: Одг: фонт во одговорите
Post by: GigaWatt on 22.05.2011, Sunday, 15:56:20
Треба рачно да се преправа скриптата за тоа, претходно е зборувано на оваа тема, моментално тоа не е можно. Прво, поради тоа што тоа значи многу потрошено време во кодирање, преправање, тестирање, итн. Второ, тоа значи платена скрипта (оваа е бесплатна), а тоа чини пари.

Само сакам уште да напоменам дека ги имаме на ум сите забелешки од страна на членовите, но повеќето од нив се комплицирани преправки и бараат тестирање и рачно преправање на постоечката скрипта, па поради тоа, во моментов не се можни. Голем дел од администрацијата има и приватни обвркси (факултет, работа, фамилија...), така да, најчесто времето посветено на форумот се сведува на проверување на напишани post-ови и одговори на прашања или евентуално поставување на прашања.

Се надевам дека членовите ќе разберат.
Title: Одг: фонт во одговорите
Post by: bicikle on 22.05.2011, Sunday, 19:08:34
не разбирам што има толку тешко да се притиска alt shift додека пишувате
како мислеше ти со кликање на тоа копче автоматски да се менува фонтот ?
не е тешко, досадно е башка некојпат нема да *фати* па ајде поново, а мислам дека би било фино да има таков тулбар, со фонт македонски, али ако не  еизводливо, или ако е тешко изводливо, здравје