Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: BorceBT on 10.10.2009, Saturday, 01:58:16

Title: Поларизација на антените
Post by: BorceBT on 10.10.2009, Saturday, 01:58:16
Прашање:

Дали поларизацијата на антената има важност, од некои луѓе имаме слушнато дека при хоризонтална поларизација се постигнувало подобро покривање (домет) а зошто е тоа така, или пак дека некои предавателни антени зрачат вертикално а некои хоризонтално и не по желба туку по пропис?

Одговор:

Поларизацијата на антената има важност но повеќе на повисоките фрекфенции (кај сателитските антени се користи за да може на иста фрекфенција да зрачат 2 сателити). Меѓутоа, да се грижиме за поларизација под 100MHz и на земјен пренос не е паметно бидејќи сигналот и така прави дифракции и одбивања во кои се менува аголот на поларизацијата неминовно многу пати.

Иначе може некој зборувал за тоа дали е попаметно MW или SW антена да биде поставена вертикално или хоризонтално. Тоа зависи како сакаш да ти биде зрачењето бидејќи дијаграмот на зрачење на тие антени (тие се всушност диполи) е во облик на осмица или половина осмица (полубранов дипол или четвртинка), така да на каде сакате да ти биде завртена таа осмица такво зрачење ќе добиете (вертикално поставена - еднакво зрачење на сите страни кон земјата (површински бран), вертикално нагоре = 0 зрачење и како се оди накај земјата по синусоидална прогресија и хоризонтално поставена - на краевите на диполот (во тој правец) = 0 и најјако зрачење кон средината).
Title: Одг: Поларизација на антените
Post by: DX-er on 10.10.2009, Saturday, 19:09:34
Ама нешто разбрав дека хоризонтално ако е поставена антената ке смета на авио фрекфенциите и затоа е забрането а демек само на државните радиа им е дозволено и хоризонтално поставување на антените. Колку е точно не знам.
Title: Одг: Поларизација на антените
Post by: BorceBT on 11.10.2009, Sunday, 02:50:30
? Не знам.