Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: DX-er on 08.01.2010, Friday, 21:05:28

Title: Twitter
Post by: DX-er on 08.01.2010, Friday, 21:05:28
Гледав една емисија на А2 и имаше некои гости што зборуваа за доброто и лошото на фејсбук, твитер, hi5 и my spase па еден од гостите читаше коментари и прашања од мобилниот телефон и ги коментираше во емисија. Покасно кажа дека тоа се коментари или прашања од twiter па како ли функционира тоа, дали серверот му праќа SMS за секој коментар на неговиот број (бесплатно) или батката сурфа на интернет преку мобилен што не е баш исплатливо и не ми се верува бидејки како што разбрав основата на twiter се пораките. Дали некој од вас има профил на twiter па е запознаен со сето тоа?
Title: Одг: Twiter
Post by: Devil on 08.01.2010, Friday, 21:24:33
не праќаат по мобилен, мора да си зачленет ( да имаш профил ) и да си логиран преку интернет за да може да читаш, е сега дали е исплатливо или не незнам, ама штом зел тој да чита да си игра на мобилен значи него му е исплатливо, можи има бесплатен интернет во зградата кај што се снимаше емисијата
Title: Одг: Twiter
Post by: DX-er on 08.01.2010, Friday, 21:46:16
eпа тогаш што е предноста на Twitter (како сервер за пораки) во споредба со E-mail, MSN, FB и се остало?
Title: Одг: Twiter
Post by: Devil on 08.01.2010, Friday, 22:03:03
твиташ таму :D, има еден тон корисници секој може да му чита на секој пораките, ограничени мислам дека се на 170 карактери и за брз пренос на информаци погодно е, пр пишуваш во скопје пукна бомба или нешто слично и во истиот момент откако ќе ја пратиш пораката на сите твои пријатели им излегува како прва и сите ја читаат и се шири на се повеќе луѓе .....
нешто слично на чет е ама со многу корисници
Title: Одг: Twiter
Post by: DX-er on 09.01.2010, Saturday, 15:00:19
Тоа нешто е како порано мирцот? Пишеш на канал што сакаш и сите може да ппрочитаат :)
Title: Одг: Twiter
Post by: Devil on 09.01.2010, Saturday, 15:29:56
така само што тука не читаат сите туку пријателите што ти е се
а можеш да имаш илјадници пријатели ..
Title: Одг: Twiter
Post by: DX-er on 09.01.2010, Saturday, 16:14:43
Aма па исто и на ФБ е, нели и тамо има нешто како статус или како се вика и ако напишеш нешто сите што ти се пријатели ке прочитаат :)
Title: Одг: Twiter
Post by: LordZi on 09.01.2010, Saturday, 16:17:18
И двете се губење време ако ме прашаш мене...
Title: Одг: Twiter
Post by: DX-er on 09.01.2010, Saturday, 18:05:11
Така е!
Title: Одг: Twiter
Post by: BorceBT on 10.01.2010, Sunday, 11:51:49
Барем овде на форумот можеш да научиш нешто корисно за раслика од тие мрежи.
Title: Одг: Twiter
Post by: DX-er on 10.01.2010, Sunday, 22:08:00
Форумот е незаменлив! Еве се секавате на блогот колку беше популарен ама и колку кратко (година дена) беше, Hi5 колку беше популарен 2 години, вероватно и со ФБ ке биде исто и да не ги редам таквите популарни работи кои се само напумпан балон а форумите повеќе од 10 години постојат и се одлични и константно популарни.