Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Сè останато => Topic started by: Malecko on 24.01.2011, Monday, 23:24:05
-
Еве едноставно алармче за пожар,се состои од познатото NE555,еден термистор,звучник и неколку околни компоненти.Оваа шема работи,еден мој другар ја изработи и работеше,се беше супер без проблем само ставете ги точните делови.Термисторот е од 10К,степените вие бирајте ги (ако најдете),стандардно е за 25 степени целзиусови ;D.Во замена за транзисторот SL100,ставете 2N2222 и нема да има проблем.Само не ми текнува другарчето од колку фаради го стави С2 кондензаторот на шемата,јас колку што знам од 40nF мислам дека нема ;D.
Еве ја шемата:
(http://www.pic.mk/images/firealarmc.jpg)
Исто така колото го симулирав во circuit wizard,тест симулацијата е во атачмент,само кликнете „play“ во програмчето и со маусот регулирајте го отпорот на термисторот,и пратете го текот на струјата... ;) ;D.Ако го изработите,земете со запалка загрејте го термисторот 2-3 секунди и ќе почне да свири :D
-
Само не ми текнува другарчето од колку фаради го стави С2 кондензаторот на шемата,јас колку што знам од 40nF мислам дека нема ;D.
Чисто за информација, постојат кондензатори од 40nF ;)
-
Чисто за информација, постојат кондензатори од 40nF ;)
Да, има нестандардни вредности кај кондензаторите ;). Имам начекувано кондензатори и со вредности од 50nF (исто како кај потенциометрите, некои производители имаат нестандардни вредности). Може да се постави кондензатор од 39nF ако не можеш да најдеш од 40nF, и онака скоро секогаш сите кондезатори што може да се најдат во малопродажба (па и во уредите) се дефинирани со 10% толеранција, ретко некогаш некој да се најде со 5% толеранција, и тоа само во некои уреди во кои прецизноста на компонентите е од големо значење (мерни уреди, итн.).