Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: DX-er on 09.12.2009, Wednesday, 15:45:38
-
Веста е превземена од Емитер а истото списание е симнато од бадијала
(http://pic.mk/images/2dwd.jpg)
-
Мене не ми се верува воопшто.
Прво, со таа волтажа не ми се верува да постигнат 100W а притоа да рабти 10 месеци по 3 саати на ден. Цената е некако евтина за такво нешто (доколку вистина вади 100W на 1,5V)
-
Нормално дека е лага... Значи, да речеме дека засилувачот е 100% ефикасен (да им дадеме предност) и да речеме дека користат AC конвертор (калем, трафо, торус) кој на излез ќе го зголеми напонот доволно за да „вози“ нормални звучници од 4 или 8 оми. Нова батерија од 1.5V AA може при краток спој (нула волти) да даде максимум 5A што значи дека веќе на 2.5A (тестирано) напонот е 1V или околу 2.5W максимум. Најјаките NiMh батерии за полнење се појаки, значи при краток спој може да дадат околу 20A а при 10A може да го држат нивниот напон на 1V што би значело 10W максимум и тоа за време од неколку минути (потоа би се потрошиле). Значи 100W од една 1.5V батерија е смешно. 100W од 10 батерии е можеби можно но тоа не го пишува во текстот. Што е во суштина проблемот. Најголема неефикасност имаат звучниците! Звучникот е само 10 до 20% ефикасен во претворање на струјата во звучна енергија. Попаметно ќе им било на фирмата да се фалат дека измислиле нови високоефикасни електромагнетни звучници отколку дека направиле засилувач 100W на батерии.
-
Тоа што го пишува тотално нема логика. За да се постигне моќност од 100W засилувачот ќе треба да повлече 66А струја, што е огромна струја за секакви стандарди, што самата таа бројка ни кажува дека нема врска натписот. 66А е многу голема струја, за таа струја, би требало да се користат специјални материјали, големи водови, дури од толку голема струја ќе треба да гористиш и дебели кабли за напојување. Од 66А струја и самите кабли ќе ти се загреваат.
-
ту бе само си тресат зелени по весниците :-\
-
а бе тоа можеби стварно работи на батерија од 1,5V, ама па само што ке го уклучиш ке ти се испразни батеријата па ке треба нова да ставаш....
-
Не бе, ќе си купиш стабилизатор 7801,5 ;) ;D
-
а бе не може на 1.5 волти да се извади 100 вати :-\ :-\ :-\ :-X
-
ако може човек да се удави во капка вода тогас и овој засилувач ке даде 100w на 1,5 v
-
Абе небулоза невидена, од 1,5 волти батерија 100 вати, мало морген.
btw, има слично “поучно“ видео на Youtube во кое еден батка напојува телевизор со батерија од 1,5 волти :D :D :D :D :D
-
хахаахаха како бе тоа телевизорнсоо 1.5 батерија ауу има откачени по светов ;D ;D >:(
-
хахаахаха како бе тоа телевизорнсоо 1.5 батерија ауу има откачени по светов ;D ;D >:(
E aj бе сеа збори :D
How to Power a TV using a AAA battery (http://www.youtube.com/watch?v=0rA-zhTJuFU#)
-
Мое мислење е дека има и друг кабел за напојување. Не ми се верува толку многу време да работи со една АА батерија + во тоа завитканото не верувам да има толку моќен инвертор.
-
Абе мислеле на 100 W P.M.P.O ;D ;D ;D
-
Сите лажат, само да продадат нешто, а патем има и будали кои ке поверуваат и ке купат. Ова ги побива законите на физиката, и убаво објасни Емил, само требаше да се прочита меѓу редови. Практично е можно на 1.5V да се направи засилувач од 100W, но тоа големите компании не го направиле тоа дека не е изводливо од страна на напојувањето, ААА батерија неможе да даде толку голема струја, и би се потрошила многу брзо колку и да даде. Што значи ова е уште една кинеска лага, на која ке наседнат некој африканци и ке купат нешто, или уште поинтересно, ке наседнат некои од големиве фирми и ке ја купат таа мала фирма (најверојатно и тоа е идејата).
-
хахаахаха како бе тоа телевизорнсоо 1.5 батерија ауу има откачени по светов ;D ;D >:(
E aj бе сеа збори :D
How to Power a TV using a AAA battery (http://www.youtube.com/watch?v=0rA-zhTJuFU#)
xaxaxaa јако е кујзнае од што беше тој кабел на што ја врза бтеријатба јас имам едно видено вака how to make amp for guitar with tranier and aluminium foil under 1$ појачало за гитара со патики хахах можеби го имаш гледано го ставив на форум
Споено мислење: 12.11.2010, Friday, 12:44:21
а што е и со емитер последно од 2009 си пишувааат глупости порано беше подобар сега пишуваат се и сешто :'( :'(
-
хахаха јас мислам дека нема шанси телевизоров да работи со две батерии од 1.5 волти ама колеги сите имаме батерии што не кошта да пробаме хааха :D
-
хахаха јас мислам дека нема шанси телевизоров да работи со две батерии од 1.5 волти ама колеги сите имаме батерии што не кошта да пробаме хааха :D
Епа од кај знаеш може има некоја финта на тие телевизори,тие работат на 110V,a овие нашиве телевизори работат на 220V ;) ;D
-
Епа ке ставиш батерија од 9 волти :D :D :D
-
произведен е новиот телевизор од 9 волти од страна на даниел спасовски
ви честитаме господине за конструкцијата ;D ;D ;D ;D
-
хеххе не бе јове не сум пробал 8)
-
па пробај што чекаш ;D ;D
-
Лага или вистина незнам ама со проста математика производителот би заработил 8000 $ што не е за потценување ако се исклучи етиката (ако ги лаже купувачите).
-
а е глупости на ју тјуб има еднуш гледав појачало со патики за гитара ;D ;D ;D