Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: DX-er on 07.12.2009, Monday, 23:50:16
-
Направивме Вероника 1W предавател, верзијата е без PLL
Немав
2N4427 па ставив 2N3866, сега за снагата не знам колку е. Ако максимум
со 4427 е скоро 1W со 3866 би била 500mW на 16V (како што е наведено),
Јас го пуштив на 15V бидејки напојувањето толку дава па би требало да имам некој си 400mW ма да не верувам.
Изненаден сум од аудиото, едноставно звукот е подобар од сите предаватели што сум
ги направил до сега, дали тоа се должи дека на овој предавател ставив
BB105 а на сите останати ставав BB204...
(http://img20.imageshack.us/img20/628/veronikat.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/20/veronikat.jpg/)
Монтажна шема
(http://pic.mk/images/1wplace.jpg)
Електрична
(http://pic.mk/images/1wdiapnp.jpg)
Делови
Resistors:
R1+2 10k pot
R3 820k
R4 4.7k
R5-7+19 220r
R8 1.5k
R9 15k
R10+11 1k
R12 33k
R13+14 56r
R15+16 68k
R17 47r
R18 270r
R20 10k
Capacitors
C1, 2, 7, 16, 17, 19,
24, 29 & 31 1n
C3-5 & 8 10u elect.
C6, 18 & 30 220u elect.
C9, 10 & 20 10n
C11 22p*
C12 47p*
C13 22p trimmer
C14 & 15 15p*
C21, C25 & 26 65p trimmer
C22 100p
C23 5.6p
C27 & 28 1.8p
Diodes
D1 KV1310
D2+3 1N4148
D4 Standard LED
D5 1N4001
Transistors
T1+5 BC548
T2+3 BF494
T4 2N4427
http://www.deeknow.com/notes/tech/radio/NorweiganPirateRadioLeague.htm
-
Да, линеарноста на варикап диодата е битна. Мислам дека BB105 има само во Логинг во Скопје ако не се лажам.
-
Што викаш има ли 500mW оти користам 2N3866 наместо 4427 и не е на 16V туку на 13,8V?
-
Провери со тестот со сијалиците што го опишав во делот за мерења. Мислам дека би требало да има 800mW.
-
Me зачудува следново: Вероника 1W како може да извади дури 1w бидејки излезниот степен односно транзисторот би требало да има влезна снага од околу 100тина mW за да тргне и да засили до 1W или максимум колку што е за тој транзистор. Дали овие два осцилатори BF494 даваат дури по 50mW од осцилатор па заедно да имаат околу 100mW или како?
фала однапред
-
Двата работат на дупло помала фрекфенција од 50MHz и тоа во Push-Pull мод така да можат да дадат и повеќе. Мислам дека ти текнува дека имаше Push-Pull предавател некаде подесен да работи на околу ват и пол ама со многу хармоници.
-
A да да во право си, иначе еве го тој од 2W http://elektronika-mk.net/index.php?topic=116.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=116.0)
-
Борче ти ја имаш направено верониката па сакам да те прашам нешто, мојава вероника мислам дека е иста или слична со твојата во РФ делот (без PLLто) па ме интересира дали на сите фрекфенции дава иста снага на излез доколку се е наштеловано како што треба или на ниските или високите фрек. дава повеке или помалце?
-
Зависи од излезните калеми, разликата може да е и до 30% помал излез на крајните фрекфенции ако на пример калемите се наштеловани за 100MHz (средна фрекфенција) но тоа не е битно ако имаш добар ват на излезот.
-
калемите ги правев според напишаното а дава највеке на нај ниските фрек. а некаде на 100МХз дава најмалце а на 107МХз мислам дека појачалото не ни засилува туку само осцилаторот што работи. Што да правам, дали нешто е до тримерите? Ма да ги вртев ама ништо
-
C25 и C26 треба да се наштимани во резонанција (значи треба да пробуваш комбинации прво едниот тример најлево па другиот штимаш целосно, после првиот малку повеќе и го штимаш вториот и така да се занимаваш 1 саат :) ) Иначе ако така прави накај 107MHz губи тогаш L4 намали го на 3 намотки и готово.
-
a ако штеловам толку долго има опасност да се разлабават тримерите?
-
Зависи кои тримери. Ако се оние еднослојните (керамички) има, ако се оние пластични едни целофански (како тие на сликите најгоре) нема.
-
Борче да не знаеш каков микрофон треба да се приклучи на предавателов за да работи? Пробав со компјутерски но ништо, ај ако може зирни на шемата во левиот дел горе па според деловите ако можеш да ми кажеш каков микрофон да му купам. фала однапред
-
Според шемата можеш да ставиш Електродинамички и ако одбереш таква опчија најубаво да направиш и предзасилувач за него а ако сакаш да ставиш кондензаторски микрофон на плусот од микрофонот ке треба да ставиш отпорник кон плусот од напојувањето.Отпорник можеш да ставиш од 10К
-
Да не се повторувам, Гоце е во право. Тој отпорник е всушност напојување на микрофонот. Кондензаторските (електрет) микрофони имаат во нив FET предзасилувач на кој му треба напојување. Напојувањето треба да е од 2 до 9 волти меѓутоа со ставање на отпорници од 3К до 10К може да се „симулира“ напојување од 2 до 9 волти (кога е приклучен отпорникот на +12 волти) и со тоа се регулира на едноставен начин засилувањето на микрофонот. Со 10К имаш најмало засилување но нарамна фрекфентна карактеристика и најмалку шум додека со 3К имаш најсилен излез но со зголемен шум и малку полоша фрекфентна каратеристика. Овој отпорник треба да се поврзи од +12 волти до + на кондензаторскиот микрофон. Минусот на кондензаторскиот микрофон се поврзува на - на склопот а за да знаеш кој е + а кој - на микрофонот треба да мериш кој од пиновите (лемните точки) е поврзан на куќиштето (алуминиумот) на микрофонот и тој е -. Се разбира дека сигналот од микрофонот се зема преку кондензатор (електролитски) за да не му го наруши напојувањето на микрофонот (кондензаторот пропушта само наизменични сигнали). Овој кондензатор веќе постои на влез од предавателот така да може да ставиш само отпорник кон + и да уживаш. Ако ти е слаба модулацијата и при максимум свртен тример пробај најмалку со отпорник 3К (3К3 поточно има во продавниците) и немој помал бидејќи ќе изгори микрофонот и ако и тоа не ти е доволно мораш како што рече Гоце да направиш предзасилувач за микрофон. Некои подобри шеми на предзасилувачи за микрофон засилуваат толку многу што како микрофон можеш да користиш и поврзан обичен звучник (со се разбира со полош квалитет, фрекфентна карактеристика на звукот).
-
A како што е сега во моментов шемата може да се поврзе директно само кондензаторски микрофон ама па на + од микрофонот треба да ставам еден отпорник од 10k, бар така ве разбрав, дали е така?
Оти сакам без додатна електроника туку како што си е.
-
Како што гледам на електричната шема мора да направиш вака:
o +12V
|
|`|
| | 4K7
`|
|/``\--o------||------o Out
MIC |\../--. 1uF
|
_|_
И приклучи го ова на влезот од предавателот што е наменет за микрофон или ако го немаш тоа вградено во линискиот влез ќе биде послабо ама ќе работи.
-
имам едно прашање, кај Т4 меѓу базата и минусот има H1 а за него пише RF choke (H1): This can be made of a resistor of 33k, which you wind app 1/2m of 0.2mm enameled wire around, and solder to each end. Е сега јас наместо да намотам жица на отпорник ставив ферит со намотана жица (не знам колку намотки) па дали е добро или сепак мора да намотам жица на отпорник?
Калемот на феритот се познава малце, доле лево на сликата