Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Логички кола => Topic started by: BorceBT on 10.10.2009, Saturday, 01:11:24
-
Ова е пример за едноставна електронска брава со 5 броеви и користи 2 х 7400 TTL кола. Значи на местото на LED диодата и отпорникот ставате минијатурно 5V реле кое после го поврзувате на електромагнетот на вратата (на бравата) и имате комплетна кодна брава.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=20.0;attach=12677)
Внатрешната шема на колото 7400 заедно со портите е дадена подолу:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=20.0;attach=13036)
-
Ме заинтересира темава. Како може да избереме кои да бидат тие 5 бројки ?
На пример сакам шифрата да биде: 35489
Ако може Борче или некој друг да стави монтажна шема бидејки вака од сликава не ми е баш јасно како да ги поврзам двата IC, каде да поврзам тастери и реле.
-
Лесно е : на место на тастерот означен со број 1 ( пред мултивибратор со N1 /N2) го врзуваш тастерот бр 3 од тастатурата за брава,на тастер бр.2 го врзуваш тастер бр 5 од тастатурата и така натаму.Ако сакаш да ја смениш шифрата треба сано да ги прелемиш соодветните тастери.
Споено мислење: 19.01.2016, Tuesday, 22:32:43
Да биде појасно еве пример за првиот бр 3
-
Фала Батка за појаснувањето, иначе за 10 бројки потребни се 2 IC ? Бидејки едно IC е за 5 бројки. Како би ги поврзал двете IC во еден склоп? Уште ова ме интересира, дали точната шифра мора да ја напишам по реден број или броевите може измешано да се напишат?
-
Можеш и со две ИК да ја направиш,со тоа што мултивибратотот со N1/N2 од второто коло го спојуваш на тастер 5 ,а ги отфрлаш отпорникот 220 оми и ЛЕД ,а нив ке ги ставиш на крај на второто ИК. Само ке немаш комбинација со 10,ами само со 9 броеви 8). Но,мора да предвидиш и место за барем 1 транзистор и реле за да функционира бравата како што треба.Има брави и со лажни тастери кои ја ресетираат бравата и се потешки за *обивање*. ;D ;D
Еве една шема со 2 х CD4013,со комбинација и лажни тастери,како и транзистор и реле за отворање на бравата ,која мора да биде електрична.
http://web.vip.hr/g.ivanevi.vip/el,brava.html
-
Епа тоа ми требаше, да има лажен тастер. Ама во секој случај ако шифрата е 12345 а напишеш 54321 пак ке се отвори бравата :)
-
Каде е излезниот напон на шемава другари? :/
Почетник сум со овие работи па ако може некој да ми објасни подетално.
-
Каде е излезниот напон на шемава другари? :/
Мислиш каде е напојувањето на колото?