Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: batka on 02.09.2010, Thursday, 14:17:45
-
Почитувани форумаши!
На помладите им го представувам а постарите радиоаматери ги потсетувам на својот долгогодишен пријател,колега,соработник и бард на Македонските радио-аматери - покојниот Петар Крајчев од Велес,мој сограѓанин,страстен радиоаматер,конструктор и електроничар-ентузијаст,кому ништо не можеше да му биде недостапно и кој успеа да направи се што ке помислеше да направи.Како радио-аматер постигна се што можеше да се освои,беше во рангот на стоте најдобри телеграфисти на светот во аматерски рамки,а неговиот позивен знак во Јапонија беше знак за распознавање на Република Македонија. Тоа го видов и чув,не верував,ама Јапонците го вреднуваа Велес и Македонија
со успесите и високите критериуми кои нашиот чичко ПЕПИ ги постави.Се ближи ми се чини седум годишнината од неговата смрт,па по тој повод би сакал да се навратам и да се подсетам на него.
Секогаш и во секое време беше спремен да помогне,поготово на младите. Еве една негова фотографија,единствената која ја имам од овој скромен човек.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1895.0;attach=936)
-
Респект.
-
RIP Пепи
-
Не сум знаел дека радио-аматерството во Македонија било толку развиено. Ама сепак, друга генерација сме ние, ние растевме со телевизијата и (малку подоцна) интернетот, сепак во друга ера сме се родиле.
Без разлика, не треба да се забораваат пионерите и страстните ентузијасти во определена област, без разлика за која област станува збор. Нека почива во мир.
-
Не сум знаел дека радио-аматерството во Македонија било толку развиено. Ама сепак, друга генерација сме ние, ние растевме со телевизијата и (малку подоцна) интернетот, сепак во друга ера сме се родиле.
Без разлика, не треба да се забораваат пионерите и страстните ентузијасти во определена област, без разлика за која област станува збор. Нека почива во мир.
Радио-аматерите од Македонија сеуште се меѓу најдобрите во светот.
-
Не сум знаел дека радио-аматерството во Македонија било толку развиено. Ама сепак, друга генерација сме ние, ние растевме со телевизијата и (малку подоцна) интернетот, сепак во друга ера сме се родиле.
Без разлика, не треба да се забораваат пионерите и страстните ентузијасти во определена област, без разлика за која област станува збор. Нека почива во мир.
Радио-аматерите од Македонија сеуште се меѓу најдобрите во светот.
Преправи се. Радио - аматерите во Штип се меѓу најдобрите во светот а најдобри во европа.
GigaWatt, да, радио аматерството БЕШЕ развиено во секој дел од државата но за жал сега нашата мила држава го дотепа тоа хоби и е многу ретко да најдеш жив и активен радио аматер. Нашата врста полека и полека умира и кога и да е во иднина ќе станиме дел од изумрените врсти во Македонија :)
-
Написот точно е наменет за оние кои малку знаат за радиоаматеризмот.Точно е дека Штипјани се најдобри во светот,во Европа,само затоа што неколкумина ентузијасти имаат доблест и време да се занимаваат со ова хоби.Сепак,не се може без подршка на Државата и некои институции.
Сепак ,написов им го посветувам на сите кои сакаат да знаат нешто за луѓето кои оставија белег и печат со својата работа,хуманост и пожртвување.Чичко Перо беше еден од тие.Би сакал да чујам и други представувања ,па ако имате да посочите и истакнете некого тоа ќе биде убаво да се прочита на овие страници.
-
Dlaboka pocit
-
Вчера едно младо момче од Битола,иден велешки зет,влезе кај мене во дукан и се *издаде * дека е радио-аматер.И неговата девојка деновиве ке полагала испит да стане радио-оператор.Разговаравме скоро 1 час за тоа во Велес да заживее Радио Клубот .Ми беше драго што овој млад дечко (роден 1968 год!) чул и разбрал дека во Велес живеел и работел еден од најдобрите радио-аматери на Македонија - чичко Перо(секоја чест на Штипјани).Еве,ги повикувам сите заинтересирани Велешани да контактираме и да го обновиме радио-клубот.Имаме се- ни треба подршка од самите заинтересирани.Да го направиме тоа и да го обновиме она што некој пред нас дозволил да го изгубиме! И клубот да го наречеме - Петар Крајчев.
-
Колега Батка поздрав и од мене и респект до Петар Крајчев :) Сигурно го познaвал Петре Николовски. Тоа е мојот професор по електронски склопови и уреди (предава во Владо Тасевски ПТТ - Скопје) а е по потекло од Велес. Сеуште ми предава и на времето кажуваше дека бил по предавателите ама незнам дали бил радиоаматер. Еве слика од класниот мој :)
(http://pic.mk/thumbs/1232712614.jpg) (http://pic.mk/?v=1232712614.jpg)
-
Твојот професор - мој пријател.Ние сме и комшии.Поздрав до колегата - нишка школа - заедно едно време правевме ЦБ *АТОМ*1 .Антената ГП уште ја гледам стои во нивниот двор ;D ;D
Поздрав до Перица,тој го знае чичко Перо,а добро би ни дошол во Клубот.Респект и за него,тој е постар нешто од мене и ве молам,добар човек е ,не го споулавувајте ;D ;D ;D ;)
-
Ке го поздравам колега ама многу го споулавуваме ;D Не дека сакаме ама знаеш млади сме :)
Како да го поздравам од кого да му речам :) ?
-
batka ке може ли да го пишеш како ти е знакот и дали си активен и на кој бандови кој модови ...
иначе дедо Петре ( z31pk ) му бил учител на мојот инструктор Крстев Зоранче ( z35x ex z31gx )
-
За жал моментално не сум активен на ниеден банд ,освен на форумов :D ;D ;) Но,ке бидам,ветувам. Работев во Yu5FAL ,YU5 FQR......YU1ACR....YU1BCD...,тоа беше одамна.
Иначе се уште сум во CW форма со околу 150 / мин. на прием отворен текст,180/мин броеви ,со*пешак* работам 120-127 моментално.. Вежбам за себе повремено,колку да бидам во форма ;D
-
jas bev vo YU5CPR i rabotev malku vo YU1BKL sega cekam da se prodolzi dozvolata
-
Поздрави го Зоки многу од мене,секаде го фалам него и Венцо,ке се сети кој е од Велес од *заразените* ,кој му даваше полни кутии делови за линеарец :D :D :D ;),а на Перица ,кој за жал иде во Велес ретко ( го срекавам само на по некој погреб :() , само прашајте го кој му е најдобар другар ЦБ-јаш од Велес :D ;) Оставите го човекот малку на мира,тој е прекрасен за работа,само треба да знаете да го искористите.Од него можете многу да научите,многу го ценам!!
-
Овде да не ве има на слика??(Батка и Македонија)?
http://www.radioamator.ro/articole/view.php?id=252
Како може да станам радиоаматер??Сериозно прашувам!Ете сакам да станам што треба да направам?
-
Македонија,кога беше во YU1BKL?? Која година ;)Иначе,од ова романска страница ги познавам сите ;D ;D ;D,ама мене ме нема! >:( Веројатно не сум бил тогаш во МКД ;D ;D ;D. Ако го читаат постов поздрав до сите :од мојата школска другарка Лиле,велешанка -сега штипјанка,сопруга на Венцо,Зоки,Младен,до чичко Алфред Видец,чичко Ване од Велес ( кој не е добар со здравјето и одамна крена раце од радиото,мислам),Младен од Кавадарци,Кочанчани... носталгија,батки мои :-\ Очекувам помош од сите ,кога ке тргнеме со клубов...До тогаш ке вежбам телеграфија.. :) :) :) :)
-
Како може да станам радиоаматер??Сериозно прашувам!Ете сакам да станам што треба да направам?
Од каде да набавам опрема да станам!?Дали може јас 17 годишен ученик да бидам радиооператор?Колку пари е опрема,се ако може да мми кажеш?
-
Многу прашања наеднаш батка мој! Вака ,ке отидеш во просториите на Народна Техника во Скопје во Градски ѕид , позади полициската станица БЕКО и ке се распрашаш каде и како се одржуваат курсеви,кои се условите за членство,полагање итн. Јас сум далеку од тие збиднувања :D :D , Побарај го Зоки во Техника и поздрави го од Претседателот на НТ Велес ;)
и ке ти биде простено што досега не си станал радио-аматер! ;) ;) :D
-
Зоки има наочари?Мислам го знам,слаб човек е,висок?Така?Инаку фала ќе прашам,не за џабе сум член на Народна Техника т.е. ученик на електроника! ;D
-
do 1975
-
Респект Македонија,ти си метузалем :D Тој Зоки е,а и мојов секретар во НТ Велес е Зоки ;D
-
tamu polagav za radio konstruktor i uste ja imam diplomata,a vo Strumica za otvaranje servis,ama ne otvoriv trebase da rabotam vo Siemens vo Berlin ama ne otidov,
-
YU1BKL е знак за Југославија од Скопје?Или од кој град?
-
YU1BKL е знак на РК * Београд* Кнез Михајлова 44 :D :D Бев и таму 2-3 пати.Иначе втора класа положив во Бг на Бањица ,1986 г. .Таа година бевме прваци на ЈУ ,а поединечно бев 4 -ти CW отворен текст.Првак тогаш беше едно момче од Зеница,кој беше подобар во сите категории бар за 20% од сите натпреварувачи.Еден од најдобрите младинци воопшто во Европа.Имаше 20 години, а потоа загина во Сараево во војната.Се викаше Суад Зукиќ.Да го спомнам и него,беше феномен - преку 200 отворен текст..
-
а дали може јас да си купам станица?Ако најдам на отпад дали може да се искористи?
-
Не можеш туку така да купиш станица :D И на отпад ги нема ;D ПРво научи нешто,положи испит,извади дозвола за работа,за поставување станица (постојат некои услови) ,а потоа пушти се во потрага по станица која не е баш многу евтина .Не знам дали воопшто ги има на пазар 3 ;),ама преку аматерите можеби ке најдеш.Почни на 3,5м Мхз (80 метри) SSB на 3700 Кхз ти е отворен *пазар* за разговор и како што велеше еден мој Лала од 1БЦД * где се скупљају квачке и кокошке..*
Порано имаше и СКЕД на ранобудници - кој ме може да спие или мора рано да станува од 6,00 до 9,00 беше на *бандот* - имаше се да чуеш:од тоа какво е времето,кој што доручкува,пие,мези,што има за ручек.. до озбилни теми - барање лекови,помош околу некој проблем... ми недостига тоа ;D :-\
-
па добро,ако налетам на некоја!(ако работи) може да се најде!Инаку колку пари кошта една станица што е 3,5 МХз!?
-
Мислам дека можеш да најдеш од 300-500 ЕУ ,а нешто подобро е над 1000 ЕУ...,без антена ,коаксијалец....прибор ?!
-
Ok ке го поздравам иначе сеа направи еден 2 kW ( му помагавме околу него ја и еден другар ) али едната лампа дава само 600 W и не може да се стави во функција па верувам дека од 2011 ке почнеме со него да работеме контести :)
-
koi lampi se za 2kw ruski gu ili drugi
-
линеарот е со 2 GU81 кои даваат по 1 kW
-
Јас имам дома термопечка 2 КВ ;)
Споено мислење: 01.12.2010, Wednesday, 14:50:22
Ако му фали на Зоки нешто,нека се јави ,имам уште полни кутии во НТ Велес. ;)
-
Друже Батка,ми рекоа дека више немало таков курс за радиоаматери!Што да правам!? :-\
-
odi tuka i procitaj ima upatstva za tvoite zelbi
http://z37rsm.org.mk/d1/index.php/2010-03-28-02-11-20.html
http://z37rsm.org.mk/d1/attachments/070_UPATSTVO-radioamateri1.pdf
-
го имам ова прочитано!Па затоа се одлучив да идам на курс!
-
Почекај,веројатно нареднава година ке има курсеви.Побарај некој активен клуб во СК и зачлени се.Во меѓувреме имаш некој материјал на Интернет,па почни да учиш - прво морзе,кратенките,правилата...
-
Еве нешто и од мене колеги ;)
http://hotfile.com/dl/92518363/f51ef98/_____.doc.html