Македонски форум за електроника
Околу форумот => Побарувања => Topic started by: Z31GH on 04.08.2021, Wednesday, 21:26:55
-
Почитувани колеги.
Одамна не сум бил тука на форумот, а имам толку многу да пишувам и кажам. Фотобукет не е повеќе бесплатен и потребна ми е нова страна на која што можам да кревам слики. Доколку некој може да ми каже која е најдобра алтернатива, би му бил благодарен
-
Јас го користам овој хост, досега функционира како што треба:
https://postimages.org/
-
Благодарам на инфо :)
-
Јас користам.
https://imgbox.com/
Бесплатен е и немора да се регистрираш може одма да ставаш слики на интернет.
-
Прашање е колку долго ќе стојат сликите на тој клауд.
-
Некако imgur сега за сега се има покажано како најстабилен... мада никогаш не знаеш кога ќе им текне да сменат политика :-\.
Треба embed на attachments (слики) во post да се стави како опција на форумов... имав направено тест верзија, ама никогаш не ја доработив :-\...
Сега за сега, вака снаоѓајте се, ќе гледам да го завршам тоа :-\.
-
Некако imgur сега за сега се има покажано како најстабилен... мада никогаш не знаеш кога ќе им текне да сменат политика :-\.
Исто мислам дека се најстабилни, еве неколку години ги користам imgur и никогаш се нема случено некоја слика да исчезне.
Имат исто и апликација за мобилен IOS/Android кој што ветува дека не се за кратки стази, мада никогаш не се знае. ;)

Да, тоа ветува, не викам не, но... од досегашното искуство, сепак, најдоброто решение е да се upload-ираат директно на форумот (освен оние што се за зезање, продажби, off-topic секции, итн.) и да се прави embedding на сликата во post-от (автоматски, се разбира, или со некое копче ;)), што значи дека топката е сега во мои раце :P :D.
-
Z31GH, те очекуваме со нови содржини 👍
-
кај би, што се праеш енглез :D
-
Благодарам на информациите. Значи како што го разбрав GigaWatt може и директно на форумот? Знам дека порано не беше дозволено тоа.
-
Стави ги на форум, нека стојат ;). Може малку да ги оптимизрам, поголема компресија, ова, она, да зафаќаат помалку ;).