Македонски форум за електроника
Огласи и понуди => Купувам => Topic started by: nikola_bb on 17.07.2021, Saturday, 11:17:37
-
Дечки ми треба некој со програматор за да ми испрограмира 12F675. Може и на ваше чипче, моево не сум сигурен зошто ме зезна...
За услугата си плаќам. Се работи за полнач за акумулатор со 4 режими на полнење.
-
Може, 1500 ден. ќе те кошта услугата. После тоа, ти го давам и програматорот (PICKit 3 - оригинал), и во иднина сам ќе си програмираш PIC-ови.
-
Или, прати ми го hex фајлот, донеси празно пикче и ќе го програмираме за неполна минута и тоа бесплатно! :)
-
Или ако не те мрзи можеш да направиш нешто вакво.
https://www.instructables.com/DIY-1-PIC-12f675-JDM-Programmer-Cheap-and-Easy/
-
ми треба некој со програматор за да ми испрограмира 12F675
Прати ми hex фајл и дојди да си земеш испрограмиран PIC, бесплатно (ако си од Ск).
Или ако не те мрзи можеш да направиш нешто вакво.
Тој програматор може да се користи само ако има компјутер со сериски порт. Нема да работи со конвертор.
-
Или, прати ми го hex фајлот, донеси празно пикче и ќе го програмираме за неполна минута и тоа бесплатно! :)
Прати ми hex фајл и дојди да си земеш испрограмиран PIC, бесплатно (ако си од Ск).
Истата понуда важи и од мене ;).
-
Тој програматор може да се користи само ако има компјутер со сериски порт. Нема да работи со конвертор.
Би требало да може да работи со преправки ;).
Сепак, не се исплати... цената на програматорите е прилично ниска... да преправам цела шема за да работи на USB-To-Serial... не гледам поента :-\... веќе сите програматори се и онака на USB.
-
Сега не се исплати со сите тие програматори од кина, но доколку ти треба во 3 по полноќ се наогјаат шеми по нет со пасивни компоненти кои се прават брзо и прилично лесно за да се заврши работа во моментот.
-
Тоа да, нема збор ;).
-
Дечки фала на понудиве, линкот од кај што треба да го симнам hex-от не функционира. Чекам да ми дадат алтернативен па ќе средиме.