Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: mikromk on 10.05.2020, Sunday, 13:58:38
-
После многу години повторно почнав со изработка на мал стерео проект.
Ако има интерес постепено ќе го презентирам целиот проект кој го правам за младите кои сакаат да слушаат музика од компјутери,мобилни и останати дигитални извори на звук.
Проектот се состои од:
- MP3 Player Bluetooth & FM Transmitters(кинески 3-4eur)
-Засилувач со TDA7375A ,многу едноставно шема го има кај нас (2 eur) , работи како класично стерео (2.0)2х35w ,стерео +бас(2.1) или кватро (2.2)
Напојување +12v , 8A
Звучници од стар систем кои се во пластицни кутии, превам нови кутии од медијапан.
Забелешки и прашања се добродојдени
-
Можеш слободно да го презентираш проектот, сигурен сум дека ќе има интерес.
-
Намена,
Стерео засилувач за дигитални записи ,ФМ радио идеален за мали соби ,
Во овој проект засилувачот е дел од звучниците со кои прави една целина.
Звуцниците се компресорски тип.Во долниот дел на едниот е напојуванјето ,а во другиот MP3 Player и засилувачот.
Избор на елементи:
MP3 Player Bluetooth & FM Transmitters,
Од Кина(се нуди и кај нас)
Ако купувате од Кина изберите продавач со висок рејтинг и поголем број на продадени делови.Најдобро е да е производител ,а не продавач на се и сешто.
За дадениов MP3 Player проверите дали работи на 12v,како би имале исти напон на MP3 Player и засилувачот.На сликата даден е еден пример од MP3 Player кој ги задоволува овие услови .Цена околу 3 еур со превоз (засега пратките од Кина стигнуваат многу тешко поради редки карго авио линии) ,
Засилувач,
Шема од https://www.st.com/resource/en/datasheet/tda7375v.pdf
Figure 5. Double Bridge(2.0)
Или ако ви одговара некоја друга Quad Stereo(2.2) или Stereo/Bridge(2.1).Ако немате искуство најдобро е да се употребуваат шеми од производителот на интегралецот.
Ознаките во загради значат (2.0)стерео,(2.1)стерео +бас,(2.2) кватро стерео два предни и два задни звучници.
Интегралецот го има во Македонија , околу 2 еур.
Плочка, многу едноставна .Се продаваат на форумов.
Појачалото денес е тестирано и се е во ред.
Проба на појачалото најдобро е да се прави на обични стари звучници,јас во принцип користам од телевизор без кутии.
Напојување за проба користев лабараториско +12v ,3А
За напојувањето подоцна, ќе биде торусно(зашто!!!!) кај нас во Македонија се прават машинско мотани.Се продаваат на форумов.
-
Како ќе изгледаат звучниците во комплет со засилувачот
(http://www.mediafire.com/convkey/7f9b/5859e87kkp3f7ubzg.jpg)
(http://www.mediafire.com/convkey/f632/u9t8qorio0nrts8zg.jpg)
-
Овие блутут радивца/плеери се закон, имам неколку нарачано до сега, супер се за парите.
-
Да да, супер се, но треба да се внимава дека исти вакви ги шиткат и без блутут модул, значи има само mp3 репродукција и радио.
Баш се вакви како што се на сликата погоре (над дисплејот пишува music speakers), оние кои што имат блутут модул над дисплејот убаво си пишува bluetooth.
На оваа слика убаво се гледа модулот за блутут. :)
(http://www.mediafire.com/convkey/7c98/rbeok0nyxxfym4dzg.jpg)
-
Точно,се продава се и сешто.Зато напишав дека мора убаво да се обрни внимание на секој детал и да се читаат постовите под производот.
Производот кој е на сликата е слуцајно ставен ,но има блутут,се гледа и од знакот на него и од сликата .
Во секој случај мора да се чита се што пишува ,а не само насловот од производот.
-
...Да да, супер се...Значи задоволуваат „минимум квалитет за добар звук“?
-
Не се ништо полоши од останатите кинески аудио „направи“ од тој калибар, со добар засилувач и звучници звукот е сосема ок, а имаш мали диимензии и многу опции, радио, блутут, усб, сд картица, далечинско...
-
По реално звучи минимум пари за добар звук.Најслаб дел е фм приемот ,но ако се стави и подеси антената тогаш е задоволително.
Проблем е ако се вгради во возило и тогаш има проблем со радио приемот.
-
Први впечатоци
MP3 Player, се работи, радио станици меморира аутоматски и е со пристоен квалитет, Bluetooth работи и лесно се поврзува со телефон,приклуцокот за поврзување на телефон или компјутер работи добро.Наинтересно MP3 Player има избор на тип на музика која ја слушаме рок, класика и др. и многу добро се слушаат разликите .Се се командува со далечинско .
Засилувачот не го форсирав има мал ладилник и напојуванјето е мало.
Намерно го пробав са звучници кои добро ги познавам(B&W 601–S2 mk) и пријатно ме изненади ,се бореше со нив но не се предаваше.
Заклучок, подобар од сите дигитални Bluetooth засилувачи со звучници кои се продаваат.Супер за својата намена и цена.
Останува уште доста работа на овој ситем(напојување,звучници подесување)
Објаснување, ознаката на звучниците B&W 601–S2 mk
Оваа ознака со наставка mk не постои јас ја додадов од причина што звучниците се направени со оригинал средни-бас кевлар звучници, оригиналните високотонци со Ал килоти кои мене и на многу други ни звучеа помалку метелно заменети се со нови,кутиите се по димензии исти како оригиналот.Преместен е бас рефлекс отворот одпозади,скретницата малу модифинирана во однос на оригиналната.
Мене вака ми звучат подобро (субјективно!!!!!!)
-
Доста солидно за низ дома, да не тегниш кабел со тебе, едноставно си се поврзуваш и работи, многу ме бендиса решениево...
-
Јас сакав со некое старо радио за во кола да правам нешто вакво... не поради друго, ако не повеќе барем звукот е прилично солиден, но да, и ова брка работа. Секако многу практично е тоа што има Bluetooth onboard и USB, што тешко ќе биде да се монтира на класично радио.
Можеби евентуално да се направи комбинација од баш класично стар радио-кастетофон за автомобил, да се искористи влезот за Tape да биде влез за вакво чудо ;).
Има некои вакви направии поскапи, со LCD, да вадат подобар звук, итн.? Не мора да имаат излезен засилувач.
-
Сум гледал вакви исти монтирани во отворот за касети кај постарите авто радија, и така никој не користи повеќе касети :).
-
Има едно видео на YT каде русин монтира ваков модул на авторадио на местото каде што влегува касетата. Е сега не е многу лично но брка работа. :)
-
Иако идеата беше целиот систем да работи на +12v, сепак по подолго слушање се одлучив на го подигнам напонот на +14,4v за кој напон дадени се сите карактеристики. За чудо како да се работи за сосема друго појачало,сепак се работи за 20% поголем напон.Поради напонот до+12v на кој работи MP3 Player ставив стабилизатор и тоа на +10v .
Засилувачот реално до снага од 2Х20w звучи многу добро,идеално за детски соби до околу 20м2.Нормално бара поефикасни звучници.
Останува да го добијам торусниот трансформатор,звучниците се расклопени,дизајнот да целиот систем е готов , останува да изберам медијапан ,
но ова ке потрае . Се надевам до поцеток на јуни се ќе биде готово.
-
Здраво GigaWatt
И јас размислував за нешто поквалитетно,но најдов само со екран ,а према дизајнот на плоцката треба да е во ред , но радиото е најслаб дел.
За исти пари имаш 2din радија за автомобил, но јас не сакав системот да личи на радио за кола,а и појачалата во ниф не се најквалитетни.
MP3 Player кој го употребувам највероватно ќе го соголам и ќе направам друга маска да не личи како сите други.
https://www.aliexpress.com/item/32950082623.html
(http://www.mediafire.com/convkey/f2ae/gzlm4u20scigzllzg.jpg)
https://www.aliexpress.com/item/32894832216.html
(http://www.mediafire.com/convkey/f837/ig9260n22fu4kljzg.jpg)
(http://www.mediafire.com/convkey/4b74/rq09pd2j4nedz6lzg.jpg)
-
Сум ги чул овие модули, другар еден купи вакво чудо, као демек за во кола... радио, едвај фаќа, а аудио декодерот им е катастрофа. Единствено што функционира асално е само екранот, т.е. видео плеерот. Тоа е ОК, ама од аудио аспект, не се добри :-\.
-
Брата ми има некое рафивце со tda3788 со бт, усб микро картца, корнит растурат. Голден мото е фирмата ( или голдмото), едино тебале да стаат гумичиња кај инпут, аутпут усв, оти нели за на мотор е. 30$ е, вреди секој цент. Пред некој ден Димитармк го оправаше, баш ради што влегло вода кај излазот за слушалки и праеше константен спој т.е. како да има постојано слушалки па не работеше.