Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Предзасилувачи => Topic started by: KiloVolt on 19.02.2020, Wednesday, 15:43:35
-
Ситуацијата е следнава:
Во бас гитара вградив активна електроника, клон на Darkglass B3K педала. Напојувањето ми е 12V од 7812 регулатор преку стерео кабел до самата гитара.
Заприметив дека поради близината на жиците на влезот и излезот, заради големо засилување, бидеќи сепак, ова е ефект за дисторзија, се јавува значајна фонија.
Моето прашање е како да одредам дали фидбекот се јавува по пат на електромагнетна индукција, по капацитивен пат, и дали би можело да се реши со тенки коаксијални кабли, или треба да барам друго решение?
-
Да пробаш прво да го намалиш гејнот?
-
Да, и јас прво би одел со предлогот на LordZi.
-
Тешки метали и малку гејн? :(
Ме интересираше дали мислите дека коаксијален би помогнал, а размислував и за целосно прераспоредување на жиците...
Инаку гејнот не помогна многу, пробував, самиот ефект има многу гејн намалувањето од потенциометар не правеше некоја огромна разлика, би сакал да го решам проблемов од корен.
-
Можно е и плочката да не си ја направил баш како што треба, да нема доволно маса на неа ???. Масата е важна кога станува збор за нисконапонски сигнали. Ако си користел оклопен кабел за поврзување, не би требало тоа да биде причината. Дебелината евентуално може да влијае врз горната гранична фреквенција при преносот на сигналот, но освен тоа, не би требало да внесе фонија во сигналот.
Пробај краткоспој го влезот од магнетите и види дали тогаш ќе се јави фонија. Пробај кљанкај го малку предзасилувачот, види дали ќе доведе тоа до фонија... или пробај приближувај го до магнетите. Ако пак се јави фонија, можно е да е проблематичен дизајнот на плочката.
Како изгледа шемата за напојувачката секција? Се јавува брум кај предзасилувачот или само фонија?
-
Ако ги приближувам влезната и излезната жичка се засилува фонијата, ако ги оддалечам многу останува само малку брум, ама то е стандарден брум од самиот засилувач... исто заприметив се зголемува фреквенцијата на самата фонија како што ги приближувам. Плочката е правена како клон на оригиналот, не верувам да има проблеми заради маса. Оклопен кабел е само меѓу засилувачот и гитарата, внатре во гитарата немам оклопени кабли, ама то е следното нешто шо го планирам...
-
Пак мислам дека имаш превише гејн, ако е модулот со операциски засилувач пробај смени ги отпорниците што го поставуваат гејнот, ако е со транзистори закачи ја шемата да видиме што може да се направи во врска со тоа.
-
Ај пробај напојувај го од 9V-на батерија (или евентуално комбинација од 9V-на и 2 x 1.5V за да постигнеш 12V)... чисто да елиминираме дали е напојувањето она што го прави овој проблем ;).
-
Не е дефинитивно, го имам пробано надвор од гитарата работеше перфектно на 12V. Имам дури и снимки како звучи, може да прикачам, помалку од мегабајт е.
Ќе пробам со коаксијални каблиња каде што е сигналот, ако не бива, со алуминиумска лента ќе ги оклопам и жиците од потенциометрите и прекинувачите, на крај на краиштата, ако и тоа не работи, ќе си направам друг за во гитарата, а овај ќе го адаптирам во педала... Ќе пишам апдејт кога ќе средам нешто, басот не е кај мене, на сервис е во Охрид.
-
А сите сигнални водови не беа со оклопни каблиња направени? Тие до потенциометрите исто така ќе треба да ги направиш со оклопни каблиња. Дури и куќуиштата на потенциометрите, ако се метални, пожелно е да ги врзеш за маса.
-
Јас си бев лабав и си реков ај, штом сите потенциометри ми се на заедничка маса врзани, и цела празнина во гитарата ми е обложена со алуминиум, ваљда нема да има шумови. И точно, нема шумови од надвор, сите се некои фидбекови од внатре... хахаххах Да видиме дали ќе се среди, ќе земам од логинг онаков тенок коаксијален за камери.