Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: MKD-Boy on 02.02.2019, Saturday, 21:58:02

Title: Мислење за „Локатор“
Post by: MKD-Boy on 02.02.2019, Saturday, 21:58:02
Поздрав дечки,

Неодамна се сретнав со едно интересно направиче, односно држач со некој си лагер, цевка и обична антена на вовлекување од радио... Имено станува збор за „локатор“ или поточно локатор на некој материјали како сребро, злато, бронза и тн...
И за некое чудо функционираше на незнам кој начин.. само фати човеков стави злато во едниот дел од цевката ја отвори антената и започна да „лоцира“ демек :)

Па пошо е лесно за изработка... ај реков да пробам :) скоцкав едно под димензии кој ги најов на некој си мексикански сајт.. шандара бандара, и на мое огромно изненадување функционира  8) врти сучи прави и ме донесе до златото каде што го имав оставено на подот.

Па ме интересира, како може да функционира таква едноставна справа ?! златото зрачи некоја фрекфенција ?! па локаторов ја лови фрекфенцијата?!
Запознаен е некој?
Title: Re: Мислење за „Локатор“
Post by: LordZi on 02.02.2019, Saturday, 22:04:01
Без повеќе податоци за уредот, шема и сл. никој не може да ти одговори.
Јас лично сум скептичен дека функционира.
Title: Re: Мислење за „Локатор“
Post by: MKD-Boy on 02.02.2019, Saturday, 22:08:44
Одма сега, и фотографија и информации и видео..

Повеќе информации не знам што да дадам, освен тоа дека внатре во цевчето се наоѓа намотка од бакарна жица, поточно 11 намотки.. на намотката се закачува антенчето.. 
П,с еве линк


A еве ви и шемичка..
Title: Re: Мислење за „Локатор“
Post by: LordZi on 02.02.2019, Saturday, 22:41:40
Snake oil... 8)
Title: Re: Мислење за „Локатор“
Post by: tanatos on 02.02.2019, Saturday, 23:14:04
Сите електронски компоненти работат на бел чад, кога ќе го испуштат, НЕ РАБОТАТ. Чудово не работи на бел чад.
Сега сериозно, ова и сличните направи на него колку и да изгледаат интересно се ТОТАЛНО НЕУПОТРЕБЛИВИ. Не си го губи времето и парите. Не постојат "далински", " ласерски" и слични мамбо џамбо детектори на злато што работат.

Доколку сакаш да лоцираш метал под земја ти треба метал детектор (BFO, VLF, BB, PI, T/R, ...) секој со свој предности и недостатоци, GPR (Ground Penetrating Radar) скапа играчка кај "златарите" позната како "скенер" или термална камера со висока резолуција и поволни метролошки услови (само за голема колучина метал блиску до површина).
Title: Re: Мислење за „Локатор“
Post by: bicikle on 02.02.2019, Saturday, 23:21:31
Работи на индукција, а со промена на средината (од  паркет во злато) се менува и флуксот, што се детектира. Инаку една профи справа за барање злато е 2000 евра, најефтината. И да тие не се „мижи да ти баам“, функционираат.
Разликата е што ефтини уреди детектираат метал, а не стриктно злато на 2 см под земја, а ретко кој го закопал богатството на 2цм под земја. секако треба и да знаеш кај да бараш. познавам луѓе што цел живот ги бараат нивните милион долари( секако во злато), но освен некоја паричка во вредност од 50-60евра не нашле нешто позначајно. Мапи, преданија, копања, уривање планини (не буквално али големи подвизи правеле), џабе сето тоа... Подобро да се бафташ со препродажба на артефакти( ШТО Е ИЛЕГАЛНО), поисплатливо е, ама и ќорка се оди :D
Title: Re: Мислење за „Локатор“
Post by: MKD-Boy on 02.02.2019, Saturday, 23:37:02
Ај па, колку и да го бараш џабе ти е.. азното само ќе си дојди :P ако е за тебе нормално :)
Ама тоа ме зачуди, што пробав и да го фиксирам на фиксна подлога, застанав на еден метар од него.. со злато во раце, како што се движев антената се придвижуваше према мене :)
Го пробав тоа, пошо ај реков, со ова што го ставив златото на земја, може механички некако антенчето сум го придвижувал (пошо нормално знаеш каде е) али сепак.... не знам до што е :)

Сепак има едно нешто што може да наежи „висак“ сум видел човек едноставно каде што детектира со висак и најде :)
Не сакаше да ми каже како го изведува тоа.
Иначе јас лично до сеа имам најдено 34 грама златен медаљон :) со обичен хоби home made метал детектор.
Title: Re: Мислење за „Локатор“
Post by: bicikle on 03.02.2019, Sunday, 00:17:21
Кај си го нашол, дома некаде или по планињено.
Висак ти е тоа како на видеото со жиците бакарни? јас знам дека со жиците бакарни бараа вода, и прецизноста е околу 100%. ваљда на електромагнетно поле реагира. Секој проводник кој се движи (водата) во електромагнетно поле(од земјата) ствара сРуја... па овие се доволно осетливи. Е сега за златото не знам баш,...
Title: Re: Мислење за „Локатор“
Post by: GigaWatt on 03.02.2019, Sunday, 01:32:31
Ама тоа ме зачуди, што пробав и да го фиксирам на фиксна подлога, застанав на еден метар од него.. со злато во раце, како што се движев антената се придвижуваше према мене :)

Е ај баш снимај 8). Ама затвори џамови, ова она, нека нема ветер, промаја, па да верувам, инаку, во секоја друга комбинација (како дечконо на клипот), може да речам „абе ветерот ги држи во таа насока“ и навистина може да е така.

Искрено, не дека не верувам дека можно е да има некакво си привлекување меѓу двата метали, туку повеќе е муабетот, дури и да постои такво нешто, тоа привлекување ќе биде толку слабо што не верувам дека може да се детектира на овој начин со оваа направа. Генерално, ова се базира на некоја си „квази наука“... не е докажано дека субстанции или материјали од ист тип се привлекуваат едни со други повеќе од материјали кои се разликуваат едни од други (тука не ги сметаме материјалите со магнетни својства, тие се посебна група). А дури и ако е така, гравитацијата е сигурно појака и сигурно не може „туку така“ да се анулира со монтирање на неколку лагерчиња.

Ако сакал дечкото да докаже нешто, требал да снима клип како што посочив и како што ти спомна. Ако навистина се случува такво нешто, ОК, можно е со резултати од експерименти во контролирани услови да се отиде до некоја научна институција и да пробаат и таму и да проверат дали ќе добијат исти или слични резултати. Ова се вика научен метод на докажување на определена хипотеза. Ако од сите експерименти се добијат исти или слични резултати, има услови да се испитува овој феномен и да се развие теорија зад него. Ако не се добијат исти резултати или резултатите драстично се разликуваат, најверојатно станува збор за пропадната хипотеза. Единствен начин да се постави теоријата како теорија е ако може математички да се опише. Ако не може, таа хипотеза никогаш нема да стане теорија.

Си има цела наука за детекција на метали и други материјали под земја итн. која е добро естаблирана, и да, генерално, повеќето од нив работат на бел чад :P :D.

Висак ти е тоа како на видеото со жиците бакарни? јас знам дека со жиците бакарни бараа вода, и прецизноста е околу 100%. ваљда на електромагнетно поле реагира. Секој проводник кој се движи (водата) во електромагнетно поле(од земјата) ствара сРуја... па овие се доволно осетливи. Е сега за златото не знам баш,...

Би требало по прецизни резултати да се добијат со некој метал со магнетни својства, по оваа логика, а не со бакар или со злато ???. Барем мене тоа би ми било по логично.
Title: Re: Мислење за „Локатор“
Post by: dr-mr on 03.02.2019, Sunday, 02:04:06
Зошто крие некои делови од видеото, да не видиме каде му е закопано златото или?  :)
Метод за баранје што и да е ако функционирта и од него се заработува нема да биде објавен на Youtube или на друго место беспари, барем не додека повеке се исплати да се користи методот отколку да се очекува заработка од прегледи на  youtube.
Title: Re: Мислење за „Локатор“
Post by: GigaWatt on 03.02.2019, Sunday, 02:06:50
Зошто крие некои делови од видеото, да не видиме каде му е закопано златото или?  :)

Да, и мене тоа ми падна сомнително... не гледам причина да заматува делови од видеото бидејќи никаде не му се гледа лицето, камерата му е поставена на глава.

И некако изгледа како заматувањата да се случајни, без некоја логика зад нив... уште по сомнително е ова, барем според мене.
Title: Re: Мислење за „Локатор“
Post by: bicikle on 03.02.2019, Sunday, 06:33:40
Спроводник со мал отпор за да биде поголема индуцираната струја, но за злато кое мирува... Тешко. Имаше некои теории за некоја си материја дека се привлекува, али тоа беше теорија на заговор и немаше никаква врска со злато... мене ми изгледа како ептен рандом да вртат шипчињата.. ако беше ова точ о, до сега типчено од клипон миљардер ќе беше. Се надевам Мкд Бој ќе не почасти со еден клип, па ќе ја тепаме глата како е можно :)
Title: Re: Мислење за „Локатор“
Post by: tanatos on 03.02.2019, Sunday, 11:02:40
Ако ова и сличните на него функционира, нема потреба од барање злато по планини или подземна вода по ниви. Дедо Ренди се уште нуди 1000000$ (милионче) за било кој што во контролирани услови ќе успее да докаже функционалност. Чисто легално милионче.
Title: Re: Мислење за „Локатор“
Post by: batka on 03.02.2019, Sunday, 13:26:47
Батки, не е се на Јутјуб реално и вистинито. :P Гледајте ги само оние  спотчиња за ``чиста`` енергија со магнети, калеми и автомобилски свеќици! ;D ;D!Брука невидена. >:( Така и за детекторите за злато - нема сигурни резултати ако не се потрошите од 2000 до 12000 долари за добар апарат.Ама тука е веќе проблем со законот кој не дозволува да се употребуваат такви апарати без посебна дозвола! ::) Иначе, има една руска шема која е прифатливо евтина и со неа може да се направи апарат кој може да служи за трагање ,ама до одредени граници. 8) Ако некој сака да истражува, летото поминете го со таков апарат на некоја ``доходовна `` плажа по заминувањето на капачите. ;)На никој не му текнало да објави оглас за ``трагач по злато на плажа``.Интересно занимање! ;D ;D ;D
Title: Re: Мислење за „Локатор“
Post by: LordZi on 03.02.2019, Sunday, 13:56:12
Ни скап апарат не е гаранција дека ќе „уловиш“ нешто и многу често дава лажни резултати. Случката е од пред многу години, state-of-the-art апарат од околу 10к евра (можда и марки да беа, не се сеќавам), кратовски регион, почна да свири како луд над еден поприлично голем камен со релативно правилна форма, викаме готово, тука е златото, со триста маки го превртивме каменот кога под него топки, ни да писне детекторот. После утврдивме дека детекторот реагира на самиот камен, којзнае што се имаше во неговиот состав, пошто целиот тој крај е нели, вулкански... :)
Title: Re: Мислење за „Локатор“
Post by: bicikle on 03.02.2019, Sunday, 16:47:22
Може каменот бил вреден/имал златна руда...

*p.s. Гига без код линковите од yt  се прикажуваат, за ова зборев дека има ауто код... или што и да е , ама cool работа е.
Title: Re: Мислење за „Локатор“
Post by: Napsterce on 04.02.2019, Monday, 00:15:15
Оваа плочка е за еден вид електронски локатор, LordZi ја има изработено. За првото видео побарајте на интернет "downsing", уште од најстари времиња е познато и луѓето наоѓаат вода со леснотија и ценени метали прилично потешко. Земете една најобична електрода и може да пробате, на некое зарѓано железо веднаш ќе се свртат шипките, за злато си треба повеќе тренинг. Од голема помош е ако имате побуда на закопаниот метал...

(https://i.postimg.cc/13ZnsYqz/WP-20170813-006.jpg)
Title: Re: Мислење за „Локатор“
Post by: bicikle on 04.02.2019, Monday, 00:57:42
како оди тиа за вода разбираш ?
Title: Re: Мислење за „Локатор“
Post by: GigaWatt on 04.02.2019, Monday, 03:39:57
*p.s. Гига без код линковите од yt  се прикажуваат, за ова зборев дека има ауто код... или што и да е , ама cool работа е.

Да да, ми стана јасно, скриптата автоматски прави embed на YouTube player-от ако види дека има линк од YouTube во post-от ;). Да, не е лошо како опција и корисно ;).
Title: Re: Мислење за „Локатор“
Post by: dr-mr on 05.02.2019, Tuesday, 22:25:07
На Discovery гледав денес Expedition Unknown - The Legend of Jesse James таму еден од трагачите на злато користеше таков локатор како од првото видео.
Според трагачот тоа функционира а археологот од discovery каналот не беше убеден.
После малку вртенје со таа играчка и копање дупка од 5 метри најдоа конзерва од грашок друго ништо.
Се гледа "успешното" функционирање на дело :)  .

Видео од таа емисија, но аудиото касни, на 19мин се гледа играчката.