Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: nsu on 13.04.2017, Thursday, 21:13:53

Title: Pest Reject
Post by: nsu on 13.04.2017, Thursday, 21:13:53
Г*мното наречено Pest Reject превара обичен трепкач астабилен мултивибратор со интегрираното коло NE555 и осцилатор за високи тонови како демек ултразвук ќе брка инсекти а фреквенцијата е многу ниска на самиот почеток на ултразвукот колку што можев да видам на нет ништо не брка. Малку над 20000 херци е и обичен исправувач на напон со напонски делител внатре имало. Нека стрижат овци и овни кинезиве трошак за оваа немаат голем пошто на големо работат они. Колеги има на интернет многу критики околу ова топ шоп го укина од 1200 на 600 го намалија и на крај толку од продажбата.Имам нешто и за преварата био пирамида ама друг пат за тоа. Ај важи мислења околу Pest Reject баш ме интересира драги колеги да си помуабетиме малце

(http://www.mediafire.com/convkey/f3ad/v8hnbccbxlzod3kzg.jpg)
Title: Re: Pest Reject
Post by: DX-er on 13.04.2017, Thursday, 21:27:03
Исто и ние се зафркнавме, од Телешоп (Топшоп) купивме апаратчиња за чистење на уши...... 2 за 1200 денари. Кога ни ги донесоа дома по пошта (иако на 2 чекори ми е Топшоп) за да не може да ги вратиш. Гледам пластиката како некоја евтина играчка, мислиш ке ти се здроби во рака. Не само што не чистат уши, не влечат ни вода како што треба а камо ли од ушите. Им се јавивме и им рековме дека не сме задоволни и дека сакаме парите да ни ги вратат, нели во рок од 15 дена може да го вратиш производот. Они, ама апаратчињата се супер, пробајте ако повлече капка вода тогаш се во ред, ако не повлече капка од вода тогаш ке ви дадеме други (исти таков шкарт) и на крај рековме баталите, ајде за 1200 денари не се исплати да губиме нерви ама друг пат ке подразмислиме дали ке купиме нешто така на вересија.
Title: Re: Pest Reject
Post by: nsu on 13.04.2017, Thursday, 21:32:05
Исто така да не ги сликам дедоми тоа фрлаше пари бог да го прости дур беше жив топки со некој микро зрнца 1000 перење можеш со нив да направиш после три перења ништо не остана од тоа зрнцата внатре. Едина добра ствар nutribullet-от можам да речам nutribullet-от и ништо друго  8) 8)
Title: Re: Pest Reject
Post by: najdo on 13.04.2017, Thursday, 22:46:34
Нутрибулетот и орбитрекот, другото се шкарт му е. Додуша има сеа едно можи извадено е од пред неколку години заборајв како се вика, има исти перформански како нутрибулетот само шо е упола поевтино.
Title: Re: Pest Reject
Post by: Atanas on 14.04.2017, Friday, 11:35:57
Топшоп имаат доста добри производи, но зависи што. На пример, дома имаме соковник Power Juicer уште кога излегоа првите модели и уште е добар. Тоа се зависи до фирмата која што ја сервираат, ваквите уреди како овој, нормално дека ќе бидат такви, бидејќи се кинески и не им се наведува фирмата која ги произведува.
Инаку, еве нешто во склоп со темата  ;D ;D ;D
(https://scontent.fskg1-1.fna.fbcdn.net/v/t1.0-0/s480x480/17884374_1412367945492973_3349100766212524865_n.jpg?oh=1bd8680a8b2eb1b62d18b648cd510a2e&oe=594CA771)
Title: Re: Pest Reject
Post by: batka on 14.04.2017, Friday, 19:46:12
Овде има се, само не мислења за темата! ??? Насловот на темата да се смени, а остатокот ке оди во кош! Ако имате нешто конктерно за уредот ( искуство или слично) добро, ако не немојте да постирате офф топици.И темата е добро да се префрли во *случајни муабети *, на пример!
Title: Re: Pest Reject
Post by: DX-er on 14.04.2017, Friday, 20:20:37
Ке иде во случајни муабети тоа што не е во контекст на темата