Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: DX-er on 12.08.2016, Friday, 23:30:42

Title: Емисија на НОВА за радиоаматеризмот во Македонија и за време на поплавите
Post by: DX-er on 12.08.2016, Friday, 23:30:42
Одлична емисија!
Кои се радиоаматерите, што значи да си радиоаматер, кои се нивните активности.
За време на поплавата откажаа: мобилната телефонија, интернетот и преносот на електрична енергија. Единствено радиоаматерските радио врски беа активни и истите беа единствена комуникација со радио аматерите (радио операторите) и останатиот дел од градот, однодно радиоаматерите од кризните региони можеа да контактираат со останатите радиоаматери и да бараат помош.
После оваа катастрофа која го погоди Скопје државата треба да подразмисли и да помогне за развивање на радиоаматерски репетиторски мрежи, простории за радио клубови и да се афирмира ова хоби и народот да знае дека воопшто постојат радиоаматери а не кога шетам со радио станица луѓето мислат дека сум полицаец во цивилка :)
Горд сум, што сум радиоаматер, дел од овој прекрасен тим на луѓе, хумани луѓе, патриоти, секогаш спремни да помогнат на било кого.
Погледнете ја емисијата со почитуваниот претседател на радиоаматерскиот сојуз на Македонија, господинот Звонко Стаменков кој направи многу позитивни нешта за подобрување на радиоаматеризмот во државава и Томслав Кежаровски кој освен новинар е и радиоаматер.