Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: DX-er on 02.05.2016, Monday, 10:53:29
-
Се работи за Ардуино проект, кој овозможува приказ на со текст на CW сигнали.
За ова ви е потребно или радио станица за прием, или Pixie2 (минијатурна и евтина CW станичка)
Во овие две видеа е презентацијата
Пред да го правите овој проект, пригответе си чај :) Јас веке го имам во план :)
Извор:
http://qrznow.com/arduino-cw-decoder-video-by-m0tng/
Потребниот код го има на овој сајт:
http://www.m0tgn.com/2015/07/cw-decoder-arduino.html
Со среќа изравотката и наздравје чајот :)
-
Поради ова пропаднаа радио-аматерите. ;D ;D
-
Епа сега техниката иде напред, нема да броиме битови :) се шалам. Кој може да научи (посебно да слуша) CW е најдобра варијанта... но ете некои не можат па еве олеснителна варијанта.
-
Да знаеш колку лесно се збунува таа машина 8) Само ако некој *куца* над 150 знака во минута.... Пробајте,ке видите... Се си има граница. ;D
-
Да да, испробано, имам тестирано софтвер за препознавање на CW ама тој добро работи само при определена брзина и без многу шум во позадина (во реалност тоа скоро и не е можно). Дефинитивно човечкото уво е најдобар декодер. За забава и тестирање не е лош склопов.
-
Ова е добро за почетници,за вежбање радио врски.Има и компјутерски софтвер за ова намена ,за кој мислам дека е и по добар(побрз) од овој.