Македонски форум за електроника

Други технологии => Компјутерска технологија и софтвер => Topic started by: Lux on 01.04.2015, Wednesday, 21:03:30

Title: Проблем со инсталација на Windows XP
Post by: Lux on 01.04.2015, Wednesday, 21:03:30
Еве еден проблем со инсталација на виндовс,еве што имам направено и до каде сум.
-Пробано со повеќе ЦД-а со виндовс (сп2,сп3,дарк,лајт сп3)кој на друг компјутер испробано работат
-Пробано со два ЦД рома кој одлично читаат цд-двд...
-Пробан ХДД на друг компјутер одлично тргнува инсталацијата (сата хард),а исто и со друг хдд се случува
-направен лоад на биосот,цлеар ц-мос-пак исто
-мемори тест ок
еве слика до кај оди инсталацијата и застанува
а со виндовс 7 застанува на самиот почеток излегува логото со топчина и замрзнува.
-Се работи за AsRock G41C-VS матична два гига рам,Хдд махтор 500 гига
(http://i.imgur.com/RADL3PG.jpg)
Title: Одг: Проблем со инсталација на виндовс
Post by: didy on 01.04.2015, Wednesday, 22:28:42
дали БИОС-от има заштита на партициите или мирор партиција?
потребно е се да се деактивира ! (претопставка)
Title: Одг: Проблем со инсталација на виндовс
Post by: gokifly on 01.04.2015, Wednesday, 23:40:27
Пробај со друга рам меморија
Title: Одг: Проблем со инсталација на виндовс
Post by: batka on 02.04.2015, Thursday, 00:56:46
Што имаше пред тоа инсталирано ХР /7? Што пробуваш сега да инсталираш ХР /7 ????
Title: Одг: Проблем со инсталација на Windows XP
Post by: Lux on 02.04.2015, Thursday, 07:54:16
Имал хп па пак хп, а пробав и со 7 неиде на поцеток замрзнува
Title: Одг: Проблем со инсталација на Windows XP
Post by: GigaWatt on 02.04.2015, Thursday, 16:24:33
Ако има два или повеќе DIMM-а, извади еден од DIMM-овите, пробај со еден па со друг, со трет (колку и да ги има), на еден, на друг, на трет, четврт слот (колку и да ги има плочата), види дали тоа ќе смени нешто.
Title: Одг: Проблем со инсталација на Windows XP
Post by: Lux on 02.04.2015, Thursday, 20:29:03
пробано со нова меморија 4 гига ддр3 на сите слотови оваја пак не го пали мониторот,само со неговата ддр3 2 гига го пали,нема заштита за партициите во биосот изгубив живци и го баталив,нема решение.
Title: Одг: Проблем со инсталација на Windows XP
Post by: batka on 02.04.2015, Thursday, 21:55:33
Прво,мислам дека се не ни кажуваш,ама сега нема врска. 8) Ова плоча има свои проблеми.Велиш HDD бил на SATA.Замени го прво кабелот SATA кон хардот.Друго- чепкањето во биосот- дали си сигурен дека не си го средил? Покушај да го флешуваш ,не со најнова верзија,може малку постара.Најди во краен случај и плочка IDE/SATA ,па преку неа врзи го хардот на IDE.И друга работа - ајде смени го напојувањето,за секој случај. 8) ;)
Title: Одг: Проблем со инсталација на Windows XP
Post by: didy on 02.04.2015, Thursday, 21:55:53
има решение, само треба да се најде  ;D
треба трпение
пробај со програм за партиционирање, форматирај го C: дискот па пак пробај со инсталацијата
Title: Одг: Проблем со инсталација на Windows XP
Post by: batka on 02.04.2015, Thursday, 22:06:01
Мислам дека пиша *пробан е ХДД на друг компјутер и тргнува инсталацијата*.Не се работи за партициите.Седмицата има начин како да ги кутнеш партициите. 8) Вели дека и 7 пробал! Проблемот е хардверски,а неколку пати ми се случиле вакви работи поради SATA каблето.
Title: Одг: Проблем со инсталација на Windows XP
Post by: GigaWatt on 03.04.2015, Friday, 00:10:16
има решение, само треба да се најде  ;D
треба трпение

Апсолутно ;).

пробај со програм за партиционирање, форматирај го C: дискот па пак пробај со инсталацијата

Јас секогаш партиционирам пред да инсталирам. Сметам дека е добра пракса ;).

И друга работа - ајде смени го напојувањето,за секој случај. 8) ;)

Ова ќе ми беше нареден post ако она со DIMM-овите не успееше ;).

Можно е southbridge-от да не го чита инсталацијата... мада ICH7 има, стандарден southbridge.



Ај вака, from scratch. Извади ја плочата од куќиште, стави ја на работна маса, пушти инсталација со друго напојување и друг HDD (пожелно IDE) и види дали ќе заглави инсталацијата. Притоа, користи oboard AGP, не ставај графичка. Ако заглави, пипкај по чиповите, види некој да не грее многу. Се над 60, 70 степени, освен ако не е southbridge или northbridge е на граница со „нешто не е во ред со мене или некоја компонента околу мене“. Ако се изгледа ОК (во нормални граници), disable на се што е периферија под BIOS (LAN, Sound, FDC, COM, LPT... за што има опции, за оние кои нема, тоа е тоа, остави ги пуштени) и пробај пак. Ако пак заглави, пробај со графичка на PCI Express. Ако и ова не успее, стави му графичка на PCI (оние што се постари и од AGP ;D) и види дали ќе пројде така.

Како крајна опција, види дали Linux инсталација ќе пројде.
Title: Одг: Проблем со инсталација на Windows XP
Post by: batka on 03.04.2015, Friday, 01:56:30
Најбезболно ке биде ако е до SATA кабелот или напојувањето.Ако не , матичната го отпеала своето.

Споено мислење: 03.04.2015, Friday, 02:10:08
И уште нешто= ако не гледаш подуени кондензатори,сепак не е лошо со ЕСР метар да ги провериш и во секој случај оние околу фет-овите на влез да ги замениш.Кај ова плоча многу бргу се сушат електролитите.
Title: Одг: Проблем со инсталација на Windows XP
Post by: Lux on 03.04.2015, Friday, 10:02:40
Внимателно ги прочитав постовите и вака ќе одговорам.
-Сата каблето веќе го сменив со ново пак истиот случај.
-HDD го партицирав форматирав и пробав на друг компјутер во ред е а проберив и за бед секотри нема.
-пробав со друг HDD на иде и пак истиот случај
-пробав со рам на сите слотови нов 4 гига ддр3 пак исто дури оваа не го палеше мониторот (го пали само со неговата ддр3 2 гига).
-графиката е онбоард,немав друга во моментот да пробам на слот,(го пали мониторот но само со негова рам м.)
-и матичната во врска со кондензаторите навидум сите нови изгледаат значи ми се смачи да ја ваѓам матичната и проверувам со еср (а може некој да не е во ред ама ете).
-и пробав друго напојување исто
-го извадив HDD на друг компјутер му инсталирав xp го ставив повторно назад (иако знам нема да покрева -за секој случај да видам што ќе биде),и компјутерот се пушта до пред појавувањето на логото xp и рестартира одново и одново.

-и така налутен  >:(без повеќе живце му порачав си го зедоја покрај два дена борење со него :D
Title: Одг: Проблем со инсталација на Windows XP
Post by: bicikle on 03.04.2015, Friday, 17:44:36
и јас би играл така... да проверуваш 20 кондензатори за 200 денари... батали. А може и матичната да му била...
Title: Одг: Проблем со инсталација на Windows XP
Post by: batka on 03.04.2015, Friday, 23:00:13
Па се исплати за 200 денари кондензатори да си ја средиш плочата која чини 2000 денари.
Title: Одг: Проблем со инсталација на Windows XP
Post by: didy on 03.04.2015, Friday, 23:00:22
чуден проблем, сепак арно ќе беше да се најдеше во која грмушка се крие зајакот  ;D
излегува дека има нешто на МБ што кочи  :)
Title: Одг: Проблем со инсталација на Windows XP
Post by: vgc9dctx9c on 03.04.2015, Friday, 23:34:51
Кога сакаш windows инсталација од друг компујтер да ти работи на трет компујтер, ќе користиш sysprep со опција hardware independent.
Sysprep се прави у пар многу едноставни чекори.

Code: [Select]
https://www.google.com/search?q=sysprep+hardware+independant&ie=utf-8&oe=utf-8#q=sysprep+hardware+independent&spell=1
Title: Одг: Проблем со инсталација на Windows XP
Post by: batka on 04.04.2015, Saturday, 01:11:37
Батка,не работи како што треба,проверено  8),а тука се работи за хардверски,а не софтверски проблем,бидејќи кажа членот дека на друг РС хардот нормално се  инсталира.Меѓутоа,бидејќи го вратил и не сака да се замара со тоа,сите одговори на темата се небитни и ако сака членот темата  ке се затвори.
Title: Одг: Проблем со инсталација на Windows XP
Post by: GigaWatt on 04.04.2015, Saturday, 01:15:44
@Lux: Не си пробал баш се што пишав, ама ајде, нема везе ;), веќе си го вратил.
Title: Одг: Проблем со инсталација на Windows XP
Post by: Lux on 04.04.2015, Saturday, 07:52:42
Giga веќе пишав дека пробав со неговиот рам на сите слотови исто пак,имам вишок рам 2 гига го ставив он не го палеше мониторот,иако рамовите веќе му направив тест мемори не наоѓа грешка во рамот,и вика се исправни јас сепак се сомневав во рамот,бидејќи сите фајлови од инсталацијата одат таму,е сега зедов нов рам од 4 гига и он не го палеше мониторот,го пали само со неговиот рам незнам зошто,инаку слотовите ги исчистив со алкохол,пробано на сите и пак исто.Е сега бидејќи веќе немав нерви вишок го вратив,и секој коментар би бил добредојден да се дознаеше барем што беше финтава,ако на некого му се има десено истиот проблем,ако не ставај клуч на темата.
Title: Одг: Проблем со инсталација на Windows XP
Post by: GigaWatt on 04.04.2015, Saturday, 20:13:00
Можеби плочата не може да исчита DIMM од 4GB. Тоа треба да го пишува во спецификациите за матичната плоча.

Како и да е, пишав и доста други работи кои не си ги пробал.

Ај вака, from scratch. Извади ја плочата од куќиште, стави ја на работна маса, пушти инсталација со друго напојување и друг HDD (пожелно IDE) и види дали ќе заглави инсталацијата. Притоа, користи oboard AGP, не ставај графичка. Ако заглави, пипкај по чиповите, види некој да не грее многу. Се над 60, 70 степени, освен ако не е southbridge или northbridge е на граница со „нешто не е во ред со мене или некоја компонента околу мене“. Ако се изгледа ОК (во нормални граници), disable на се што е периферија под BIOS (LAN, Sound, FDC, COM, LPT... за што има опции, за оние кои нема, тоа е тоа, остави ги пуштени) и пробај пак. Ако пак заглави, пробај со графичка на PCI Express. Ако и ова не успее, стави му графичка на PCI (оние што се постари и од AGP ;D) и види дали ќе пројде така.

Како крајна опција, види дали Linux инсталација ќе пројде.

Околу проблемот, конкретно со оваа плоча, побарав на Google, не извади ваков или сличен проблем... така да, не верувам дека ќе најдеш што бил проблемот.
Title: Одг: Проблем со инсталација на Windows XP
Post by: batka on 04.04.2015, Saturday, 20:40:50
Да резимирам - многу е тешко да се дефинира ваков проблем.Сум имал вакви слушаи,со истата плоча и воглавном кваровите биле вакви:
1.SATA кабелот или портот- едноставна замена на кабел и порт или преправка со ставање SATA/IDE плочка на IDE порт,па исклучување на грешка од SATA портовите.
2.Електролити - има 6 или 8 беа електролити околу мос-фетовите.Иако на изглед не се подуени,замена на електролитите (сите по ред за 100 денари!) без проверка,едноставно - извади,стави нов!
3.Напојување - неретко ми се случува некои серии плочи работат и при 11,85V, а некои не! Значи ,се се отвора,работи,ама плочата *кочи*,застанува РС,вергла во место...
4.Мемориите - се случуваат чудни работи понекогаш,дали поради подесувањата или хардверски некои мемории не одговараат,спарувањето,итн.Мислам дека до 4 GB RAM може да оди ова MB.
Но,сепак има но ! Неретко некои ситни *caki*одлучувале ,односно биле пресудни - се случувало on-board мрежната карта да кочи се! Или несоодветни драјвери за графика ( ке работи,ама грешки колку сакаш!).Понекогаш ке исклучам мрежна или графичка  on-board,ке ставам некоја друга и ке тргне!
Сепак,многу е неблагодарно без да видиш,да советуваш некого како да поправи квар на РС. 8)