Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: Jovicar on 12.07.2014, Saturday, 19:17:58
-
Сакам да ве прашам на картинг ставив мотор од машина за косење трева кој работи на мешавина како треба да не го вртам за да не зариба, слушав нешто нетреба нагоре надоле не разбирам, доколку може некој да ми помогне како да го ротирам за да не зариаба. Еве го моторот поставен на картингот.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/3999174168609662908.jpg)
А еве и слика од истиот мотор кога е на машина за косење.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/lmnnes6.jpg)
-
Правилно ти е поставен,само како тргнуваш,како имаш изведено куплунг неможам да видам?
-
еве
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/x8ykyxt.png)
има две каишници едната е од редукторот една на моторот и каишот е олабавен и кога ке го затегне затегачот почнува да влече, а кога не врти каишот во место. Редукторот е инаку 60/1 ќе ставам повеќе поубави и почисти слики само да ми направат осовина за тркалата нова на дребонг. оваа сам ја правев и многу скокаат тркалата.
-
Колку кубици е моторчево,ако е 49 и мислам оти не е повеќе, тогаш би ти препорачал да си ставиш моторче од Томос автоматик А3 или подобро од автоматик А5 или како што сите го викаат ова второво спринт,во принцип тоа е исти мотор но А5 има поголеми радијатори на цилиндар за ладење и има неповратен вентил на грлото од крбураторот,ја имаш само туражата и ништо друго не мислиш доста погодно за картинг а и редукторот нема да ти треба,веќе имаш автоматик мењач со две брзини во самиот мотор.Позз.
-
Никаде не се наогаат тие машини, а и ако најдеш ретко кој ја дава испод 100евра, а за 100евра се наогаат цели томоси па тогаш сигурно не би го растурал за машината да ја ставам на картинг, инаку ова моторче сметам дека е 50Кубика, добива сила со редукторот мислам дека ќе го влече картингов.
-
А од што го извади редукторот ??? Тоа 60:1 многу ми делува колку ке оди тоа 20-25 км/х максимална брзина по мое :P ајде постави усе некоја слика ако мозеш да бидиме поубаво како е направено :) ;D
-
Ќе ставам слики комплет, да ми ја обработат осовината на дребонг за тркалата треба многу скока оваа сам дома сум ја правел, уште кога пробував со електромотор, после ќе ставам комплет слики. А седиштето е така ставено само за украс ::)