Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: ShAdOw on 24.04.2014, Thursday, 17:09:59
-
Switching напојување со излезен напон од +/- 35V и моќност од 300W. Одлично и не многу сложено напојување за некој аудио засилувач. Излезниот напон може да има и друга вредност ако сакате, тој зависи од бројот на намотките на трафото. Целата постапка околу мотањето на трафото е објаснета во текстот кој е прикачен како атачмент. Со среќа во изработката :).
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=12204.0;attach=11858)
-
ќе ти паднат рацете дур намоташ пригушница, подобро full bridge смпс да правиш.
-
Јадро EI33?
-
не мора да е тоа, према јадрото ќе ги пресметаш моќта фрекфенцијата итн...
-
Јас го направив како ваков, ама има проблеми. Најпрвин бруеше и реков ајде некоја конекција не е ок, влезниот филтер за ЕМИ, итн. Направив се тоа пак бруи појачалото.
По подетално испитување видов дека разликата меѓу заземјување и СМПСво е 320V AC со стуја од 2mA.
-
Кај ти е врзано заземјувањето? Пробај одлеми го или направи одвоено заземјување- заземјувањето е врзано преку паралелна врска на отпорник 10 оми, кондензатор 10нано и две антипаралелно врзани диоди. Најверојатно ЕМИ филтерот е сосетавен од два сериски врзани кондензатори на вија средина се поврзува земјата. Во тој случај, ако инсталацијата има нулто заземјување обавезно се јавува брум, до сега така имам приметено, значи како што пишав одлеми го заземјувањето, пробно. Трафото нема да има некоја голема улога при мали оптоварувањеа, дури и ако е послабо, но секако ако е послабо ќе прегрева при поголем товар. Е сега, овде многу битен момент се тие намотките после грецот. Како што имаме кај калсичните трансформатори еден куп електорлити, овде имаме две намотки од кои всушност се зема сета снага кога ни е потребен максимумот. Може да ги опишиш тие намотки ? Ги пресмета ними?
И на крај, не секогаш, али сепак делува во одредени ситуации, пробај сврти го штекерот.
-
Го решив проблемот, но речиси е невозможно да се користи овој СМПС без заземјување, поготово на масата од секундарот, преку 10 оми отпорник.
Многу зрачење има во целиот склоп, само со заземјување на ладилниците, од 320AC се симна на 120AC (маса на секундар спрема заземјување).
Излезната пригушница нема никаква врска со ова. Пресметана ми беше, правев и common mode пригушници, но не се изгуби. Излезни кондензатори ставени ми се 470uF, 220uF и 100nF. А многу сакав да го користам без заземјување на секундарот, да биде флоутинг.
ако инсталацијата има нулто заземјување обавезно се јавува брум, до сега така имам приметено, значи како што пишав одлеми го заземјувањето, пробно
Да, значи АЦ напонот се намалуваше ако го приклучам на оние кондензатори паралелни од ЕМИ филтерот, но само на 120V AC (нормален потенцијал меѓу live i neutral), при што секако имаше брум.
Брумот не се јавува кога нема ништо на влез, ниту преку мобилен кога е поврзано. Се јавува само кога ке се спои засилувачот со извор на звук кој е приклучен на градска мрежа.
Споено мислење: 25.08.2014, Monday, 13:36:45
Речиси цела недела вршев испитувања зашто и од каде потекнува оваа разлика во напонот. Ке прикачам шема како успеав да го решам целиот проблем, сега работи перфектно. Но мора да биде поврзано со заземјување од штекер.
-
Јадро EI33?
Ова не е мој проект slidermc така да можни се грешки, се што ќе приметиш слободно пиши ќе корегирам.
Сега имам други обврски но ќе се потрудам да ти ја најдам страната од каде е преземано, мислам дека имаше и коментари за него.
-
Намотките ми се направени на стандардното излезно јадро од АТХ, помножено со х2 од неговите намотки за 12V. Така испаѓаше 44 навои за + и -. Излезот беше екстра прецизен, +24В=0=-24В, самата маса на секундарот си го имаше тој напон маса-заземјување 320В АС.
Ја имам страната, од српски форум е:
http://www.elitesecurity.org/t446664-SMPS-za-pojacalo
Дали твоето СМПС го проба на засилувач?
Ке прикачам шема од мојот склоп кој работи одлично (ни шум ни брум) само да ја нацртам шемата.
-
Знам дека немаат врска намотките на секундарот, но можни се други проблеми поради ними, како што имам читано...
-
Јас го немам изработено, во план ми е само понатам, но претходно добро го проучив и ги прочитав коментарите, заклучив дека е добро и го постирав на форум :).
Инаку трафото EI33 го има да се најде, мислам дека го имам дома, треба да проверам...