Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: BorceBT on 25.10.2009, Sunday, 02:05:47
-
Ова е српска шема на токи-воки за 27 мегахерци (граѓански опсег) и према употребените делови би требало ако е добро подесено да има домет до 2-3км на отворено и 500 метри во урбана средина.
(http://i85.servimg.com/u/f85/11/55/30/56/th/tokivo10.jpg) (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=82&u=11553056)
-
тоа што се двата калеми намотани на едно тело, означени со TR десно доле на шемата...знаеш како се намотани??? и...може ке звучи глупо...ама па кај е микрофонот???
-
http://fm.mk/aleks/tokivoki2w.rar
Ете ти подетално за оваа шема.
-
звучникот ти се корисит и како микрофон и како звучник :D
-
^^^аааах па и ти...кога го прочита тоа...и јас сега знам се...после прочитаното...
-
не го прочитав
гледав шемата, не треба да читаш треба сам да научиш
-
не сум знаел дека и звучник може да се употребува како микрофон...за тоа се чудев кај е микрофонот иако ја зјапав шемата пола саат :S
-
А тоа TF не е калем туку ТрансФорматорче излезно извадено од стар батериски радио приемник. Мислам дека нема веќе нови такви во продажба.
-
^^^ееех сега....за 500 намотки проблем ке правиме...пфффф :D
-
најди од старо радивце
-
Иститре тансформаторчиња се користат и во оние тоги вокијата од пазар што беа, пластичнине. Може и од такво да се искотисти.
-
Вака изгледаат:
(http://analogguru.an.ohost.de/radios/Interstage-transformers_small.jpg)
Доколку се со среден извод средниот извод немора да се користи.
-
ееее...вакви трансформаторчиња најдов...
(http://i136.photobucket.com/albums/q181/Bojanevski/zabojan.jpg)
појма немам од кај се извадени, ги најдов кај што ми седат такви некои безвезни трансформаторчиња(кај што 97% се феритни од напојувања за компјутер) намотани се на EI лимчиња па како би можел да проверам дали ке се ок или не...???
-
Измери отпор на примар и на секундар и напиши тука.
-
значи тоа што е со зелени букви-бројки пишувано кај што се само два изводи (најверојатно тоа е пример) има 53,8R а од другата страна има 32,7R а средниот извод не е поврзан нигде, а со црни букви-бројки на двата изводи има 53,3R а од другата страна најверојатно негде е прекинато, дека има многу голем отпор (М оми)....изгледа судено ми е да ги мотам...
и имам транзисторче едно bf 197...па ке може наместо некој транзистор да го употребам тој???
-
Потребниот излезен трансформатор би требало да има 50тина оми (или повеќе) на примар но 3 до 4 оми на секундар (каде што е звучникот) така да изгледа судено ти е да моташ :)
-
:-\...само ова ке го кажам...и ке ве замолам да ми посакате среќа...
а тоа кај што се двата изводи може да го оставам така како што е???
-
Сепак ништо не е сигурно :(
Меѓутоа мислам дека ќе те спасам! Најдов информации за некој кој успеал да направи копија на таков трансформатор со користење на феритно јадро и на него мотал жица, верувам дека можеш да го направиш полесно отколку да растураш толку мало трафо. Еве го проектот:
http://www.talkingelectronics.com/projects/200TrCcts/200TrCcts.html#2
-
па за тоа треба 600 намотки.... :-\...само треба да се смисли како да ги бројам намоткикте, дека нема шанси ја да ги бројам...
-
Па напрајси моталиц ке ти се најде и за трансформатори,сам ке си моташ само ке си вртиш на раче и ке ти брое,за рачна а,може и со мотрорче да ја поврзиш и да не играш рачно. ;).
-
^^^тоа е следно на листата за правење, само драјвери за 7 сегментни дисплеи треба да си земам...