Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: Atanas on 21.03.2014, Friday, 16:42:16

Title: Барам шема за ФМ предавател.
Post by: Atanas on 21.03.2014, Friday, 16:42:16
Како и насловот барам шема за ФМ предавател.Имам намотано 800 намотки па ако има некој некоја шема за таа бројка на намотки.. Благодарам однапред  8)
Title: Одг: Барам шема за ФМ предавател.
Post by: batka on 21.03.2014, Friday, 17:01:28
Батка,ти рековме сите да избегаваш да отвораш теми ,во кои ке бараш некои неможни работи! Прво,имаш на Форум,најмалку 20-30 добри,проверени шеми.Твое е да седнеш,пребараш и прочиташ,да научиш нешто.Па кога ке избереш нешто и ке знаеш што бараш-тогаш да правиме муабет! Вака она - имам намотано 800 намотки,па ако има некој шема за таа бројка на намотки....е најголема глупост што си можел да ја напишеш ,со обзир дека за ФМ ти треба калем со 4-5 намотки! Седни и барај ,читај,да не те строиме повторно.Најискрено те советувам ,како што и Лордзи рече,да не постираш шеми во некој нареден период ,ами да пратиш,читаш и учиш,а не да пишуваш работи за кои само си заслушнал нешто.
Title: Одг: Барам шема за ФМ предавател.
Post by: Atanas on 21.03.2014, Friday, 17:08:04
Батка вака сум слушнал за тоа а и наставникот ми го даде тој проект како предлог затоа се обратив тука и човечки побарав.Ама еве цел админ тим и модераторите ми водите инает и цело време ме контрате...Незнам што да ви речам освен БРАВО!
Title: Одг: Барам шема за ФМ предавател.
Post by: MetallicA on 21.03.2014, Friday, 17:12:58
Atanas  ова твоево теоретски гледано е возможно, ама практично не верувам.. кај ке најдеш кондезатор од редот на femto, atto...??? освен ако ова е некој  нов вид на предавател.
Title: Одг: Барам шема за ФМ предавател.
Post by: batka on 21.03.2014, Friday, 17:13:52
Атанас,темата ќе биде отворена уште малку,нека одлучат Админите.Сепак со ваков однос и непознавање на основните работи ,нема да одиш никаде.Побарај бар две теми за ФМ предаватели и ке видиш дека 800 намотки во ниеден ФМ предавател ниту теоретски не е можно да се употребува.Пишуваше си го читал Метзгер...Што таму прочита за ФМ предавателите?? Или не си стасан до таму??Ајде прочитај го барем тоа поглавје и на нет најди некој калкулатор за пресметување на осцилаторни кола за оние фреквенции кои се дозволени за ФМ подрачјето.
Title: Одг: Барам шема за ФМ предавател.
Post by: Atanas on 21.03.2014, Friday, 17:16:36
Од книгата на Метзгер сум сеуште на почеток ја читам пополека бидеќи е на српски..А и темата несакам да биде затворена сите сте тука да ми покажете да научам и да се докажам барем јас така мислам  :P Ако грешам со намотките попрајме.

Постирајте шеми тука и да разговараме за темата да не одиме офф-топик повеќе..Толку од мене за ова сега се фокусирам на темата..
Title: Одг: Барам шема за ФМ предавател.
Post by: batka on 21.03.2014, Friday, 17:22:19
Темата ке биде привремено затворена! На ред се Админите.
Title: Одг: Барам шема за ФМ предавател.
Post by: LordZi on 21.03.2014, Friday, 18:56:34
Батка вака сум слушнал за тоа а и наставникот ми го даде тој проект како предлог затоа се обратив тука и човечки побарав.Ама еве цел админ тим и модераторите ми водите инает и цело време ме контрате...Незнам што да ви речам освен БРАВО!

После ова, не на конец, на влакно висиш до траен бан. Немам намера на секои недела дена да се докажувам и расправам со неуки дечишта.
Ова да си го сватиш најозбилно ако планираш и во иднина да бидеш на форум...