Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Побарувања => Topic started by: goran_elektro on 16.02.2013, Saturday, 12:05:05

Title: Преправка на далечински управувач
Post by: goran_elektro on 16.02.2013, Saturday, 12:05:05
Значи така имам далечинско од мало хелихоптерче електрониката за далечинското во него е многу слаба затоа што сакам да ја ставам на брод(глисер)на батерии кој има многу помокни мотори отколку на хелехоптерот размислив со релиња ама тоа далечинско има регулација колку притискаш на далинското толку оди но со релињата ке нема регулација и затоа сакам некоја шема за да може да ја приклучам таа електроника на бродот ама пак да има регулација на вртежите и сакам да прашам каде има мали серво мотори за да ми го врти стабилизаторот на бродот одоздола за да може бродот да врти лево-десно ??? ??? ;D :)
Title: Одг: Далечинско
Post by: batka on 16.02.2013, Saturday, 17:00:16
Да правиш нешто со такво далечинско од 1000 ден, не може.Прво таквата телекоманда се базира на отворено затворено коло,кое не може да се прилагоди на пропорционални команди какви сакаш,односно со серво мотори.Постојат КИТ -форми кои може да се набават ( види во Конрад.Радио РИМ,...) и други воглавном  неевропски производители.Прогуглај малку,ама да знаеш дека тие  *играчки* не се воопшто евтини.
Title: Одг: Далечинско
Post by: GigaWatt on 16.02.2013, Saturday, 17:08:36
За тоа што го бараш нема шема, тоа е custom преправка и тоа значи дека некој ќе треба да ти ја преправи шемата.
Title: Одг: Далечинско
Post by: batka on 16.02.2013, Saturday, 20:24:14
Не се работи за преправка,бидејки преправка не е можна,Се работи за сосема различити концепции и техники на работа.Хеликоптерот има команди  вклучи/исклучи ,сосема едноставни.Тоа што членов го бара се пропорционални команди со електронски регулатори на серво  моторите (помалку трошат од оние постарите аналогни).Со оглед дека еден сево мотор чини двојно повеќе од едно хеликоптерче.може да се пресмета колку ке го чини.Ако земете некој каталог пр.на Конрад ке ги видите цените.Најдобро е ( така прават и најдобрите такмичари кај нас и во светот) моделот да го направите (или купите) сами,а да си докупите КИТ со далечински (RX/TX,серво, мотори,специјални батерии ,полначи).Ова е доста скапо хоби. 8)
Title: Одг: Далечинско
Post by: electron on 16.02.2013, Saturday, 23:40:08
Значи така имам далечинско од мало хелихоптерче електрониката за далечинското во него е многу слаба затоа што сакам да ја ставам на брод(глисер)на батерии кој има многу помокни мотори отколку на хелехоптерот размислив со релиња ама тоа далечинско има регулација колку притискаш на далинското толку оди но со релињата ке нема регулација и затоа сакам некоја шема за да може да ја приклучам таа електроника на бродот ама пак да има регулација на вртежите и сакам да прашам каде има мали серво мотори за да ми го врти стабилизаторот на бродот одоздола за да може бродот да врти лево-десно ??? ??? ;D :)

Во која смисла е слаба електрониката, околу дометот на сигналот или струјата што треба да ја даде за да ги придвижи посилните електромотори?
Title: Одг: Далечинско
Post by: goran_elektro on 17.02.2013, Sunday, 10:27:16
Дометот е добар  но хелехоптерот имаше многу мали мотори како вибратор од мобилен телефон а сега тие на глисерот се многу големи и секако дека таа електроника не може да ги побуди тие мотори па затоа мислев тоа далецинско само да дава побуда на некој тиристор или нешто друго на пример на излез од далецинското да оди на гејт ан некој тиристор има некое интегрирано коло :-\ :-\
Title: Одг: Далечинско
Post by: didy on 17.02.2013, Sunday, 14:20:35
можеш на местото на моторот да биде реле, за поголем мотор, само со дометот е проблем, тој е за мало растојание. дали провери домет?
хеликопетрот ке го прибереш од двор, а глисеров отиде во Албанија ако си на Охридско езеро  ;D ;D
Title: Одг: Далечинско
Post by: nikola_bb on 22.02.2013, Friday, 15:43:21
Не ти се исплати да се зезаш, кога кинезиве веќе комплетни станици 4 канални сосе ресивер и предавател ги продаваат по смешни цени од 20 долари