Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: Jovicar on 30.06.2014, Monday, 00:16:31

Title: Пелтиеров модул - колку е ефикасно
Post by: Jovicar on 30.06.2014, Monday, 00:16:31
Дали некој има некое знаење во врска со пелтиеровите модули, јас имам дома такво фрижидерче, од чиста љубопитност го отворив да видам како функционира без фреон и успеав на интернет да дојдам до пелтиерот. Дали би ималo шанси да направам некоја да речам клима во кола со помош на ова?

Woodstove Green Power Generator - Thermoelectric Module - How do I get off the grid? (http://www.youtube.com/watch?v=8PWGXyb67XI#ws)
Title: Одг: Пелтиеров модул(колку е ефикасно)
Post by: Z32AL on 30.06.2014, Monday, 00:51:24
Може да направиш клима да, но незнам колку ќе биде ефикасна во поглед ладење / потрошена енергија.

Воглавно пелтиерите ги користат на малку *специфични* места, не се сеуште достапни како general-purpose замена на клими
Title: Одг: Пелтиеров модул(колку е ефикасно)
Post by: MarkoMK on 30.06.2014, Monday, 17:04:01
Јас нарачав преку e-bay ваков модул пред едно 4-5 години и правев некои експерименти... Кога ќе му донесеш напон 12 волти стварно едната страна се вжештува а другата се прави мраз ладна... е сега незнам колкава моќност се климите за во кола, овие чуда се декларирани на некојси 4 ампери (при 12 волти) тоа се 50 вати. Јас не го тестирав на таа струја - страв ми беше да не го прегорам.. пошто треба да имаш добри ладилници за да ја одведуваат топлината.
Според мене би требало да може да се направи.. ако не со еден, со неколку модули паралелно  :)
Title: Одг: Пелтиеров модул(колку е ефикасно)
Post by: najdo on 30.06.2014, Monday, 19:27:49
Да ти кажам право за во кола можи нема да можи поради просторот или сепак некако да се проектира со повеќе модули и ладилници ама за во некоја мала соба како шо е мојата напраена со полиуретански панели шо држат ненормална изолација има да биди перфектно решение. А и има одредена вредност на температура до која можат да достигнат зависно од надворешната температура, мислам дека 16-18 степени беше, така да таман иди. На ибеј по шо цена се движат сеа ?
Title: Одг: Пелтиеров модул(колку е ефикасно)
Post by: MarkoMK on 30.06.2014, Monday, 21:09:10
Сега се 2,5 долари  :)
Title: Одг: Пелтиеров модул(колку е ефикасно)
Post by: bicikle on 30.06.2014, Monday, 21:09:32
Во последно на некои лаптопи процесорот(и сите делој што греат) се обложени со некој материја(сио2дали беше не нзма точно), така да добар дел од топлината ја враќаат во батеријата. Со оглед на тоа дека колите користат само 20-35% од енергијата, се друго оди во топлина, може да се направи доста ефикасен ото мотор со вакви материјали.
Title: Одг: Пелтиеров модул - колку е ефикасно
Post by: Z31GH on 01.07.2014, Tuesday, 05:15:07
јака работа за ладење процесор  ;D ;D ;D
Title: Одг: Пелтиеров модул - колку е ефикасно
Post by: didy on 02.07.2014, Wednesday, 22:22:12
јака работа за ладење процесор  ;D ;D ;D
да беше така ќе имаа примена, ова ти е “више дара него масти“, наменето е за 10-15 литри запремнина да ја лаодржаваат ниска температурата за храна
Title: Одг: Пелтиеров модул - колку е ефикасно
Post by: Jovicar on 03.07.2014, Thursday, 14:30:16
Јас во колата дома ( Голф3 ) мислев да го правам ова само да го нарачам модулот од ебај, сеа се многу евтини ако некој исто сака да нарачам и за него истовремено, и ќе го правам со два ладњаци топлиот воздух да излегува надвор а ладниот да оди надоле во тунелот за парното, мислам дека колку толку ќе лади. Со два модули може да го правам, мислам дека ќе биде ефикасно :)
Title: Одг: Пелтиеров модул - колку е ефикасно
Post by: najdo on 03.07.2014, Thursday, 14:53:48
Да кажиш и резултати, а модули со колкава димезија ке користиш, пошто јас ко шо гледав на нет ги има во различна димензија. Иначе на новите процесори веќе и имаат примена пошто таква потребата е, ако нема толкава потреба и ладилник со кулер доволен е.
Title: Одг: Пелтиеров модул - колку е ефикасно
Post by: bicikle on 03.07.2014, Thursday, 17:22:28
Климите се со киловати, а со 50-100 вати ништо нема ни да изладиш ни да заштедиш...