Вака, имам потреба од добар квалитетен ранец. Значи не ми требаат Кинески од пазарче, не ми вршат работа, ги кинам за 5 или 6 месеци, па ги крпам, па на ништо не личат, плус, по некое време носење, многу се укрутува тоа PVC-то од кое се напправени :S. Пробував да ги поминам дупло штеповите одкако ќе ги купам, ама и тоа не функционираше, на крајот се кинеше материјалот (толку е квалитетен
).
Спремен сум да дадам до 1300, 1400 денари за добар ранец, не мора да е некој Samsonite, или нешто слично, не мора ни да е Salomon (плус, многу се скапи Salomon за квалитетот што го нудат). Ми треба издржлив ранец на кој може да му „правам што сакам и да не се скине“, ако ме разбирате што сакам да кажам
. Не мора да има преграда за лаптоп, и онака немам, ако има, не е проблем, но не е „фрка“ ако нема
.
Побарав во Хубо, имаа убави ранци, ми се допаѓаа, плус, еден пријател ми ги препорача како многу добри, а не прескапи, ама па под 1800 денари, немаше нешто :S. По овие продавнициве за спортска опрема не сум ни побарал бидејќи знам дека под 3000 нема ништо, плус, повеќето од нив се баш спортски, во 1000 бои исшарани, итн., ми треба нешто едноставно, по можност црно, да има неколку прегради, не мора премогу да има, убаво би било да има и странични прегради. Ако ви е полесно, може да го сликам ранецот кој моментално го користам, да добиете подбра идеја што е тоа што го барам
.
Благодарам однапред
.