Македонски форум за електроника
Околу форумот => Побарувања => Topic started by: Lux on 06.02.2015, Friday, 17:12:09
-
Тука ќе дискутираме за проекти кои може да бидат направени од членови на форумов, директно на самиот форум, односно тие ќе бидат развиени на форум.
1. Заштита за засилувачи и звучниц, идеја, концепт на работа и предлози
На многумина досега кои се занимаваат со изработка на аудио засилувачи,и звучници потребна му била заштита на самите засилувачи и звучници, па сите оние членови на форумов кои имаат некакво искуство со некаква заштита, ги повикувам да создадеме една да ја наречам универзална заштита за секој засилувач.
Еве име за неа :) МФЕ-заштита (македонски форум за електроника)
Еве да тргнеме од некаде,пример што да поседува:
1.
-Напојување со трансформаторче посебно 12в / 24в
-Напоување од самото трфо на самиот засилувач
2.
-Задоцнето вклучување на самите звучници
3.
-Дц заштита на самите звучници од појава на едносмерен напон на излезот од засилувачот
4.
-Термо заштита на излезните транзстори или хибриди
5.
-Лед индикација за заштита,
6.
-Клип заштита (исклучување на звучниците при појава на клиповаше)
7.
-Краток спој на излезот од засилувачот (заштита на излезот)
Секој предлог,мислење,критика е добредојдена тука,па кој е за, може да каже колку ќе не има да изработиме ваков проект,и колку гордо би звучело,"еј оваа заштита ја имам видено некаде,о да бе таа ја создадоја на македонскиот форум за електроника" позз.
-
Малку ти ја променив темава за да биде малку повеќе „универзална“ а понатаму ќе отвориме и други теми, сега за сега нека биде вака, мислам дека нема да се лутиш околу тоа.
Јас сум за и ќе го помогнам проектот во секој поглед, односно во се она што можам да помогнам.
-
Не напротив одлично си постапил,да видиме кој е уште за.
-
Вака поставената тема не го дефинира она што беше првобитната идеа на Lux. Премногу е широка и не дава објаснување што се бара од другите членови.Од друга страна пак,темата со заштитата не е многу интересна за мнозинството.Ајде ,ке видиме за интересот,па ке се вклучиме. Имам доста експериментирано на ова тема,па имам и готови * идеи*, 8)
-
Па да де тоа и намената на темава, општа да е, да може да се приклучат и други проекти, а за секоја после тема ќе отвориме нова каде што ќе се дискутира исклучиво на таа тематика, а тука површно само да знаеме за што се работи и која е идеата.
-
-Значи идејата ми е да создадеме една добра заштита за звучници,односна појачала,тука на форумов,вклучуваќи повеќе членови кои имале некакво искуство и можат да помогнат во самата конструкција на шемата,пцб,кои имале искуство со некаква заштита,и да ги исполниме потрбните точки во првиот пост што треба да поседува една заштита,и да не го повторувам она од првиот пост.
-"Од друга страна пак,темата со заштитата не е многу интересна за мнозинството.Ајде ,ке видиме за интересот,па ке се вклучиме.Имам доста експериментирано на ова тема,па имам и готови * идеи*"
-Батка и јас имам експериментирано денови и денови,и ноќи неспани,правено записи и карактеристики на самите шеми,и веќе сум создал 4-5 заштити со речиси сите потребни карактеристики кои треба да ги поседува една заштита,се разбира испробани,бидеќи повеќето шеми кои се на google се со некаква маана (она работи но...)
-
е сега ако има заинтересирани да создадеме една заедничка повелете изјаснетесе.
-
Сметам дека сите ке имаме бенефит од ваков проект, наместо да копираме од интернет, средно-жалосни шеми може сами да склопиме. Еве мал придонес од мене, мислам детекторот за клипување да биде базиран на компаратори. Така многу преcизно ке може да се наштелува кога да гаси појачалото дури при само 0.5% дисторзија (РМС стандард). Секако треба да се направат мали измени, според она што сакаме да го добиеме.
(http://i44.photobucket.com/albums/f8/slidermc/LimiterSection_zps59cdac27.jpg)
Лимитерот гаси пребрзо. Треба да се игра со оние вредности на кондензаторите кои одат во маса. Да не гаси при пик сигнали.
-
Slidermc - тука во оваа тема треба само да се изјасниме кој е за,а претпоставувам дека си за,штом веќе стави и детектор,да видиме неколку дена кој е за, па ке отвориме нова тема каде ќе приложиме шеми,и комплетираме една во целост.
-
Лукс, мислам дека треба да ја започнеш темата, па кој може да помогне нека се вклучи слободно. Јас размислував и за опто компресор заштита на звучниците, што е доста интересна варијанта, нешто како на Апексот кој го имаше ти изработено.