нема никакво вибрирање при вклучување на напон на хард дискот. го отворив, приклучив и видов дека не вртат плочите.
го направив следново и заклучив:
-го извадив моторот што ги врти дисковите и со униметар на излзите ги покажува седните отпорности најизменично (3,4,5 Ohm), му пуштав напон директно на моторот најизменично на излезите, ротира по малце - што мислам не е изгорен моторот.
-при изваден мотор го приклучив под напон на излезот од плочката каде што е поврзан моторот не доага никаков напон (пробав на друг хард тој се менува т.е униметарот го регистрира,што мислам дека истото треба да се случи и на овој харддиск, знам тој треба така да се менува заради степ моторот)
Изгледа IC-то за степ моторот е изгорено.
Сликај ја плочката од страната на интегрираните кола, можеби ќе најдеме datasheet за колото за генерирање на импулсите за ротирање на моторот. Прво треба да се провери дали доаѓа напон до колото. Ако не доаѓа, значи нешто во напојувачката секција од плочката не е во ред, а не со колото. Ако доаѓа напон, а колото сепак не генерира имуплси, значи дека колото е отидено. Но, по ред, прво да дознаеме дали доаѓа напон до напојувачките пинови од колото.
Хардот внатре е под вакум,ако си го отворил внатре ,кај плочите,кажи му збогум веќе!
Не е под вакум, имаат breathing holes. Не смее да биде под вакум. Мора да се менува внатрешниот притисок со промената на надворешниот (атмосферскиот). Кај старите, се гледаа, најчесто се наоѓаа од горната страна (капакот) на HDD-то. Кај новите HDD-иња, овие дупки се скриени под плочката, кај игличните контакти за главата. Пластичнот дел кој ги држи овие контакти има мало дупче на него кое е покриено со тенок слој од онаа тенкана хартија што личи на платно.
Хардот не е под вакум, напротив му треба атмосфера за да работи правилно. Можно е некои специјални хардови наменети за огромни надморски висини (над 10000 метри) да се вакумирани.
Сите мора да имаат breathing holes. Не може да немаат. Дури и тие наменети за работа во вселенски бродови мора да имаат. Може да имаат определени специјални делови за постабилна работа, поквалитетна изработка, ама мора да имаат breathing holes.
Дефинитивно - во домашни услови никако отворање хард диск!
Јас успешно имам вратено податоци од отворени HDD-иња во домашни услови. Тајната е во следнотото: биди многу многу претпазлив. Дури и да ти падне прашинка на плочите, не е проблем, при приклучување на дискот под напон, плочите ќе почнат да ротираат и ќе ја тргнат таа ситна прашинка на страна. Тоа не е толку голем проблем. Но дефинитивно НИКАКО, ВО НИЕДНА СИТУАЦИЈА не смее да се допрат плочите. Ако ги допрете, толку, тоа е тоа, кажете им bye bye на податоците
.
Се разбира, тој диск веќе не смее да се користи. Тој диск е отиден, кажи му збогум. Еднаш отворен диск е веќе неупотреблив. Поентата е да се вратат податоците назад, инаку, дискот веќе не смее да се користи... освен како материјал за вежбање
.
@DS: Ако си го отворил HDD-то и ако си ги допрел плочите со раце, толку е, не го пробувај тоа што го пишав погоре. Џабе ќе пробуваш, нема поента. Заборави ги податоците, поплачи си ако ти е полесно и продолжи со животот
.
И да, и јас се сложувам со изјавите од alek99 и batka, backup е најдобра заштитa
. Само што повеќето луѓе мислат дека ако купиле нешто ново дека нема шанси да се зезне. HDD е многу деликатна работа. Може од глупост да се зезне. А освен тоа, повеќето HDD-иња кои се монтираат во комерцијалните уреди се со понизок квалитет на изработка. Најдобар пример за ова е Caviar Green серијата на WD. Немојте да сте купиле случајно ваков диск, овие дискови се расипуваат на random од најразлични причини и кваровите не им се типизирани. Некогаш е глава, некогаш е мотор, некогаш е електроника, некогаш... едноставно не знаеш што е. Типичен пример за лоши дискови се WD Caviar Green. Најчесто ги има во оние Verbatim екстерни HDD со додатно напојување, така да, избегнувајте ги Verbatim есктерните HDD со додатно напојување (3.5" дискови со екстерно напојување). Знам дека цената им е примамлива и дека се евтини, ама ни за backup не би ги користел, а камо ли цело време да го шетам дискот од едно на друго место.
Општо, WD веќе не важат за top rated дискови. Порано, до пред 10-тина години, можеби, ама веќе не. Сега гледам Toshiba и Hitachi се прилично добри и издржливи
. Ако сте во можност, вакви купете си
.