Благодарам за советите, го открив проблемот (можеби на некој ќе му притреба некогаш):
1. Со функциски генератор открив дека сензорот што ми го дале од продавница, не бил TSOP1138, туку TSOP1137 (работи на 36,7KHz).
2. Го менував duty cycle-от, па најдобро работи на околу 30% (20% - 40%). Моја претпоставка е дека на поголема вредност, сензорот не распознава промена на светлината, а на многу мала, нема доволно јак интензитет светлината (по некоја логика).
Во меѓувреме додадов уште 2 диоди, за подобар ефект. Даде подобри резултати, ама со претходно наведеното, многу се подобрија. Леќи не искористив, бидејќи тоа што ми требаше, си го добив...
Поздрав!