не можиме да правиме муабет се додека не ги прочиташ datasheet-овите на двата елементи.
овие се скоро исти, 1 пин различен, кај оригиналниот нема никаква улога, кај тој јас што го ставив е за референтен напон.
Го купив 125 денари, го поставиви и телевизорот работи, едноставно на пин број 5 према маса додадов кондензатор од 10µF кој според даташитот треба да се постави.
Исто така на шемата има една зенер диода и кондензатор (не се гледаат на сликата), зенерката е 30V а кондензаторот во првична (фабричка) состојба е краткоспоен со џампер, ама после долго пребарување на холандски италјански и шведски страници начекав дека таму пожелно е да се стави 0,36µF кондензатор, ова е некоја не стандардна вредност кој тешко се наоѓа, го извадив од некоја стара плоча.
Го заменив отпорникот од 4,7оми оти чудно ми изгледаше, жичан беше, а она заштитниот слој веќе почнат беше да пука од топлина.
Mалку е подслезена надолу сликата пошто во поправката малку ги измрдав и потенциометрите за штеловање ама тоа е 1мин. работа ќе го средам, скоро не заприметливо е дека е поместено на долу, ама јас сакам да си е таман