Прво најди простор каде да ги префрлиш податоците, потоа искористи некој програм како GetDataBack, Zero Assumption Recovery или нешто трето (ги има многу) за да ги префрлиш податоците на исправен HDD. Потоа, избриши партиции, па се донеси на low level (secure erase), па креирај нови партиции, пробај пак ископирај ги податоците на HDD-то (ама не ги бриши копиите). Ако и по ова HDD-то пак зеза, прости се од него, му нема спас.