Author Topic: Помош околу трафо  (Read 4467 times)

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Помош околу трафо
« Opened on 20.12.2012, Thursday, 15:53:48 (Edited 20.12.2012, Thursday, 15:56:02) »
Како што кажува насловот, ми треба помош околу определување кој пинови се за влез на 220 волти на трафово. Еве неколку слики од трафото



На оваа слика ми се обележани кој пинови што се



А на оваа се влезовите за 220 и 110 волти, сега ако може мала помош како да определам кој е за 220 волти


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу трафо
« Reply #1 on 20.12.2012, Thursday, 16:15:02 »
Друже, земи мултиметар и мери, друг начин нема ;D. Потоа, пробувај со сијалица, јас тој начин го знам ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

electron

  • Guest
Одг: Помош околу трафо
« Reply #2 on 20.12.2012, Thursday, 16:19:56 »
Земи инструмент и подеси го да мери омски отпор.
Потоа мери на пиновите кои мислиш дека се влезови за 110 и 220 волти.
Таму кај што отпорот е најголем, помеѓу тие два пина "би требало" да биде влезот за 220 волти.
Или можеш да го пробаш трикот со светилката.

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Одг: Помош околу трафо
« Reply #3 on 20.12.2012, Thursday, 16:22:06 »
Друже, земи мултиметар и мери, друг начин нема ;D. Потоа, пробувај со сијалица, јас тој начин го знам ;).

Може ли некоја шема како се поврзува сијалицата, зашто никогаш немам мерено така.

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Одг: Помош околу трафо
« Reply #4 on 20.12.2012, Thursday, 16:28:34 »
Може ли некоја шема како се поврзува сијалицата, зашто никогаш немам мерено така.

Сијалицата се поврзува сериски, ќе ја прекинеш едната жица од двете кои ги поврзуваш на 220V и таму ќе ја поврзиш сијалицата и ако има некој проблем сијалицата ќе засвети, а ако е се во ред таа нема да свети ;).

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу трафо
« Reply #5 on 20.12.2012, Thursday, 16:36:32 »
Може ли некоја шема како се поврзува сијалицата, зашто никогаш немам мерено така.



ShAdOw ти даде добро објаснување како треба да функционира овој „трик“ ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline RCF

  • Нов член
  • *
  • Posts: 1
  • Gender: Male
  • звучник
Одг: Помош околу трафо
« Reply #6 on 16.01.2013, Wednesday, 13:02:38 »
Другар земи инструмент и подеси га на омажу имери ги полови који два пола ти покажев поголему омажу тија су ти на 220 волта  немора да значи дека су само два пола сс голему омажу може да биде и 4 - ри пола сс приближну омажу.

Offline 386ka

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 58
Одг: Помош околу трафо
« Reply #7 on 16.01.2013, Wednesday, 14:35:57 »
Ќе може ли некој да ми го објасни овој метод, со сијалицата, на еден лаик по електроника? :) Имам некое познавање од електроника, но може да се увиди колку е тоа ограничено преку горенаведеното прашање. :D

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Помош околу трафо
« Reply #8 on 16.01.2013, Wednesday, 15:36:09 »
 Со сериската врска на ламбата не вршиш никакво мерење само го заштитуваш трафото да не дојде до прегорување ако ги помешаш примарот и секундарот , скоро сегогаш на примар треба да имаш повисок отпор а со тоа и помала струја(значи ламбата треба послабо да ти светне) а на секундар е обратно.

Offline 386ka

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 58
Одг: Помош околу трафо
« Reply #9 on 16.01.2013, Wednesday, 18:50:44 »
Ако беше ова одговор за мене, се заблагодарувам. Значи, фората е што се поврзува сериски сијалицата, но само со неа, односно без некое струјно коло? Затоа што имам видено луѓе како ја употребуваат како некој осигурач - ако има некој дефект или краток спој сијалицата ќе светне (со ова заштитувајќи го колото!?), ако не, нема...

Offline ki4o01

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 213
  • Gender: Male
Одг: Помош околу трафо
« Reply #10 on 16.01.2013, Wednesday, 18:58:45 »
па и во овај случај се користи така :D

Offline 386ka

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 58
Одг: Помош околу трафо
« Reply #11 on 16.01.2013, Wednesday, 20:07:02 »
Јасно ми е, но прашањето беше, зошто е тоа така? Што прави сијалицата? Го ограничува протокот на струја, односно изиграва отпорник? Дали доколку на пример, сериски поврзам сијалица, во делот на доводниот кабел од некое појачало (значи на 220В) и доколку истата е со јачина од 65W, а трафото на појачалото при определен напор бара преку 250W струја, дали тоа значи дека не би можело да помине толку многу струја до него? Односно, дали сијалицата ќе го ограничува?

Очигледно логиката ми е на одмор, а и немам големо познавање од некои основни принципи во електрониката, така да однапред ви се извинувам за главоболките што може некој лаик како мене да ви ги предизвика. :D

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Помош околу трафо
« Reply #12 on 16.01.2013, Wednesday, 20:23:18 »
тоа значи дека големи се шансите да сијалицата прегори, изиграва осигурувач, кој наместо да би се стопил, свети со што знаеш дека има некој проблем
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: Помош околу трафо
« Reply #13 on 16.01.2013, Wednesday, 20:25:01 »
Добра ти е логиката  ;D Сијалицата ја ограничува струјата низ колото. Колку поголема струја ќе троши колото, толку појако ќе свети сијалицата. Во примерот со појачалото, ако појачалото работи со намален тон, сијалицата малку или воопшто нема да свети (освен при уклучување), како се засилува тонот, така се зголемува и струјата низ сијалицата и таа се повеќе ќе свети. Ако премногу се оптовари појачалото, сијалицата многу јако ќе свети, а може и појачалото да се исклучи поради многу низок напон.
Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу трафо
« Reply #14 on 17.01.2013, Thursday, 04:02:25 (Edited 17.01.2013, Thursday, 04:08:32) »
Ако беше ова одговор за мене, се заблагодарувам. Значи, фората е што се поврзува сериски сијалицата, но само со неа, односно без некое струјно коло? Затоа што имам видено луѓе како ја употребуваат како некој осигурач - ако има некој дефект или краток спој сијалицата ќе светне (со ова заштитувајќи го колото!?), ако не, нема...

Токму така, тоа е поентата. Кога сијалицата е ладна, отпорноста на влакното е многу мала, па струјата може да тече без некој значителен пад на напон (малку поголем од осигурувач, но далеку од голем) и да се троши на потрошувачот за кој е наменета (во овој случај, трансформатор). Ако уредот е дефектен во напојувачката секција или нешто е погрешно врзано (како во овој случај, на пример, се згреши примарот со секундарот, кој има далеку помала отпорност, па ако се приклучи на преголем напон, голема струја ќе протече и ќе ја изгори бакарната жица на секундарот), сијалицата треба да „изреагира“ (да се запали) и „фалза“ струјата, која всушност требала да се потроши на потрошувачот (секундарот, со што сигурно би изгорел), да ја истроши она, со што потрошувачот ќе остане во дефект (погрешно врзан), но барем нема да се дозезне (да изгори секундарот) ;).

Сијалицата всушност прави „пад на напон по потреба“. Ако „забележи“ дека напонот кој треба да „отиде“ кон уредот кој треба да го испитуваме е превисок за него (бидејќи е во дефект или погрешно врзан), сијалицата ќе изреагира, ќе го превземе „на свој грб фазла напонот“ (а со тоа и „фазла“ јачината на струја и моќноста која, по правило, треба да се истроши на уредот), со што ќе засвети.

Дали доколку на пример, сериски поврзам сијалица, во делот на доводниот кабел од некое појачало (значи на 220В) и доколку истата е со јачина од 65W, а трафото на појачалото при определен напор бара преку 250W струја, дали тоа значи дека не би можело да помине толку многу струја до него? Односно, дали сијалицата ќе го ограничува?

Да, можно е да се случи при целосно оптеретен засилувач сијалицата да зажари (можеби не да свети, но можно е да жари, особено при peak-ови на сигнал, просто речено „кога ќе лупне бас“ ;D), но тоа не значи дека засилувачот е во дефект. Во овој случај, сијалицата ќе го „растерети“ трафото, на тој начин што дел од моќноста која ќе треба да ја „повлече“ трафото од мрежата, а е „за нијанса“ повеќе од тоа што може да „издржи“ (најверојатно нема да изгори, но трафото ќе биде преоптеретено), ќе се истроши на сијалицата. Се разбира, ова не е добро решение за „растеретување“ на трафото, особено кај аудио опрема (а и кај други уреди... да не речам, нитуеден уред ;D) бидејќи дел од напонот кој требал да дојде до примарот на трафото е превземен од сијалицата. Намалениот напон на примарот на трафото ќе резултира со намален напон на секундарот на трансформаторот, со што ќе се појават додатни изобличувања во излезниот сигнал од засилувачот, а ако напонот на секундарот на трафото е доволно низок, ова може да доведе и до целосен престан на работата на засилувачот (барем во моментите кога има peak на сигналот, народски кажано „нема звук кога лупа басот“ ;D), што може да доведе до оштетување на засилувачот и звучниците.

Се разбира, кај добро (читајте, одлично) дизајнирани напојувачки секции кај засилувачи и општо, било кои уреди (а не се, кај 90% од комерцијалната опрема, благодарејќи на Кинезите, се разбира ::)), ова не треба да се случува (да жари сијалицата, дури и при максимално оптеретување на уредот), но кај лошо дизајнираните напојувачки секции, се случува :S.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."