Ако беше ова одговор за мене, се заблагодарувам. Значи, фората е што се поврзува сериски сијалицата, но само со неа, односно без некое струјно коло? Затоа што имам видено луѓе како ја употребуваат како некој осигурач - ако има некој дефект или краток спој сијалицата ќе светне (со ова заштитувајќи го колото!?), ако не, нема...
Токму така, тоа е поентата. Кога сијалицата е ладна, отпорноста на влакното е многу мала, па струјата може да тече без некој значителен пад на напон (малку поголем од осигурувач, но далеку од голем) и да се троши на потрошувачот за кој е наменета (во овој случај, трансформатор). Ако уредот е дефектен во напојувачката секција или нешто е погрешно врзано (како во овој случај, на пример, се згреши примарот со секундарот, кој има далеку помала отпорност, па ако се приклучи на преголем напон, голема струја ќе протече и ќе ја изгори бакарната жица на секундарот), сијалицата треба да „изреагира“ (да се запали) и „фалза“ струјата, која всушност требала да се потроши на потрошувачот (секундарот, со што сигурно би изгорел), да ја истроши она, со што потрошувачот ќе остане во дефект (погрешно врзан), но барем нема да се дозезне (да изгори секундарот)
.
Сијалицата всушност прави „пад на напон по потреба“. Ако „забележи“ дека напонот кој треба да „отиде“ кон уредот кој треба да го испитуваме е превисок за него (бидејќи е во дефект или погрешно врзан), сијалицата ќе изреагира, ќе го превземе „на свој грб фазла напонот“ (а со тоа и „фазла“ јачината на струја и моќноста која, по правило, треба да се истроши на уредот), со што ќе засвети.
Дали доколку на пример, сериски поврзам сијалица, во делот на доводниот кабел од некое појачало (значи на 220В) и доколку истата е со јачина од 65W, а трафото на појачалото при определен напор бара преку 250W струја, дали тоа значи дека не би можело да помине толку многу струја до него? Односно, дали сијалицата ќе го ограничува?
Да, можно е да се случи при целосно оптеретен засилувач сијалицата да зажари (можеби не да свети, но можно е да жари, особено при peak-ови на сигнал, просто речено „кога ќе лупне бас“
), но тоа не значи дека засилувачот е во дефект. Во овој случај, сијалицата ќе го „растерети“ трафото, на тој начин што дел од моќноста која ќе треба да ја „повлече“ трафото од мрежата, а е „за нијанса“ повеќе од тоа што може да „издржи“ (најверојатно нема да изгори, но трафото ќе биде преоптеретено), ќе се истроши на сијалицата. Се разбира, ова не е добро решение за „растеретување“ на трафото, особено кај аудио опрема (а и кај други уреди... да не речам, нитуеден уред
) бидејќи дел од напонот кој требал да дојде до примарот на трафото е превземен од сијалицата. Намалениот напон на примарот на трафото ќе резултира со намален напон на секундарот на трансформаторот, со што ќе се појават додатни изобличувања во излезниот сигнал од засилувачот, а ако напонот на секундарот на трафото е доволно низок, ова може да доведе и до целосен престан на работата на засилувачот (барем во моментите кога има peak на сигналот, народски кажано „нема звук кога лупа басот“
), што може да доведе до оштетување на засилувачот и звучниците.
Се разбира, кај добро (читајте, одлично) дизајнирани напојувачки секции кај засилувачи и општо, било кои уреди (а не се, кај 90% од комерцијалната опрема, благодарејќи на Кинезите, се разбира
), ова не треба да се случува (да жари сијалицата, дури и при максимално оптеретување на уредот), но кај лошо дизајнираните напојувачки секции, се случува :S.