@Gigawat јас на мојот хп павилион дв6000 самиот си го лемам графичкиот чип и без да го отворам лаптопот значи го блокирам кулерот се додека не крене темп 90степена па го исклучувам скороз, го оставам исклучен 10 мин . Потоа си работе најнормално и така секој месец си праам.
Да, ама ова е ризично, можно е да ти изгори northbridge-от. Што ако тоа предизвика останати проблеми, како на пример губење на податоците од HDD-то (ми се нема случено ова, но имам читано за вакви проблеми, малку веројатно е, но сепак можно да се случи)? За определени луѓе ова е многу важно, што ако имаш некои многу важни дизајни од работа на тој лаптоп? Ај, за лаптопот, ќе си купиш нов, сега и за 300 евра има нови. Ама што правиме ако податоците биле важни? Па треба да одиш кај некој да ти ги враќа назад, па ова па она... зезанција е.
Ми доаѓале луѓе со слични проблеми „аман, помагај, податоците од работа, нема со што да работам“. Не секогаш ги враќам податоците назад, пред се бидејќи треба посебен алат за определени кварови (а ваков алат, колку што знам, во државава имаат само во МВР) и ако не им ги вратам, се лутат... им викам „носете го HDD-то кај друг, ако знае да ги врати податоците назад, ОК, јас не знам друг начин, тоа што знаев и што можев, пробав“... и пак на крајот завршуваат со HDD-то во МВР со не знам колку евра по MB цена за враќање на податоци назад. Затоа секогаш им викам „чувајте си ја опремата, правете редовен backup на се што ви е важно“... а вакво „самолемење“ не мислам дека спаѓа во адвекватно чување на опремата.
Не знам, секој си има своја работна етика, јас вака не работам. Ако нешто работам, го правам како што треба, ако не знам да го направам, си кажувам, не знам.