Имам проблем со лаптопот MSI VR630X, кој го имам веќе 4 години.
http://www.msi.com/product/nb/VR630.html
Како и речиси сите компјутери купени со ваучери доделени на апсолвенти од страна на Влада на Република Македонија, така и овој не доаѓа без маани.
Имено, уште од кога го купив во 2008 година, екранот на лаптопот одвреме навреме дава празен црн или празен бел екран без да прикаже никаква грешка што би укажала за каков вид на проблем станува збор, иако во пракса кај Windows оперативните системи било какви грешки за било каков хардверски или софтверски проблем се прикажуваат на плав екран уште попознат како BSOD (Blue Screen Of Death), а не на црн или на бел екран.
Едноставно среде работење, а не го користам нешто многу, поконкретно мајка ми го користи за Фејсбук и за Скајп, среде работење дава празен црн или празен бел екран, единствено што ми останува е да го исклучам држејќи го притиснато копчето за вклучување и да го вклучам повторно.
Филозофите во сервисот во Риверсофт, од каде што го купив лаптопот, велат дека проблемот не е хардверски, туку е софтверски, поради што во повеќе наврати го реинсталирав Windows XP Professional со Service Pack 3, но проблемот и понатаму останува нерешен. Истата пракса со реинсталирање на оперативниот систем ја користам и кај други обични компјутери (го мразам изразот десктоп, па затоа ги нарекувам обични компјутери) и кај други лаптопи, па сепак го нема овој проблем кај тие компјутери.
Прегревање знам дека не е, бидејќи баш летото 2012 морав да го отворам и да го чистам кулерот и да ја сменам термалната паста, бидејќи при прегревање лаптопот, како и сите понови компјутери, се исклучува, а не дава празен цен или празен бел екран.
Дали некој на форумов имал ваков проблем со лаптопи и дали знае решение за истиот ваков проблем ?