Ги имам видено овие криви. И нема само за оваа пентода, за многу пентоди производителите ги дефинираат кривите. Ама никаде немаат наведено како е врзана како триода
. Дали е врзана потиснувачката решетка да работи како анода, дали е врзана екранирачката решетка да работи како анода, како е врзана анодата, дали се носи некој друг напон на анодата, колкав е векот на траење на цевката ако е врзана како триода, дали се оштетува некоја од решетките, итн.
Во секој случај, за оние цевки со кои јас работев, немаше криви за триоден спој (или барем јас не најдов online, можеби и ги има некаде да се најдат), а триодниот спој како го изведував, тоа е сосема друг муабет. Не е секогаш „врзи скрин за анода и врзи потиснувачка за катода и бркај работа“. Ќе добиеш криви на триода и така, но со огромно mu поради делумно елиминирана повратна врска со поврзување на потиснувачката решетка за катода. Треба малку да штелуваш за да го добиеш она што го сакаш, не е се баш „плукни залепи“
.
Еве, јас на пример, со оние пентоди со кои работев, кога прв пат ги врзав сите три електроди заедно за анода, добив преносна крива на триода, но со потиснувачка решетка која многу грее бидејќи она е „во првите борбени редови“ кога летаат електроните накај неа (како што пиша MetallicA, тлееше по малку). Не ми беше тоа поентата, така значително и го намалувам животот на цевката. Потоа го пробав и тој спој ти што го предложи (потиснувачка решетка врзана за катода, екранирачка за анода). Се намали греењето на решетките (не се забележуваше во темно, можеби и малку греела екранирачката решетка, ама претпоставувам помалку бидејќи дел од електроните се одбиени или забавени од потиснувачката решетка, која е врзана на потенцијал со катодата), ама па затоа, при мерењата, добив мало колено во U-I кривите на триодата (како што имаат фокусирачките, а особено нефокусирачките тетроди), каде што Ri е негативно. Коленото до некаде се исправи за понизок предполаризационен напон на контролната решетка (grid-от), но во принцип, ова не се случува кај триодите, U-I кривите кај триодите немаат колено.
Не си пробувал, ти пишав, не е баш „плукни залепи“ работата. Ако сакаш да направиш „баш триода“ од пентода, треба малку да експериментираш и неколку книги за електронски цевки да имаш прочитано. Во конкретниот случај, кај EL34, можеби и ќе се добијат такви криви со некој триоден спој (кој не е ни опишан во datasheet-от, ама ајде, нема везе
), но тоа не значи дека ќе го добиеш истиот резултат со било која пентода.
Кривите кога EL34 е поврзана како триода се на страна C4. На што ти личат овие криви? Исти се како од триода! Некој да ти ги покаже овие криви а без да знаеш од која лампа се,ќе се тепаш да докажеш дека се од чиста триода.
Да, во право си, многу личат. Јас не реков дека не личат и да, да не ми кажеше некој дека се од пентода врзана во триоден спој, ќе се заколнев дека се од триода
. Но не ми беше тоа поентата, поентата ми беше дека, да, кај EL34 вака изгледаат, што не значи дека вака ќе изгледаат кај било која пентода врзана како триода. Ете, јас со определен спој на пентода како триода, добив колено во кривата на триодата.