Што толку се изнасмеа?По теорија,пентода поврзана као триода се понаша као триода.У пракса е истото,се понаша баш као триода.Што е смешно?
Не дека нема да се однесува како триода, ќе се однесува. Проблемот се јавува со додатните две решетки. Ај пробај остави ги неврзани, онака да висат, за недефиниран потенцијал, да видиме дали на кривите нема да влијае се живо и диво што зрачи било какво електромагнетно поле
. Ќе ти се јави брум и што уште не
. Ќе имаш проблеми, верувај, сум пробувал
. Теоретски, да, треба исто да е, ама не е
. Пак на крај ќе треба да ја врзеш потиснувачката решетка, екранирачката и анодата, сите три заедно како анода и да добиеш „скратена“ триода со големо mu... а, да не го спомнувам и фактот што таа решетка не е наменета да го трпи бомбардирањето од електрони. За тоа е наменета анодата
. Ќе почне да порозува за брзо време решетката. А и нема да се јави и толку јака секундарна емисија, бидејќи потиснувачката решетка нема форма на анода, нема да јави такво одбивање на електроните и нема да биде под агол под кој тоа ќе го направи анодата, па најголем дел од одбиените електрони, ќе бидат апсорбирани од екранирачката решетка и анодата.
И што
? Да, си добил триода, ама џабе си ја добил
. За некое време ќе треба да ја менуваш цевката поради ерозија на потиснувачката решетка
. Таа не е наменета да прима бомбардирање, таа има намена, баш напротив, теоретски барем, да не прими ниеден електрон. Затоа се врзува за ист потенцијал како и катодата.
Со комбинација на напони на потиснувачката решетка, екранирачката решетка и анодата, да, ќе добиеш подобра триода. Ама со „просто елиминирање“ на потиснувачката и екранирачката решетка... според теорија, да, треба да добиеш триода
. И ќе добиеш
. Ама и еден куп проблеми
.
На форумов царува погрешното мислење дека теоријата нема везе со праксата,ево и ти истото го мислиш
Да, најчесто нема везе
. Како што претходно ти пишав, ако беа исти работите во теоријата и праксата, уредите ќе работеа со само три компоненти
. И се ќе беше супер
. Ама не е така
. Ти очигледно го немаш пробано она за кое тврдиш дека ќе биде супер и ќе работи
. И знам, сега ќе ми вратиш „нема што да пробувам, според теорија така е и нема што да се спори тоа“. Епа бидејќи си по теоријата, а не по праксата нема што да пишуваш и да се мешаш во теми за практични проекти
.
Е ај сега да збориме од практичен аспект,ако према тебе пентода поврзана као триода само теоретски се понаша као триода,онда како е у пракса? Према тебе, у пракса кривите се као триода или не се??
И што ти значи она „најчесто работат“?Ако најчесто работат така, онда ти мислиш дека повремено работат друкчие? Дај пример кога и како повремено работат друкчие!
Одма да ти скратам маки,нема да можеш да најдеш пример дека пентода поврзана као триода се понаша друкчие од триода,повремено или не. Ето затоа напишав дека и теоретски и практично е исто.
Во тоа теоретски и практично, која е разликата, објаснив погоре од post-ов што мислам, што сакам да кажам. А за тоа „повремено“, сакав да кажам „ако нема ниедно електромагнето поле во близина на пентодата, ако се целосно изолирани потиснувачката и екранирачката решетка од се околу нив (дури и внатре, во цевката), да, апсолутно ќе работи како триода во секое време
“. Ма сум пробувал и со фарадееви кафези и што уште не
, со висок напон се напојува цевката, на тие вредности на напон, веќе се почнува да влијае
. Не ми веруваш
? Пробај зборувај и на цевката
. Да видиш дали нема да го чуеш тоа на излез од засилувачот или предзасилувачот
. Треба мнооооогу да се експериментира за да се добијат некои подобри резултати
. Не е баш „врзи само анодата и нема проблем“
.
Дај немој со вакви ниски подметнувања,овде збориме конкретно за пентода поврзана као триода,а не нешто најопшто од електрониката.Пентода поврзана као триода и теоретски и практично се понаша као триода.
Не си пробал да го изведеш тоа практично
. Затоа го тврдиш тоа
. Дури и навистина да го мислеше ова само за конкретниот проблем, пентода врзана како триода, дека теоретски и практично е исто (а знам дека и општо го имаш истото мислење, а не само за конкретниот проблем), не си пробал практично да изведеш нешто вакво, затоа го пишуваш тоа што го пишуваш
. Епа јас сум пробувал и сум се за*бавал со саати и саати пробувајќи некако да подесам тие две решетки да немаат толку големо влијание врз излезните U-I криви. Имав малку успех во тоа и мислам дека сум „на добар пат“, ама треба уште „многу леб да изедам“ за да стигнам до добар резултат
.
Ти го занемаруваш фактот точно која е функцијата на тие две решетки, затоа и мислиш дека тоа што го пишуваш дека може да се изведе
. Нивната намена е
токму менување на излезните U-I криви на цевката. И зар навистина мислиш дека ако ги оставиш да висат, дека тоа воопшто нема да влијае
. Хахахахахха
. Па филамент да оставиш да виси (и двата изводи да се на недефиниран потенцијал во однос на катодата), ќе се јави брум, а не па тоа, хахахахахаха
. Дури и со еднонасочен напон ако го напојуваш, пак ќе се јави брум
. Мораш некој од изводите на филаментите (кој, зависи од конструкцијата на цевката, како се врзани филаментите... а некогаш, треба и да експериментираш
) да ги врзеш за некој потенцијал близок до потенцијалот на катодата
. Да, теоретски, не треба, односно нема потреба, ама практично треба
.
Што мислиш, зошто во случаи кога некој сака да „преправи“ пентода во триода, најчесто се препорачува (како rule of thumb, генерално земено, инаку, може и да се експериментира) да се користи потиснувачката решетка како анода
? Ај размисли малку
. За да го „рипнеш“ влијанието на висечката потиснувачка и екранирачка решетка ако ја врзеш анодата да работи како анода
.