Е,па да ти одговорам зошто е тоа така: Прво,сум бил во две фабрики кои форсираат лампаши и до пред тоа и мене ми беше чудно зошто се толку скапи! Но,кога видов што и како работат - дури,по европски норми - и ефтини се! Само не можеш да споредуваш цевен засилувач што ти го правиш со делови од отпад и трансформатори за 50 денари со оние во некоја бренд-фирма.
Прво -дизајнот на појачувачот го прави професионален дизајнер ( дизајнот страшно се наплатува!) и тоа од посебни материјали,од специјални лимови,титаниумски оклопи за трафо,цевки,до позлатени контакти,дрво како абонос,не знам цреша јапонска.... И ламбите се посебна приказна- сепак не се оние од некој магазин на ЕИ-Ниш ( иако нивните високо се котираат!!),туку посебно се упаруваат,со часови се поправа звукот,итн.Значи,сепак, на Запад се што е рачна изработка има цена и друга добра работа - нема лажење во перформанси.Дури сум видел дека секој засилувач има посебна брошура во која се наведени и рачно испишани сите мерења,графикони итн.Работната рака и часовите поминати во изработка и прилагодување скапо се наплатуваат.За мене ламбите немаат посебен сјај,важен ми е квалитетот на звукот,кој сега може добро да се прилагоди со новите генерации фет-ови. Интегралците не ги сакам многу.но сепак би се одлучил за комплетно фет-увано транзисторско појачалце,кое има многу можности за подесувања ,менувања на елементи,експериментирање итн.