Симни го ова програмче, бесплатно е, и работи со XP, Vista, 7 и 8:
http://www.wintobootic.com/
Потоа симни од торент Windows XP, но гледај да биде .iso фајл.
Ако веќе имаш инсталационо cd/dvd, можеш со PowerISO да си направиш .iso фајл од Windows-от.
Процедурата е едноставна:
1. Ставаш претходно форматиран USB стик во компјутерот (програмата уште еднаш ќе го форматира)
2. Ја вклучуваш програмата,
3. Од паѓачкото мени во програмата го бираш USB-то,
4. Го влечеш .iso фајлот и го пушташ на означеното место во програмата ,
5. Чекаш неколку минути програмата да заврши работа.
Ако успешно ги поминеш сите пет чекори, имаш бутабилно USB со Windows XP.
Потоа треба да влезеш во биос-от на компјутерот кај што треба да се инсталира оперативниот систем, и да го подесиш да бутира од USB.