Author Topic: Стабилизиран извор за напојување од 0-30V/0-3A  (Read 6713 times)

Offline JovanOH

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 203
  • Gender: Male
Стабилизиран извор за напојување од 0-30V/0-3A
« Opened on 06.12.2012, Thursday, 23:22:05 (Edited 06.12.2012, Thursday, 23:40:56) »
Еве го изворот за напојување кој ќе го презентирам како проектна задача за матурата.Тоа е од ЕМИТЕР 3/05 2005г. Од работењето на напојувањето за оваа една недела што го користам сум многу задоволен, регулацијата на напонот е доста добра може точно да се нагоди напонот само со потенциометарот за груба регулација нема потреба трумерот кој е за фина регулација да се постави на предната страна на кутијата за евентуално поточно нагодување на напонот. На сликите подолу се гледа дека на предната страна на кутијата имам оставено доста простор од прекунувачот (лево) до потенциометрите (десно) тој простор го планирав за да поставам дигитален амперметар и волтметар, но во Loging беа прескапи. На кутијата останува уште еднаш да ја префарбам и да и направам маска однапред, ваш предлог за програма на која би можел да нацртам маска, да ја испечатам на самолеплива хартија и да ја залепам на предната страна?

Еве неколку слики.....










Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Од абаком имаше една Front Designer мислам дека се викаше (не користам вакви работи незнам), како што ме држи сеќавањево LordZi мислам дека со неа едно време работеше :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3190
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Баш така, програмата е FrontDesigner 3.0, а инаку може да користиш корел или било која друга слична програма, особено пошто кај тебе се работи за едноставна предна маска.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Добро изгледа ;). Со здравје да си го користиш ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
а ладњакот оти не ти е на транзистор намонтиран :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline JovanOH

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 203
  • Gender: Male
Одг: Стабилизиран извор за напојување од 0-30V/0-3A
« Reply #5 on 07.12.2012, Friday, 12:01:56 (Edited 07.12.2012, Friday, 13:20:49) »
Devil mониран е не се гледа добро на сликите ќе поставам слика на која се гледа  ;)

Споено мислење: [time]07 Декември 2012, 12:21:58[/time]
Devil mониран е не се гледа добро на сликите ќе поставам слика на која се гледа  ;)

Еве ја сликата на која се гледа како е монтиран транзисторот на ладилник само што милсам дека и покрај ладилникот ќе треба да поставам и кулер за дополнително ладење на и не му имам ставено паста на транзисторот дали тоа би играло некоја важна улога во ладењето на транзисторот? ???



Фала ти Гига  ;)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Еве ја сликата на која се гледа како е монтиран транзисторот на ладилник само што милсам дека и покрај ладилникот ќе треба да поставам и кулер за дополнително ладење на и не му имам ставено паста на транзисторот дали тоа би играло некоја важна улога во ладењето на транзисторот? ???

Да, особено ако имаш ставено лискунска подлошка измеѓу ладилното тело и ладилникот ;). Стави му термопроводна паста ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline spirovski gorgi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 11
  • Gender: Male
супер изработено брат  ;D

Offline JovanOH

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 203
  • Gender: Male
Одг: Стабилизиран извор за напојување од 0-30V/0-3A
« Reply #8 on 14.12.2012, Friday, 14:26:03 (Edited 14.12.2012, Friday, 14:32:56) »
Колеги истово напојување се реши да го прави еден мој другар но наидовме на проблем.
Излезниот напон не може да се регулира тој стои на вредност 33 до 34VDC отпорникот R19=1K веднаш штом го вклучиме напојувањето тој загрева а по некој си 20 секунди загрева и IC3. Кога ке го извадиме водот за колекторот од Т3 напонот може да се регулира но со минималната вредност му е 24 V а максималната 33V Сите транзистори ги измеривме, штампата уште пред лемењето на елентите е проверена, сега повторно ја проверивме неколку пати се е ОК, интегралните кола се заменети со нови. Како што пишува во ЕМИТЕР во зависносто од лизгачот на  P1 напонот треба да биде од 0 до 11,2V и тоа е во ред се до тука е во ред но на излезот од IC3 пин 6 не го засилува напонот на 33,6V тука напонот е 1,5V, а на базата од Т2 има напон од 34V. Сите компоненти што ги користиме се нови. Сите отпорници ги измеривме сите ја имаат својата вредност не е ништо погрешно залемено. Значи се до IC3 се е ОК како што можев да разберам од написот во ЕМИТЕР IC3 треба да работи како засилувач односто напонот кој се регулира со P1 од 0 до 11,2V треба да се засили за 3 пати и на неговиот излез да се добие напон од 0 до 33,6V но тика има само 1,5V.
Ева ја и шемата:


Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
проверете го T3 дали е исправен, нема ниту еден човек кој го има изработено ова а да не му го појави истиот тој проблем :D, мене ми изгори 2 интегралци и 2 транзистори кога ми се случи ова

оригиналната шема што е (Емитер што ја копираа), на форумот таму викаат дека овие операциони не се наменети за овај напон, и дека мора да се набават нови интегралци :D

јас му правев измени во напојувањето на моите интегралци, му го имав намалено за малку за да работаат без да горат, провери ја другата тема (што е баш за ова напојување) има таму некој предлози и слично
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline JovanOH

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 203
  • Gender: Male
Го решивме проблемот кај Т2 спојот емитер-колектор беше пробиен го заменивме со 2N3053 дали ќе може со овој транзистор или да го поставиме тој што е на шемата 2N2219A?

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Јас мислам дека кај мене имам ставено BD139 :D
ако имаш некој таков стави, овај 2N2219 не одговара нај нај за таа намена
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Doca

  • Почивај во мир
  • Стручњак
  • *****
  • Posts: 275
    • Borina Amaterska Svastara
2N3053 je mnogo bolji tranzistor na tom mestu od 2N2219. U nedostatku takvih u TO5 kucistu, moze i BD139 kako je Devil uradio.
Kad je čovek sam, uvek je u lošem društvu!
****************************
Imati prijatelje, to znaci prihvatiti da ima lepsih, pametnijih i sposobnijih od vas. Ko to ne moze da prihvati - nema prijatelja!

Offline JovanOH

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 203
  • Gender: Male
Имам BD137 според datasheet идентични се со BD139 само напонот VCB и VCE се помали кај BD 137 но повторно се повисоки од напоните присутни на шемата, така да ќе може да го постаиме BD137 и дали ќе треба да го поставиме на ладилник или ќе нема потреба? Фала ви за помошта сега барем и кај моето напојување ќе го заменам тој транзистор  ;D

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
не ти треба ладилник, стави го него (тој што го имаш) пробај како ќе се однесува :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!