Смени ги лискунските подлошки со некои од расипано компјутерско напојување. Ако се преголеми, скрати ги со ножици. Намачкај го GPU-то и едната страна од лискунската подлошка со терморповодна паста (може да се најде во било која продавница за електронски компоненти) и спои ги сите три (чипот, лискунската подлошка и ладилното тело) на таков начин да лискунската подлошка од двете страни има термопроводна паста (лискунската подлошка да биде во средината од „сендвичот“).
ПС: Исто така, може да купиш и лискунски подлошки во било која продавница за електронски компоненти.